Connect with us
no baners

Анализи

Умерен економски раст на ЕУ и Еврозоната во вториот квартал од 2025 година

Објавено

на

Економијата на Европската Унија забележа умерен раст од 0,2% во вториот квартал од 2025 година, додека Еврозоната регистрираше пораст од само 0,1%, покажуваат прелиминарните податоци објавени од Евростат, европската статистичка агенција, за економските резултати на блокот во второто тримесечје од 2025 година.

Во текот на периодот јануари-март 2025 година, кварталниот пораст на БДП на ЕУ беше 0,5 проценти, а за Еврозоната – 0,6 проценти. Годишниот раст на БДП во вториот квартал изнесува 1,5% за ЕУ и 1,4% за Еврозоната, што е во рамките на очекувањата, но со забележителни разлики меѓу земјите-членки.

Меѓу земјите членки на ЕУ за кои постојат достапни податоци, Шпанија имаше најголем раст на БДП во споредба со претходното тромесечје, со 0,7 отсто, пред Португалија со 0,6 и Естонија со 0,5 проценти. Спротивно на тоа, Ирска забележа најзначаен квартален пад на БДП од 1 процент, по што следуваат Германија и Италија со намалување од 0,1 отсто.

Новиот трговски договор со САД и економските ризици

Ова објавување на податоците доаѓа само неколку дена по постигнувањето на новиот трговски договор меѓу ЕУ и САД во неделата, кој воведува општа царина од 15% на најголемиот дел од европскиот извоз на американскиот пазар. Досегашната општа царина од извозот на ЕУ во САД беше 10 проценти, но новодоговорената царинска стапка е двојно помала од онаа што претходно ја најави Американската администрација од 30%, но сепак значи зголемување на трошоците за европските извозници, особено во секторите како што се челик, алуминиум, алкохол и фармацевтски производи.

Повеќето економисти и аналитичари предвидуваат дека трговскиот договор со САД ќе резултира со намалување на производството во ЕУ оваа година за околу 0,5 отсто, што би бил поголем пад од претходно проектираниот. Тие проценуваат дека договорот ќе резултира со намалување на овогодишниот економски раст на ЕУ за помеѓу 0,1 и 0,2 процентни поени во однос на претходните предвидувања.

Trade Agreement USA and EU. Symbol for the Transatlantic Trade and Investment Partnership TTIP

ММФ со ревидирани прогнози за Еврозоната

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот ги ревидираше своите прогнози за изгледите за економскиот раст на Еврозоната за 2025 година од претходните 0,8 на 1%, со напомена дека во овие пресметки не е вклучено влијанието на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД. Во прогнозата на ММФ се наведува дека ваквата корекција е поттикната од “историски големиот раст” на извозот на фармацевтски производи од Ирска во САД во првите три месеци од годината. Без ова зголемување, според ММФ, годишната стапка на раст во Еврозоната би била 0,9 проценти.

Неизвесност и понатамошни корекции на прогнозите

Сепак, аналитичарите наведуваат дека ваквите прогнози би можеле да бидат коригирани откако ќе бидат допрецизирани некои од засега недоволно јасните одредби од трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, пред се оние поврзани со европскиот извоз на челик, алуминиум, алкохолни пијалаци и фармацевтски производи.

Иако ЕУ и Еврозоната избегнаа стагнација, умерениот раст, комбиниран со неизвесноста од трговскиот договор со САД, поставува предизвици за втората половина од 2025 година. Монетарните и фискалните политики, заедно со способноста на економиите да се адаптираат на новите глобални услови, ќе бидат клучни за стабилноста и отпорноста на европската економија.

Анализи

ФЕД ја задржа каматната стапка, можно ново зголемување до крајот на годината

Објавено

на

Американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), одлучи да ја задржи референтната каматна стапка непроменета на првиот состанок за монетарна политика под раководство на новиот гувернер Кевин Ворш.

Каматната стапка останува во опсег од 3,5 до 3,75 проценти, што е четврти последователен состанок на кој ФЕД не прави промени во монетарната политика.

Сепак, речиси половина од членовите на Одборот сигнализирале дека би можеле да поддржат зголемување на каматните стапки подоцна во текот на годината поради сè уште покачената инфлација во САД.

Ворш, кој неодамна ја презеде функцијата од Џером Пауел и беше именуван од американскиот претседател Доналд Трамп, не понуди конкретни проекции за идните потези на ФЕД. Тој најави формирање работни групи кои ќе ги разгледуваат начинот на комуникација на институцијата, изворите на податоци што се користат при носењето одлуки и методологијата за проценка на инфлацијата.

На состанокот и поранешниот гувернер Џером Пауел гласал за задржување на каматната стапка на сегашното ниво.

Новото раководство на ФЕД се соочува со сложена ситуација. Можното зголемување на каматните стапки би можело да предизвика нови тензии со Белата куќа, но и да ги зголеми трошоците за задолжување на американските граѓани во период пред конгресните избори во ноември.

Во меѓувреме, инфлацијата во САД останува над целното ниво на ФЕД од два проценти. Во мај таа изнесуваше 4,2 проценти, иако евентуалното смирување на тензиите на Блискиот Исток и падот на цените на горивата би можеле да придонесат за нејзино забавување во наредните месеци.

Ворш порача дека централната банка останува посветена на својата основна цел – враќање на инфлацијата на посакуваното ниво и зачувување на ценовната стабилност.

Извор: Finansije.hr

Продолжи со читање

Анализи

НБРСМ: Над 90 проценти од плаќањата кај малите бизниси и натаму се вршат во готово

Објавено

на

Иако граѓаните сè повеќе користат дигитални услуги и електронски начини на плаќање, малите трговци во земјава сè уште во голема мера се потпираат на готовински трансакции. Според податоците презентирани од Народната банка, повеќе од 90 проценти од плаќањата кај малите трговци се реализираат во готовина.

На работилница организирана од Народната банка во соработка со Светската банка, вицегувернерот Игор Величковски посочи дека државата располага со солидна дигитална инфраструктура. Околу 84 проценти од населението има платежна сметка, а три четвртини од корисниците на сметки користат дигитални канали за плаќање. Воедно, интернет и мобилната покриеност надминуваат 90 проценти.

Сепак, користењето електронски плаќања кај малите бизниси останува ограничено. Во земјава работат околу 16.700 трговци, а на располагање има приближно 36.000 уреди за прифаќање електронски плаќања, што покажува дека нивната употреба е нерамномерно распределена и најчесто концентрирана кај поголемите трговски субјекти.

Според Величковски, главната пречка не е неподготвеноста на граѓаните, туку ставот на дел од малите трговци дека дигиталните плаќања се скапи и комплицирани за воведување и користење.

Како можни решенија беа посочени инстант плаќањата, користењето QR-кодови, плаќањата преку алијаси и системите за моментална потврда на трансакциите. Целта е плаќањата да станат поедноставни, побрзи и подостапни за малите бизниси.

Од Народната банка нагласуваат дека во соработка со Светската банка продолжуваат активностите за модернизација на платниот систем и интеграција со европските платежни стандарди, со што би се олеснило прифаќањето на дигитални плаќања од страна на сите трговци.

Продолжи со читање

Анализи

Пад на цените на нафтата по договорот меѓу Трамп и Пезешкијан за прекин на конфликтот на Блискиот Исток

Објавено

на

Цените на нафтата денеска забележаа пад откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за ставање крај на воениот конфликт на Блискиот Исток. Дополнителен притисок врз пазарот создаде и предупредувањето од Меѓународната агенција за енергија за можен вишок на понуда на нафта во текот на следната година.

Според податоците на Trading Economics, цената на суровата нафта изнесува 74,56 долари за барел, додека нафтата од типот Брент се тргува по 77,64 долари за барел. Цената на природниот гас е 3,13 долари.

Фјучерсите за Брент со испорака во август паднаа за 1,13 отсто и достигнаа 78,65 долари за барел. Во исто време, фјучерсите на американската нафта West Texas Intermediate (WTI) за јули се намалија за 1,26 отсто, на 75,82 долари за барел.

Пазарните аналитичари оценуваат дека намалувањето на геополитичките тензии во регионот, заедно со очекувањата за зголемена понуда на енергенси, придонесуваат за слабеење на цените на нафтата на светските пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange