Connect with us

Банки

Младите ќе може полесно да дојдат до нов сопствен дом, инвеститорите ќе се соочат со заострени критериуми!?

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија подготвува сет на нови мерки со кои ќе се олеснат условите за добивање станбен кредит за граѓаните што за првпат купуваат дом, додека паралелно ќе се заострат критериумите за лицата кои купуваат недвижности како форма на инвестиција. Ова го најави гувернерот Трајко Славески по средбата со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, истакнувајќи дека јавноста може да ги очекува мерките во рок од една до две недели.

Поддршка за младите семејства и поединци

Главната цел на овие мерки, според гувернерот Славески е да им се помогне на младите брачни парови и самци кои се соочуваат со енормно високи цени на становите, особено во Скопје, кои не одговараат на нивните примања.

„Ова што се случува на пазарот на станови, посебно во неколку градови, најмногу во главниот град, ги става во многу незавидна ситуација младите брачни парови или самци кои сакаат да го решат станбеното прашање. Цените се премногу високи од аспект на заработката. Ние не сакаме овој тренд да продолжи и мислам дека како Народна банка имаме инструменти со кои тоа ќе го постигнеме“, изјави гувернерот.

Разлика меѓу кредити за живеење и инвестиција

Тој потенцираше дека и во меѓународната практика постои јасна разлика меѓу кредитирањето за сопствено живеење и кредитирањето за инвестиција. Лицата кои купуваат недвижност за живеење претставуваат значително помал ризик за банките.

„Ако сте го ставиле под хипотека сопствениот дом, ќе направите сè за да се вклопите во своите доходи и да не доцните со отплатата. Ризикот е многу помал во споредба со оние кои позајмуваат пари за објекти што се користат за издавање или препродажба“, додаде Славески.

Апел до банките и контрола на изјавите

Гувернерот упати апел до банките да обрнат поголемо внимание на изјавите што ги даваат кредитобарателите при аплицирање за станбен кредит. Податоците покажуваат дека кај 73 отсто од становите купени со кредит е наведено дека се наменети за живеење, но тоа никој не го проверува.

„Во многу држави банките следат дали кредитобарателот навистина се вселил во објектот. Доколку се открие дека е дадена лажна изјава, тоа се третира како тешка измама, а банката има право веднаш да побара враќање на кредитот“, истакна гувернерот.

Можен поврат на ДДВ за прв дом

На новинарско прашање, гувернерот нагласи дека повеќе ја поддржува опцијата за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) за лицата кои за првпат купуваат стан, како дополнителна стимулација за граѓаните да дојдат до сопствено живеалиште.

Очекувања од новите мерки

Со најавените мерки, Народната банка испраќа јасна порака дека ќе се поддржат оние кои купуваат недвижност за сопствено живеење, а истовремено ќе се намали трендот на шпекулативно купување станови како инвестиција, што во голема мера придонесува за растот на цените.

Банки

Централна Кооперативна Банка со промотивна понуда за станбен кредит за млади брачни парови

Објавено

на

Централна Кооперативна Банка АД Скопје во текот на март нуди промотивен станбен кредит наменет за млади брачни парови, со попуст до 2.000 евра вклучен во каматата. Од банката велат дека новата понуда има цел да им помогне на младите семејства полесно да го направат првиот чекор кон сопствен дом и стабилна заедничка иднина.

Според условите на промоцијата, кредитот овозможува фиксна каматна стапка од 2,90 проценти во првите пет години, по што следува променлива камата од 3,80 проценти. Дополнително, понудата предвидува и низа олеснувања за корисниците, меѓу кои немање трошоци за нотар, без надомест за документација, како и без трошоци за проценка на недвижноста во првата година.

Од Централна Кооперативна Банка посочуваат дека почетокот на заедничкиот живот носи многу планови, соништа и одговорности, а сопствениот дом е еден од најважните чекори во градењето на стабилна иднина. Затоа, како што велат, со оваа кредитна линија сакаат да понудат сигурна основа, поволни и транспарентни услови, како и флексибилност што ќе го следи ритамот на младите семејства.

Заинтересираните можат да поднесат барање преку електронска апликација или да ја посетат најблиската експозитура на банката за брза консултација со банкарските советници. Повеќе информации за промотивната понуда се достапни на официјалната веб-страница на Централна Кооперативна Банка АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка нуди онлајн потрошувачки кредит: Пари на сметка за само 10 минути

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди онлајн потрошувачки кредит, со кој клиентите можат брзо и едноставно да обезбедат финансиски средства без посета на филијала и без сложена документација.

Од банката информираат дека аплицирањето се врши целосно дигитално преку апликацијата S-Banka или преку Net Banking, а процесот е достапен 24 часа на ден, седум дена во неделата. Според информациите, одобрените средства може да бидат префрлени на сметката на клиентот за само десет минути по поднесувањето на апликацијата.

Онлајн потрошувачкиот кредит е наменет за корисници кои сакаат брзо финансирање за различни потреби, од патувања и лични планови до други тековни трошоци, без дополнителни административни процедури.

Од Шпаркасе Банка нагласуваат дека услугата е дизајнирана да овозможи едноставно, брзо и целосно дигитално искуство за клиентите.

Повеќе информации за понудата се достапни на: https://bit.ly/40EM5Ee

Продолжи со читање

Банки

Халк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

Халкбанк им нуди на клиентите можност за потрошувачки кредит до 2.500.000 денари, наменет за реализација на различни лични планови и потреби.

Кредитот е достапен со рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка, што овозможува поголема предвидливост при отплатата. Понудата е наменета за приматели на плата и пензионери кои имаат сметка во Халкбанк.

Средствата може да се искористат за различни намени, како реновирање на домот, купување автомобил или други лични инвестиции, во зависност од потребите на клиентите.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на банката: https://www.halkbank.mk/promo-kredit-10-mk.nspx

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange