Останато
Инфлацијата во ЕУ стабилна на 2,4%, во еврозоната забележан пад на годишна основа

Европската статистичка служба – Евростат, ги објави податоците за инфлацијата во Европската Унија и еврозоната за август 2025 година.
Според извештајот, годишната инфлација во ЕУ во август изнесувала 2,4 проценти, што претставува стабилна динамика во однос на јули 2025 година, но и во споредба со истиот месец лани.
Во рамки на еврозоната, инфлацијата минатиот месец се задржа на нивото од 2,0 проценти, идентично како во јули. Сепак, во споредба со август 2024 година е забележан пад од 0,2 процентни поени (тогаш изнесуваше 2,2%).
Инфлациски разлики меѓу земјите членки
Најниска годишна инфлација во август е регистрирана во:
- Кипар – 0,0%
- Франција – 0,8%
- Италија – 1,6%
Највисоки нивоа на инфлација се забележани во:
- Романија – 8,5%
- Естонија – 6,2%
- Хрватска – 4,6%
Во однос на претходниот месец, годишната стапка на инфлација во август се намалила во девет земји членки, во четири останала непроменета, додека во 14 држави е регистриран пораст.
Импликации за монетарната политика
Стабилната инфлација во еврозоната под 2,5% се толкува како сигнал дека Европската централна банка (ЕЦБ) би можела да продолжи со внимателен пристап кон монетарната политика. Одржувањето на инфлацијата во рамките на таргетираните нивоа е од особено значење за кредитниот пазар, каматните стапки и инвестициската активност во ЕУ.
Аналитичарите очекуваат дека доколку ваквиот тренд продолжи, тоа може да создаде дополнителен простор за ЕЦБ во насока на намалување на каматните стапки и поддршка на економскиот раст.
Бизнис
Со MINT, ништо не е црно-бело – Сребрен спонзор на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Mint Fintech Group ја најави својата поддршка како сребрен спонзор на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што традиционално се одржува во Битола.
„Со MINT, ништо не е црно-бело“ е пораката со која компанијата се претставува на фестивалот, симболизирајќи ја својата визија за свет полн со нијанси, перспективи и иновации. Како што филмот не е само црно-бел, така и финансискиот свет што го гради MINT е исполнет со креативност, технологија и решенија кои носат нова динамика во секојдневието.
„Браќа Манаки“ е фестивал што повеќе од четири децении ја слави уметноста на филмската камера и визијата на најистакнатите кинематографери од светот. Поддршката на MINT претставува јасна порака дека компанијата е посветена на културата, заедницата и приказните што траат.
„За нас е голема чест што сме дел од еден од најзначајните фестивали во регионот. Вредностите што ги носи „Браќа Манаки“ – креативност, визија и континуитет … се вредности со кои и самите се идентификуваме. Веруваме дека вистинските приказни, било на филм или во бизнис, никогаш не се црно-бели – тие се полни со живот, со боја и со инспирација“, изјавија од Mint Fintech Group.
Со оваа соработка, Mint Fintech Group уште еднаш ја покажува својата определба да биде дел од најзначајните настани кои ја обликуваат културната сцена на Македонија и пошироко.
ПР објава
Останато
НЛБ Банка Скопје – дел од една заедничка регионална спортска приказна

Како членкa на силната регионална НЛБ Групација, НЛБ Банка Скопје гордо го поддржува еден од најголемите спортски настани во регионот на Југоисточна Европа – НЛБ Љубљанскиот маратон. Овој маратон не е само спортска трка, туку претставува симбол на упорност, енергија и поврзување помеѓу луѓето.
На 18 и 19 октомври 2025 година, Љубљана повторно ќе биде во знакот на трчањето, а градот ќе пулсира со позитивна енергија, ентузијазам и поддршка од илјадници учесници и навивачи. Годинава се очекува рекорден број на натпреварувачи – над 20.000 од повеќе од 40 земји во светот, меѓу кои и голем број натпреварувачи од Македонија.
Во изминатите години, голем број вработени и клиенти на НЛБ Банка Скопје веќе зеле учество на љубљанскиот маратон, а оваа година, како официјален партнер, НЛБ Групацијата овозможува и посебни поволности за сите свои клиенти кои сакаат да бидат дел од ова уникатно спортско искуство.
Специјални попусти за клиенти на НЛБ Банка Скопје
Сите кои ќе се регистрираат за учество (https://registration.ljubljanskimaraton.si/en/all.html) и ќе направат уплата со НЛБ платежна картичка имаат можност да добијат попуст на котизацијата за следните трки:
• Полумаратон (21 км): користете го кодот 21NLBLM29MPB – цена: 55 евра
• Маратон (42 км): користете го кодот 42NLBLM29LTU – цена: 60 евра
И двата кода важат до 30 септември 2025 година, а регистрациите не се преносливи.
• За трката на 10 км најприфатлива опција е плаќањесо НЛБ платежна картичка која нуди попуст од 5 евра, и цената за учество изнесува 45 евра.
Маратон што нè поврзува
НЛБ Љубљанскиот маратон претставува повеќе од трка. Тој е можност да се биде дел од поширока заедница, да се чувствуваш инспирирано, поддржано и гордо што си дел од нешто големо. Без разлика дали ќе трчате 10, 21 или 42 километри – ова е искуство што го зајакнува телото и духот.
НЛБ Банка ги охрабрува сите љубители на спортот и активниот живот да се пријават и да бидат дел од оваа спортска приказна.
Останато
Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени

Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година.
Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.
Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш гопотврдува значењето што го дава на препознавањеи вреднување на трудот и ангажманот на своитевработени.
Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедатдополнителна мотивација, но и да поттикнат баланспомеѓу работата и личниот живот на вработените. Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија накомпанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се ценииндивидуалниот и тимскиот придонес.
Флекс Кредит, со над 400 вработени, е еден однајголемите работодавачи во својата дејност воМакедонија. Континуирано инвестира во развој начовечки ресурси преку различни програми занаградување, унапредување и обуки, со што создавауслови за професионален и личен раст на секојвработен.
-
Банкипред 2 месеци
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Банкипред 2 месеци
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 месеци
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка
-
Продуктипред 2 месеци
Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето
-
Бизниспред 2 месеци
САД и Јапонија со нов трговски договор: Царини од 15% и инвестиции вредни 550 милијарди долари
-
Берзапред 2 месеци
Јавна опомена од Македонска берза за 5 котирани друштвa поради непочитување на обврските за навремено објавување на информации за финансиската состојба
-
Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка со профит над 1,6 милијарди денари во прво полугодие на 2025: Силен раст и стабилна визија за иднината!