Connect with us
no baners

Бизнис

Нови назначувања во Управата и во Надзорниот одбор на Атлантик Група

Објавено

на

 Домитер е назначена за членка на Управата на Атлантик Група задолжена за човечки потенцијали и култура, што претстваува сериозна поддршка за Управниот одбор во спроведувањето на корпоративната стратегија и за идниот развој на компанијата.

На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик претседател на Надзорниот одбор. 

Надзорниот одбор ги потврди новите тригодишни мандати на членовите на Управата Лади Тедески Фиорио и Среќко Накиќ (од 3 октомври 2025), како и на Мате Штетиќ (од 9 ноември 2025), заедно со актуелните мандати на Емил Тедески, Невен Вранковиќ и Зоран Станковиќ. Досегашната сениор извршна директорка Мојца Домитер е назначена за нова членка на Управата на Атлантик Група одговорна за областа на човечки потенцијали и култура, со почеток на тригодишен мандат од 5 септември 2025. Со најновото проширување на Управата на Атлантик Група дополнително се зајакнува менаџерскиот тим во насока на реализација на корпоративната стратегија и идниот развој на компанијата, со свеста дека луѓето и културата се клучни за успешна работа.

Мојца Домитер има повеќе од 20 години професионално искуство во широкиот спектар на индустријата, вклучувајќи производи за широка потрошувачка, фармацевтска индустрија и телекомуникации. Во најголемиот дел од кариерата работи на обликување на стратегии и процеси поврзани со луѓе, водела оддели за човечки потенцијали во VIPnet, JGL Rijeka, а од 2011 година предводи клучни иницијативи од областа на културата, развојот на лидерство и процеси поврзани со луѓе во Атлантик Група. Во компанијата имплементираше групни состави базирани на учинок, талент и унапредување, со значаен раст на ангажираноста на вработените и зајакнување на препознатливоста на Атлантик Група како посакуван работодавец. Дипломирала психологија на Универзитетот во Ријека, завршила EXECUTIVE MBA на Cotrugli Business School и дополнително се усовршила на IESE во Лондонската Бизнис школа, во Ешриџ и на Харвард.

Со потврдениот нов состав на Управата на компанијата, Надзорниот одбор усвои и нови состави на неговите Комисии. Комисијата за ревизија сега ја сочинуваат претседателот Ларс Петер Елам Хакансон, членовите Андреа Гисле Јусен, Зоран Вучиниќ и Карл Вајнфуртер (избран на Главното собрание во јули 2025). Комисијата за развој на водство и надградување сега е сочинета од Моника Елизабет Шулце, членовите Флоренс Жантет, Весна Невистиќ, Александар Пекеч и Зоран Сушањ (надворешен експерт), а Комисијата за општествена одговорност и корпоративно управување сега е во состав од претседателката Ања Сетина Набергој, членовите Синиша Петровиќ и Нина Тепеш (надворешен експерт).

Покрај наведеното, на седницата членот на Надзорниот одбор Синиша Петровиќ беше повторно избран на функцијата Заменик претседател на Надзорниот одбор, а оваа должност ќе ја обавува заедно со веќе постоечкиот Заменик претседател на Надзорниот одбор Моника Елизабет Шулце.

Бизнис

Андоновски: Ќе се појасни законската рамка за инфлуенсерите, ЕУ прави јасна разлика меѓу платформи и креатори на содржини

Објавено

на

Министерството за дигитална трансформација е во завршна фаза на усогласување на домашната регулатива со европските правила за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за појасна законска рамка за инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека Европската комисија пред две недели официјално го започнала процесот за сите земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Според него, секоја држава ќе мора поединечно да ги исполни условите пред да започнат билатералните преговори.

Тој посочи дека државата веќе ги доставила измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации до Европската комисија, со кои се врши целосно усогласување со европските барања во делот на безбедноста, фер користењето на роаминг услугите, како и утврдувањето на прекуграничните цени. По добивањето на коментарите од Европската комисија, предлог-законот ќе биде испратен во Собранието.

Андоновски изрази очекување дека Северна Македонија ќе биде првата земја од регионот што ќе ги исполни сите критериуми за воведување на „роаминг како дома“. Потоа, како што појасни, ќе следуваат преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник меѓу земјата и европските телекомуникациски оператори. Според неговите очекувања, договорите би можеле да се постигнат во текот на 2026 година, но динамиката ќе зависи од Европската комисија.

Во меѓувреме, институциите разгледуваат и можности за регулирање на статусот на инфлуенсерите и креаторите на содржини. Министерот соопшти дека веќе се одржала средба со претставници на Здружението на инфлуенсери, а планиран е и состанок со директорот на Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги.

Според него, во постојната законска рамка постои недореченост, бидејќи Законот за аудио-визуелни медиумски услуги не прави јасна разлика меѓу платформите и креаторите на содржина. Во Европската Унија, како што нагласи, јасно се прави дистинкција меѓу платформи како Инстаграм, Фејсбук или Јутјуб и поединечните креатори кои ги користат тие платформи за објавување содржини.

Во наредниот период ќе се разгледува дали ова прашање ќе се решава со измени на правилниците или ќе биде потребна законска измена за целосно усогласување со европските стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните

Објавено

на

На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.

По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство

Објавено

на

Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.

Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.

Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.

Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.

За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.

Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange