Connect with us

Банки

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г. е дел од највисокиот раководен тим на Банката.

Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.

Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката,како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус”,  истакна г. Ваташки.

Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија,  како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија,  која е дел од Bayern LB Германија, како Раководител на Одделение Проблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематични активи.

Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематични пласмани, Картично работење и Кредитна администрација.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.

Банки

Комерцијална банка со свој тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката.

Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап.

Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од штафетата на Комерцијална банка.

Од Банката велат дека штафетата за нив претставува многу повеќе од спортски предизвик и дека во неа се препознаваат вредностите на доверба, поддршка, заедништво и заедничка цел.

„Некој го диктира темпото и брка рекорди, друг ја носи позитивната енергија од првиот до последниот километар, а сите заедно сме најсилната мотивација“, порачуваат од тимот.

Посебен акцент се става и на меѓусебната поддршка на патеката, каде што, како што велат, никој не трча сам.

„Охрабрување, насмевка, добра енергија и тимски дух. На патеката никој не трча сам. Трчаме со исто срце“, порачуваат од Комерцијална банка.

Од Банката велат дека се горди на своите колеги кои покажуваат силна енергија и тимски дух и надвор од работното место, а мотото со кое ќе настапат е „Полесно е заедно“.

Штафетниот тим на Комерцијална банка ќе биде дел од Скопскиот маратон на 4 октомври.

Продолжи со читање

Банки

До 2,6 милиони денари онлајн потрошувачки кредит преку OneID од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари.

Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката.

За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци.

Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет за корисници кои сакаат брз и едноставен пристап до финансиски средства без посета на филијала.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Банките во Косово со повисока добивка, за седум месеци заработиле 113,8 милиони евра

Објавено

на

Банките во Косово оствариле нето-добивка од 113,8 милиони евра во првите седум месеци од 2026 година, покажуваат податоците на Централната банка на Косово.

Во истиот период минатата година, нето-добивката на банкарскиот сектор изнесувала 103,9 милиони евра, што значи дека годинава е зголемена за 9,9 милиони евра. Податоците за јули се дел од најновите статистики на Централната банка на Косово.

Според објавените информации, банкарскиот сектор во Косово на тој начин продолжува да бележи раст на профитабилноста во споредба со минатата година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange