Connect with us
no baners

Бизнис

Кога групацијата навистина се грижи: Бесплатни прегледи за сите жени во тимот

Објавено

на

no baners

Во време кога корпоративната одговорност сè повеќе се сведува на зборови и кампањи, Flex Group избра да зборува со дела. Во месецот посветен на женското здравје, групацијата обезбедува бесплатни превентивни прегледи на дојка за сите свои вработени жени.

Flex Group, која ги обединува Flex Credit, Zemi Pari, Flex Broker, NAN и Flex Pay, денес брои речиси 400 вработени, од кои над 90% се жени. Со оваа иницијатива, групацијата испраќа силна порака дека грижата за вработените започнува со нивното здравје, како физичко, така и ментално. Наместо да чекаат институционални решенија или масовни акции, Flex Group ја презема одговорноста да овозможи превенција таму каде што може да направи вистинска разлика, на работното место.

„Во групации каде што жените се срцето на секојдневното функционирање, ваквите чекори не се само социјално одговорни, туку се и нужни. Превенцијата не смее да биде привилегија“, вели Јоана Спасовска, генерален директор на Flex Credit.

Во услови кога податоците за доцна дијагностицирање на рак на дојка во Македонија сè уште се загрижувачки, иницијативи како оваа се пример за тоа како приватниот сектор може да биде двигател на позитивни промени. Без многу бучава, но со искрена грижа и конкретни мерки.

no baners

Бизнис

Државата префрли нови 2,4 милиони евра за поддршка на инвестиции во компаниите

Објавено

на

Министерството за финансии префрли нови 148,6 милиони денари, односно околу 2,4 милиони евра, кон Развојната банка за поддршка на инвестициите на домашните компании.

Со оваа уплата, вкупниот износ на средства пласирани во економијата преку оваа мерка достигна 14,5 милијарди денари, или околу 235,8 милиони евра.

Средствата се дел од државната програма за поддршка на домашниот бизнис-сектор, чиј вкупен буџет изнесува 250 милиони евра. Според проценките, преку програмата треба да се поттикне инвестициски циклус од околу 300 милиони евра.

Финансиската поддршка е наменета за компании што планираат нови инвестиции, проширување на производството и забрзување на развојот.

Кредитите до крајните корисници ќе се пласираат преку деловните банки, под поволни услови. Предвидена е фиксна каматна стапка од 1,95 проценти годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години.

Од Министерството за финансии посочуваат дека целта на мерката е да се стимулира приватната иницијатива, да се создадат нови можности за компаниите и да се даде дополнителен поттик на економскиот раст.

Продолжи со читање

Бизнис

Американските технолошки гиганти доминираат меѓу најпрофитабилните компании во светот

Објавено

на

Најпрофитабилните компании во светот во 2026 година главно доаѓаат од Соединетите Американски Држави, покажува најновото рангирање базирано на листата Forbes Global 2000 и финансиските резултати на компаниите за последните 12 месеци.

Од 30-те најпрофитабилни компании во светот, дури 16 имаат седиште во САД. Американските компании доминираат и во првите десет, а првите четири места им припаѓаат на технолошки гиганти од Западниот брег.

На врвот е Alphabet, матичната компанија на Google, со годишен профит од 160,2 милијарди долари. По неа следуваат Microsoft со 125,2 милијарди долари, Apple со 122,6 милијарди долари и NVIDIA со 120,1 милијарда долари.

Петтото место му припаѓа на саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco, кој остварил профит од 99,3 милијарди долари. Потоа следуваат Amazon со 90,8 милијарди долари, Berkshire Hathaway со 72,5 милијарди долари, Meta Platforms со 70,6 милијарди долари, тајванскиот TSMC со 62,5 милијарди долари и JPMorgan Chase со 58,6 милијарди долари.

Покрај технолошките компании, САД се дом и на некои од најпрофитабилните светски трговци и финансиски институции. Меѓу нив се Amazon и Walmart, како и Berkshire Hathaway и JPMorgan Chase, кои се меѓу најсилните играчи во финансискиот сектор.

Анализата посочува дека американската доминација се должи на комбинација од силен пристап до капитал, развиен пазар за стартапи, универзитети од светска класа, поволно деловно опкружување и долгогодишен прилив на висококвалификувани имигранти. Овие фактори им овозможуваат на компаниите побрзо да растат и да ја задржат предноста пред конкуренцијата.

Надвор од САД, силно се издвојуваат компаниите од Источна Азија. Кина е застапена со големи државно поддржани банки како ICBC, China Construction Bank, Agricultural Bank of China и Bank of China, но и со технолошкиот гигант Tencent и енергетската компанија PetroChina.

На листата се и водечки азиски технолошки компании, меѓу кои тајванскиот TSMC, најголемиот светски производител на чипови, јужнокорејските Samsung и SK Hynix, како и јапонскиот SoftBank. Toyota Motor, исто така од Јапонија, е меѓу најпрофитабилните компании од автомобилската индустрија.

Посебно се издвојува Saudi Aramco, единствената компанија надвор од САД што се наоѓа меѓу првите пет. Саудиската нафтена компанија останува еден од најголемите играчи во глобалниот енергетски сектор, иако во последниот период се соочува со пониски профити поради падот на цените на суровата нафта и нестабилноста во регионот.

Меѓу 30-те најпрофитабилни компании се најдоа и Швајцарската народна банка, која остварила профит од 24 милијарди долари, како и неколку големи компании од секторите технологија, финансии, енергетика, трговија и автомобилска индустрија.

Продолжи со читање

Берза

Македонската берза и ЕБОР отвораат врата до капитал: 10 македонски компании ќе добијат бесплатна експертска подготовка за излез на берза

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје официјално ќе го започне Проектот за поттикнување и подготовка на македонските компании за пазарно финансирање, иницијатива насочена кон зголемување на пристапот на домашните компании до пазарот на капитал преку издавање акции и обврзници.

Проектот се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Македонската берза, а ќе го имплементираат PwC Северна Македонија и PwC Хрватска.

Во рамки на програмата, до десет македонски компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на капитал, ќе учествуваат на специјализирана лидерска академија и ќе добијат конкретни препораки за понатамошна подготовка за прибирање финансиски средства преку берзата.

Очекувањата се проектот да придонесе за појава на нови издавачи на акции и обврзници, проширување на понудата на финансиски инструменти и натамошен развој на македонскиот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange