Connect with us
no baners

Банки

СТАБИЛНОСТ И СИГУРНОСТ НА МОНЕТАРНИОТ СИСТЕМ – Девизните резерви на Македонија продолжуваат да растат!

Објавено

на

Според најновите податоци на Народната банка, девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесуваат 4.843,2 милиони евра, што претставува зголемување од 120,5 милиони евра во споредба со претходниот месец.

Овој пораст ја потврдува стабилната надворешна позиција на економијата и способноста на монетарните власти да одржуваат сигурна и ликвидна девизна позиција во услови на глобални економски предизвици.

Најголем дел од резервите се пласирани во хартии од вредност (71,1%), потоа следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%), што ја одразува конзервативната и диверзифицирана стратегија на управување со резервите.

Стабилноста на девизните резерви останува клучен фактор за довербата во денарот, поддршката на финансиската стабилност и отпорноста на македонската економија.

Банки

Антонио Дичев и Николај Бебов ќе бидат нови членови на Надзорниот одбор на УНИБанка

Објавено

на

Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов ќе бидат именувани за нови членови на Надзорниот одбор на УНИБанка АД Скопје, со мандат од четири години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од Народната банка.

Новите членови ќе ги остваруваат своите права и обврски согласно Законот за банките, Статутот и интерните акти на Банката.

Кои се новите членови на Надзорниот одбор на УНИБанка

Николај Бебов

Николај Бебов е магистер по право на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, додека основните правни студии ги завршил на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Тој е ко-основач и партнер во реномираната правна групација за финансиски услуги „Tsvetkova Bebov & Partners“ и важи за еден од водечките експерти во Бугарија во областа на банкарското и финансиското право, како и пазарите на капитал.

Бебов бил ангажиран како експерт и ко-раководител во повеќе значајни проекти во Северна Македонија, меѓу кои:

  • Проект за законодавство за нетирање и финансиски колатерал, поддржан од ЕБОР
  • Проект за усогласување на законодавството за пазарите на капитал

Тој има богато искуство во трансакции на пазарите на долгови и акции, IPO, листинзи, корпоративно управување, банкарско кредитирање, проектно и аквизициско финансирање, како и во регулаторни прашања поврзани со CRR, CRD и BRRD, вклучително и теми од областа на банкарската стабилност, резолуција и управување со ризици.

Антонио Валентинов Дичев

Антонио Валентинов Дичев е доктор на науки по финансии на Академијата за економија „Д.А. Ценов“ во Свиштов, Бугарија, со докторска дисертација на тема „Проценка на финансиски ризик преку машинско учење“.

Професионалната кариера ја започнал во Фибанк, каде напредувал од аналитичар до раководител на одделение за статистички анализи и модели, а потоа и заменик-директор на секторот за управување со ризици и член на АЛКО, позиција која ја извршува и денес.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со сопствено производство на 525,3 MWh електрична енергија и зелена заштеда од 278,4 тони CO₂ за 7 години

Објавено

на

Зелената заштеда на Комерцијална банка со сопствено производство на електрична енергија преку фотоволтаични системи достигна 525,3 MWh електрична енергија и спречено испуштање на 278,4 тони CO₂.

Банката продолжува со активна примена на одржливи практики и благодарејќи на сопствениот фотоволтаичен систем во 2025 година повторно произведе 119,6 MWh електрична енергија за сопствени потреби и спречи емисија од 63,45 тони CO₂ во атмосферата.

Од стартот на сопственото еко-производство на енергија пред седум години, Комерцијална банка спречи испуштање на 278,4 тони CO₂, ефект еднаков на засадување 7.758 дрвја.

Фотоволтаичните системи се поставени на покривот на Управната зграда во Скопје со инсталирана моќност од 22,5 kW, на Филијалата во Прилеп со 45 kW, како и на Филијалата во Куманово со моќност од 30 kW.

Со тоа, Банката директно придонесува за заштита на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток и создавање поодржлива иднина, а го потврдува и своето одговорното корпоративно делување.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка најавува промени во Надзорниот одбор

Објавено

на

На следното Собрание на Универзална инвестициона банка АД Скопје, закажано за 9 март 2026 година, акционерите ќе разгледуваат предлог-одлуки за промени во составот на Надзорниот одбор на Банката.

Согласно доставените материјали за Собранието, се предлага именување на нови членови на Надзорниот одбор на Универзална инвестициона банка АД Скопје.

Со една од предлог-одлуките се предвидува Николај Бебов да биде именуван за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години, сметано од денот на добивање претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија.

Истовремено, на дневен ред е и предлог-одлука за именување на Антонио Валентинов Дичев за член на Надзорниот одбор на Банката, исто така со мандат од четири години и под услов на добивање регулаторна согласност од Народната банка.

Во предлог-одлуките се наведува дека именуваните членови ќе ги остваруваат своите права и обврски согласно Законот за банки, Статутот и другите интерни акти на Банката, а Управниот одбор ќе биде овластен да ги преземе сите потребни правни дејствија пред Народната банка и Централниот регистар.

Доколку бидат усвоени од страна на Собранието и одобрени од регулаторот, одлуките ќе стапат во сила по добивањето согласност од Извршниот одбор на Народната банка на РСМ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange