Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување на Самостоен референт во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на  1 лице за позицијата Самостоен референт

  • Локација Дирекција
  • Деловна единица Одделение за сметковоство и известување
  • Ги изработува извештаите за работењето на Банката годишно, тромесечно, месечно;
  • Изготвува анализи за различни аспекти од работењето на Банката
  • Изготвува разни извештаи и индикатори за потребите на Управниот одбор на Банката
  • Учествува во изготвувањето на посебните и збирните извештаи на ниво на Банка, како и за потребите на ревизиите на ревизорските куќи и ревизиите на НБРМ
  • Ги следи и применува сите прописи и упатства од овој делокруг на работењето
  • Изготвува извештаи за финансиско известување кон НБРМ, како и консолидираните извештаи за акционерите на Банката
  • Изготвува извештаи за Комисија од Хартии од вредност
  • Подготвува и испраќа дневни, декадни, месечни, и годишни извештаи (екстерни и интерни)
  • Учествува во изготвување на годишна сметка и нејзино доставување до соодветните институции (Централен регистар на РМ електронски)
  • Учествува во изготвување и ажурирање на Политики и процедури за финансиско известување
  • Ги изготвува и ажурира сметководствените политики согласно измените и дополните на сметководствените стандарди
  • Ги врши сите работи во односите со УЈП, Државен завод за статистика, ПИОМ и ФЗО
  • Изработка и анализа на КНБИФО и бруто салдо биланс на ниво на Банка
  • Пресметува и книжи амортизација
  • Води евиденција на преземените средства по основа на наплата на побарувања, евиденција на златници
  • Соработува со државните институции и ги контролира извештаите за нив
  • Анализира месечни состојби на билансот на Банката
  • Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО (влезни фактури), побарувања од купувачите (излезни фактури), пресметки и плаќања по даноци
  • Го води материјалното книговодство – евиденцијата на основни средства, ситен инвентар, (инвентарна книга)
  • Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените материјални средства врз основа на побарувања
  • Врши контрола и усогласување на сметки од другите организациони единици врзани за пресметка на даноците
  • Ги врши врши сите работи окулу пресметките и исплатите на платите

Квалификации

  • Работно искуство: Минимум 5 години
  • Образование: предност Економски фалкутет
  • Активно познавање на Англиски Јазик
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Силна етика
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Напредно користење на MS Office.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected]

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.

Кариера

Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа

Објавено

на

Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа.

Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.

Најкратко се работело во Холандја – 31,9 часа неделно. Потоа следуваат Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа.

Евростат објаснува дека податоците се однесуваат на реално одработени часови во текот на референтната недела, вклучувајќи прекувремена работа, но без боледувања, одмори и времето поминато во патување до работа.

Според професиите, најдолго работеле квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството – околу 42 часа неделно. По нив следуваат менаџерите со 40,6 часа и вработените во вооружените сили со 39,4 часа неделно.

Најкратка работна недела имале работниците во основните занимања, со просек од 31,8 часа неделно.

Продолжи со читање

Кариера

Иуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Ние не следиме трендови. Ги создаваме.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на партнерски екосистем

Не бараме само раководител. Бараме архитект на партнерски екосистем.

Твојата мисија?

Да го менаџираш и надградиш партнерскиот екосистем што веќе години наназад го трансформира начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиски услуги.

Ќе бидеш на пресекот помеѓу бизнис, технологија, дигитални продукти и стратешки партнерства – со директно влијание врз растот на компанијата.

Што ќе движиш?

Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе создаваш партнерски понуди што носат вистинска вредност.

Ќе го управуваш производот од почеток до крај 

Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа – од идентификација на нови можности, до активација и раст.

Ќе управуваш партнерски продажни канали, API интеграции и перформанс базирани на податоци.

Ќе креираш беспрекорно дигитално корисничко искуство преку MyIute и ќе обезбедиш подготвеност за скалабилна партнерска дистрибуција.

Ќе дефинираш како финансиските продукти се интегрираат во дигиталниот свет – преку API функционалности и партнерски решенија.

Ќе трансформираш производи во паметни, дигитални канали за раст.

Кого бараме?

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

✔ Имаш универзитетско образование.

✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. Амбиција за трансформација? Неопходно.

✔ Дигиталните производи, податоците и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски.

✔ Преговараш самоуверено, носиш одлуки и гледаш можности каде другите гледаат процеси.

✔ Имаш проактивен пристап, ориентација кон резултати и тимска енергија.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку партнерства, технологија и дигитални екосистеми – време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 01 јуни 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на парнерски екосистем

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Секторот за ликвидност и финансиски пазар

Објавено

на

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата стручен соработник за порамнување во земјата и во странство во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Во објавата се наведува дека Комерцијална банка нуди можност за работа во стабилна и современа институција со долгогодишна традиција, како и професионална средина која ги вреднува личните и професионалните квалитети на вработените.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку страницата за вработување на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange