Останато
Готовината повеќе не е крал во земјата на полноќното сонце
Дали знаевте дека готовината сè помалку се користи во Шведска, која е една од најдигитализираните земји во светот?
Шведска одамна е позната како пионер во безготовинските плаќања. Ако планирате да ја посетите ова лето, важно е да знаете дека многу продавници, ресторани и кафулиња веќе не прифаќаат готовина.
Заборавете на кешот и секогаш имајте го телефонот наполнет, или барем платежна картичка при рака.
Според податоците за 2024 година, само една од десет трансакции во Шведска е направена со готовина. Најчесто се користат платежните картички, а веднаш зад нив се мобилните апликации за плаќање.
Швеѓаните се навикнати да ги користат своите телефони буквално за сè, од банкарство и дигитална идентификација, до јавен превоз и поднесување на даночни пријави.
Нов закон што ќе стапи на сила во јуни 2025 година има за цел да го направи банкарството и платните услуги подостапни за сите.
Останато
УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.
Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.
Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.
Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.
Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.
Останато
МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата
Граѓански обврзници од третата емисија, за која Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.
Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.
Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.
Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Останато
Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември
Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.
Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.
„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.
Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.
Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.
-
Осигурувањепред 2 месециДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит
-
Банкипред 2 месециСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Известување за девизни СЕПА кредитни трансфери
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Кој е кој во финансискиот сектор во Македонија
-
Банкипред 2 месециКОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА: Забележана е измамничка кампања со испраќање лажни СМС пораки за ажурирање сметка
-
Продуктипред 1 месецШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица





