Банки
Халкбанк со намалени тарифи, повеќе придобивки за граѓаните и компаниите
Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции.
И досега, Халкбанк во многу сегменти нудеше атрактивни услови во однос на тарифите. Така, проверката на состојбата на било која картичка на банкомат била и е бесплатна, а сите приматели на плата или пензија преку Халкбанк со својата мастеркард дебит картичка можат да подигнуваат готовина на банкомати на било која банка во Македонија без провизија. Бесплатно е и повлекувањето готовина од платежна сметка во девизи.
Со новите промени, електронските интерни налози за физички лица отсега наместо 5 денари, ќе бидат бесплатни. Истовремено, цената на електронски, брзи меѓубанкарски плаќања (МИПС) за физички лица, се намалува од 100 на 50 денари, а кај хартиените МИПС налози преку шалтер на банката, новата цена е 80 денари по налог, односно, во овој дел извршено е намалување за 60% од досегашната тарифа.
И за правните лица цената кај електронските, интерни налози се намалува од 11 на 7 денари, како и кај електронските МИПС плаќања од 100 на 80 денари, во зависност од износот. Направена е измена и кај хартиените МИПС налози за правни лица, каде новата цена сега изнесува 200 денари т.е. направено е намалување за 33% од досегашната цена за овие трансфери.
Овие промени ќе имаат директна корист за сите клиенти, особено за оние кои активно користат дигитални канали и електронски плаќања.
Истовремено, на сила остануваат сите поволности кои досега Банката ги нудеше на своите клиенти.
Халкбанк на клиентите им нуди и посебни пакети во рамките на кои се добиваат низа поволности и намалени тарифи. За младите до 24 години е наменет HalkEzпакетот со кој се добива бесплатна трансакциска сметка, мобилно банкарство, картичка и други поволности. За пензионерите, освен што се врши редовна и навремена исплата на пензијата, креиран е и специјален Пакет за пензионери кој е со бројни бенефиции – достапни услуги, бесплатни трансакции и поддршка при секојдневните банкарски потреби. А за оние кои ја примаат својата платаили пензија преку Халкбанк, наменет е и Смарт пакетот кој претставува комплетно банкарско решение кое ги обединува најчесто користените услуги во еден економичен месечен пакет. Тука се вклучени водењето на трансакциска сметка, дебитна картичка, мобилното и електронско банкарство, електронските налози, месечните известувања и подигнување готовина од сите банкомати во земјата. Апакетот нуди и подарок ORYХ Home Аssistance – без надоместок во промотивниот.
Дополнително, од 7 октомври Халкбанк ќе започне со извршување на прекугранични трансфери кон СЕПА (Single Euro Payments Area) системот. Во СЕПА регионот, кој опфаќа 41 земја членка и повеќе од 4.000 учесници, на сите клиенти – физички и правни лица – ќе им биде овозможено да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови и со иста ефикасност како во рамките на националните граници.
Со ваквите чекори, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата стратегија да биде банка која ги поддржува граѓаните и компаниите со поповолни услови, современи дигитални решенија и интегрираност во европските платежни стандарди.
Банки
Бесплатно патничко осигурување со Debit Mastercard Business од Комерцијална банка
Корисниците на Debit Mastercard Business картичката од Комерцијална банка добиваат бесплатно патничко осигурување преку Триглав Осигурување Македонија.
Осигурувањето обезбедува заштита при патување во времетраење од 15 дена во текот на годината и важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ги Турција и Русија.
Полисите се обновуваат секоја година за сите активни картички, со што деловните корисници добиваат дополнителна сигурност и практична поддршка за време на службените и приватните патувања.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.
Банки
Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена
Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и музички настани.
Дел од широката листа на настани што во претстојниот период ќе бидат дел од платформата за поддршка „Важна е културата“ се:
- Ohrid Beach Film Fest, 22–26 јули, Охрид
- Галичник Филм Фест, 31 јули – 3 август, Галичник
- Македокс, 20–27 август, Скопје
- 30 години Фолтин, 29 август, Хераклеја, Битола
- Ѕирни, филмски и музички фестивал, 28 септември – 5 октомври, Скопје
- Skopje Vinyl Convention, септември, Скопје
- Култиватор Фестивал, септември/октомври, Скопје
Како дел од партнерството со овие настани и иницијативи, корисниците на услугите на Халкбанк ќе можат да користат и ексклузивни придобивки, изненадувања и подароци.
„Културата е важна, неопходна и клучна. Кога зборуваме за култура, всушност зборуваме за нишка што ги поврзува луѓето, идеите и вредностите што траат и остануваат. Нашата цел е да ја поддржиме културата и културниот живот во време кога поддршката на иницијативите, настаните и фестивалите е клучна. Оваа наша поддршка не почнува сега, ниту, пак, завршува со оваа платформа. Веќе традиционално, повеќе од пет години
поддржуваме голем дел од овие иницијативи, а добредојдени се и други што имаат потенцијал и на кои им е потребна поддршка“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
Со платформата за поддршка „Важна е културата“, Халкбанк ја продолжува својата определба да поддржува проекти што создаваат вредност за заедницата и ја прават културата повидлива и подостапна за сите.
Банки
Халкбанк подарува ваучери за гориво за првите 50 нови онлајн платежни сметки
Халкбанк АД Скопје објави промотивна понуда за отворање онлајн платежна сметка.
Првите 50 корисници што ќе отворат сметка преку дигиталниот канал на банката ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари.
Од банката ги повикуваат заинтересираните да ја искористат понудата и да ја завршат постапката за отворање сметка онлајн.
Дополнителни информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалните канали на Халкбанк.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување



