Connect with us

Банки

ПроКредит Банка е меѓу првите банки во земјата која ќе овозможи СЕПА плаќања од октомври 2025

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје е една од првите банки во земјата со официјално прифатена апликација за приклучување кон СЕПА (Single Euro Payments Area – Единствена област за плаќања во евра), со што започнува нова етапа на интеграција со европскиот финансиски систем.

Со членството во СЕПА се овозможуваат плаќања во евра во 41 земја членка на овој систем, со што се збогатува понудата на услуги на банката кои се современи, брзи и едноставни. Ова претставува потврда на нашата стратешка ориентација кон иновации и дигитализација и е од особено значење за нашите клиенти и за македонската економија во целина“, изјави Маја Михајлова, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Очекувањата се дека ПроКредит Банка ќе започне со оперативно извршување на СЕПА плаќањата од октомври 2025 година.

ПроКредит Банка останува посветена на својата мисија – да обезбеди одржливи, иновативни и достапни финансиски услуги, во согласност со највисоките европски стандарди.

Банки

НЛБ Банка: Промотивна каматна стапка од 5,7% за потрошувачки кредит до 16 април

Објавено

на

НЛБ Банка ги потсетува граѓаните на актуелната промотивна понуда за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,7 проценти, која е достапна до 16 април. Максималниот износ на кредитот изнесува до 2.000.000 денари, со можност за флексибилен рок на отплата.

Од банката посочуваат дека кредитот може да се аплицира на едноставен начин во експозитурите или дигитално преку мобилната апликација мКлик. Дигиталниот процес овозможува аплицирањето да се заврши со само неколку чекори, а одобрените средства да бидат достапни за кратко време.

Промотивниот потрошувачки кредит овозможува финансирање до 2 милиони денари, со фиксна каматна стапка од 5,7 проценти за целиот период на отплата и рок до 95 месеци.

Од НЛБ Банка нагласуваат дека ваквите кредитни решенија се наменети за сите кои сакаат брзо и едноставно да ги реализираат своите планови, со можност целата постапка да се заврши и дигитално преку мобилен телефон.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк продолжува да ја шири својата мрежа – нова експозитура во Струмица!

Објавено

на

Од 09.03.2026 година, клиентите можат да ја посетат новата експозитура на Халкбанк во Струмица, која нуди современи услови за банкарски услуги и професионална поддршка за секојдневните потреби на клиентите.

Со отворањето на оваа експозитура, Халкбанк ја зајакнува својата мрежа на 49 експозитури низ Македонија, продолжувајќи да биде достапна и блиска до граѓаните.

Новата експозитура е дел од стратешкиот пристап на Банката за обезбедување поголема покриеност, квалитетно сервисирање и личен контакт со клиентите, во духот на мотото #ВажниСеЛуѓето.

Продолжи со читање

Банки

Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов именувани за нови членови на Надзорниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Собранието на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на ден 09.03.2026 година донесе одлука за именување на Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов за нови членови на Надзорниот одбор, со мандат од четири години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од Народната банка.

Новите членови ќе ги остваруваат своите права и обврски согласно Законот за банките, Статутот и интерните акти на Банката.

Николај Бебов

Николај Бебов е магистер по право на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, додека основните правни студии ги завршил на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Тој е ко-основач и партнер во реномираната правна групација за финансиски услуги „Tsvetkova Bebov & Partners“ и важи за еден од водечките експерти во Бугарија во областа на банкарското и финансиското право, како и пазарите на капитал.

Бебов бил ангажиран како експерт и ко-раководител во повеќе значајни проекти во Северна Македонија, меѓу кои:

  • Проект за законодавство за нетирање и финансиски колатерал, поддржан од ЕБОР
  • Проект за усогласување на законодавството за пазарите на капитал

Тој има богато искуство во трансакции на пазарите на долгови и акции, IPO, листинзи, корпоративно управување, банкарско кредитирање, проектно и аквизициско финансирање, како и во регулаторни прашања поврзани со CRR, CRD и BRRD, вклучително и теми од областа на банкарската стабилност, резолуција и управување со ризици.

Антонио Валентинов Дичев

Антонио Валентинов Дичев е доктор на науки по финансии на Академијата за економија „Д.А. Ценов“ во Свиштов, Бугарија, со докторска дисертација на тема „Проценка на финансиски ризик преку машинско учење“.

Професионалната кариера ја започнал во Фибанк, каде напредувал од аналитичар до раководител на одделение за статистички анализи и модели, а потоа и заменик-директор на секторот за управување со ризици и член на АЛКО, позиција која ја извршува и денес.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange