Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка со значајни поволности за клиентите – се укинуваат и намалуваат повеќе надоместоци за физички и правни лица

Објавено

на

Комерцијална банка донесе одлука за измени во својата Тарифа, имајќи го предвид променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија, со што значително ги намали надоместоците на услугите за граѓаните и компаниите.

Со цел да обезбедиме поголемо корисничко задоволство и да ја поттикнеме финансиската инклузија, од 1 октомври ги намалуваме надоместоците за платежни услуги за физички лица и до 66%, а дел од нив целосно ги укинуваме.

Со овие измени Комерцијална банка значајно го олеснува користењето платежни сметки, банкарски картички и електронско банкарство, како и вршењето трансфери на средства.

Целосно ќе се укинат дел од надоместоците за физички лица. Кредитните трансфери во интерен платен промет кон платежни сметки на физички лица преку електронско банкарство (Интернет банка и мБанка) и натаму остануваат без надомест, а отсега без надомест ќе бидат и трансферите преку електронско банкарство кон платежни сметки на правни лица во Банката. Се укинува и надоместокот за повлекување готовина од платежна сметка во девизи и од неорочени штедни депозити во девизи на резиденти физички лица.

Како лидер и носител на најновите трендови во дигиталното банкарство во земјава, Банката одлучи електронското банкарство за физички лица да го овозможи без надомест за клиентите што ќе изберат некој од КБ пакетите. Исто така, со новите услови наместо досегашните три, физичките лица месечно ќе имаат 10 бесплатни проверки на состојба со дебитна картичка на банкомат. Стандардните дебитни картички за приматели на плата и пензија и натаму остануваат без надомест, а водењето платежна сметка за физички лица, како и до сега, ќе се наплаќа само доколку клиентот има активност во тековниот месец.

Воедно, Банката до 66% ќе ги намали голем број од надоместоците за платежни услуги за физички лица. Намалувањето се однесува на најразлични услуги поврзани со секојдневното финансиско работење на граѓаните:

  • Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон платежни сметки на физички и правни лица во Банката – намалување во просек за 66%
  • Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку КИБС – намалување во просек за 55%
  • Кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку КИБС – намалување во просек за 35%
  • Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку МИПС – намалување за 64%
  • Кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку МИПС – намалување за 50%
  • Месечен надомест за одржување платежна сметка со основни функции – намалување за 41%
  • Месечен надомест за користење електронско банкарство (Интернет банка или мБанка) –намалување во просек за 45% и ќе се наплаќа само доколку клиентот ја користи услугата во текот на месецот
  • Месечен надомест за користење КБ пакети – намалување во просек за 43%
  • Повлекување готовина со дебитна картичка од банкомат на друга банка во земјата – намалување за 40% кај минималниот надомест.
  • Уплата во готово преку МИПС – намалување за 62%
  • Повлекување готовина од платежна сметка во денари и од неорочени штедни депозити на резиденти преку шалтерите на Банката – намалување за 66% кај минималниот надомест.

Овие нови поволности се дел од посветеноста на Банката кон креирање уште поефикасни и подостапни лични финансии за сите граѓани – без разлика на возраста, местото на живеење или технолошката подготвеност.

Истовремено, Банката донесе одлука за укинување на надоместокот за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон други сметки во Банката, извршени преку електронското банкарство.

Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон сметки во други банки преку платните системи КИБС и МИПС, со намалување и до 30% на трансферите извршени преку електронското банкарство.

Овој потег на Комерцијална банка е израз на мотото „Полесно е заедно“, во кое длабоко веруваме. Како системски значајна банка која ја има довербата на над 300.000 клиенти физички лица со активни сметки и над 23.500 компании со активни сметки, Комерцијална банка останува доследна на својата мисија да обезбедува иновативни, пристапни и кориснички ориентирани финансиски решенија, кои го олеснуваат секојдневието на луѓето и придонесуваат кон успешен и напреден економски систем.

Повеќе детали за намалувањата на надоместоците за физички лица кои ќе важат од 1 октомври се достапни на следниот линк.

Деталите за намалувањата на надоместоците за правни лица, кои исто така ќе важат од 1 октомври, се достапни на следниот линк.

ПР објава

Банки

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци

Објавено

на

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, организирана во соработка со Светската банка.

Тој посочи дека земјава има силна основа за дигитални плаќања, со тоа што 84% од граѓаните поседуваат платежна сметка, тројца од четворица жители кои поседуваат платежна сметка примиле или испратиле плаќања преку дигиталните канали, а покриеноста на територијата на државата со интернет и мобилна мрежа е над 90%. Сепак, повеќе од 90% од плаќањето стоки и услуги кај малите трговци сè уште се извршуваат во готовина. Во земјава кај приближно 16.700 трговци има околу 36.000 уреди на кои се прифаќаат плаќања, што покажува дека прифаќањето е концентрирано и нееднакво, особено кај малите бизниси.

Величковски нагласи дека главниот проблем не е дали граѓаните можат да плаќаат дигитално, туку дали малите трговци можат да го прифатат тоа дигитално плаќање. „Малите трговци сè уште ги сметаат електронските плаќања за скапи и сложени“, истакна тој, додавајќи дека решението е во нови, поедноставени модели на прифаќање.

Според него, конкретните чекори што ќе го намалат јазот се: воведување инстант плаќања до крајот на годината преку клонот на ТИПС, развиен од Банката на Италија за земјите од Западен Балкан согласно одлука на Европската централна банка, и придружните услуги како национален интероперабилен код за брз одговор (QR) што ќе може да се користи од сите корисници на платежни услуги независно од давателот на платежни услуги, плаќања преку едноставни идентификатори (алијаси)инстант потврда за секоја трансакција, развивањето на т. н. „Барање за плаќање (услуги)“ и дополнително развивање мобилни апликации, вклучително и од небанкарски даватели.

Тој посочи дека овие решенија директно ги засегаат најголемите препреки за малите трговци: високите трошоци за уредите за прифаќање на плаќањата, сложените процеси и недоволната флексибилност на постојните системи. „Со овие услуги, прифаќањето дигитални плаќања може да стане едноставно како примање порака на телефон“, нагласи Величковски.

Вицегувернерот ја нагласи и соработката со Светската банка во спроведувањето на реформите, вклучително и приклучувањето кон СЕПА и модернизацијата на платежната инфраструктура. „Целта е јасна, секој мал трговец во земјава да има можност да прифаќа дигитално плаќање без препреки, високи трошоци и сложени системи“, заклучи Величковски.

Продолжи со читање

Банки

Патувајте без грижи ова лето со патничко осигурување од Стопанска банка и Кроација осигурување

Објавено

на

Со почетокот на летната сезона и зголемениот број патувања, Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува своите клиенти дека можат да патуваат побезгрижно со патничкото осигурување што го нуди во соработка со Кроација осигурување.

Осигурувањето е наменето за сите кои планираат одмор, деловно патување или викенд-посета во странство, обезбедувајќи дополнителна сигурност и заштита за време на престојот надвор од државата.

Од банката велат дека целта е клиентите да се фокусираат на своето патување и уживање, без непотребни грижи околу непредвидени ситуации.

Повеќе информации за условите и покритијата се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Нов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена

Објавено

на

На плоштадот покрај Македонскиот народен театар во Скопје е поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј дизајн е внимателно приспособен на амбиентот и архитектурата на една од најзначајните културни локации во главниот град.

Со својата форма и препознатливите црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и секојдневните банкарски услуги можат да бидат дел од градската културна приказна.

Од банката посочуваат дека идејата е функционалноста да се спои со естетиката, а урбаната инфраструктура да се вклопи во просторот наместо да доминира во него. Новиот банкомат е осмислен така што го почитува духот на локацијата и ненаметливо се интегрира во околината на Македонскиот народен театар.

Ова не е прв ваков проект на Халкбанк. Пред неколку години банката постави банкомат и во центарот на Охрид, изработен во стилот на традиционалната охридска куќа, со цел банкарската инфраструктура да стане дел од локалниот идентитет и градскиот пејзаж.

Со новото решение пред МНТ, банкоматот не е само место за извршување трансакции, туку и дел од визуелниот амбиент на градот, кој на симболичен начин ги поврзува секојдневието и културата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange