Connect with us
no baners

Банки

НОВО – Испраќај пари директно и веднаш со Visa Direct и мБанка на Комерцијална банка

Објавено

на

no baners

Следејќи ги најсовремените трендови и софистицирани потреби на клиентите, Комерцијална банка со гордост ја претставува новата услуга Visa Direct за префрлање пари на лесен и брз начин на Visa дебитна картичка. Оваа дигитална услуга, со која парите се испраќаат директно и веднаш, сега станува достапна во Македонија преку глобалната платформа Visa и мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка.

Со Visa Direct им овозможуваме на корисниците на мБанка да ги движат парите брзо, лесно и сигурно – директно од платежна сметка во денари на Visa дебитна картичка.

Новата дигитална услуга веќе е достапна во мБанка на Комерцијална банка. Со Visa Debit од Комерцијална банка и со регистрирање за Visa Direct, клиентите добиваат можност за примање пари директно на нивната дебитна картичка. Секој корисник на мБанка со можност за вршење трансакции може да ја користи за испраќање пари на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата.

Парите пристигнуваат во рок од неколку секунди и веднаш се достапни за користење, каде и да се наоѓаат испраќачот или примачот.

Услугата е бесплатна за префрлање пари на Visa Debit издадена од Комерцијална банка, а во промотивниот период до 30 септември 2025 година и за трансфери кон Visa дебитни картички издадени од други банки во земјата.

Visa Direct значи можност за брзо и едноставно префрлање пари на роднина, пријател или соработник кога сакаш и каде сакаш. Со оваа иновативна услуга, Комерцијална банка како лидер во дигиталната трансформација на платежните системи во земјата обезбеди уште една поволност која го олеснува секојдневието на клиентите и им заштедува време и пари.  

Остануваме посветени на развој на решенија кои им овозможуваат на нашите клиенти привилегија да располагаат со своите средства 24/7 со уште поголема слобода и врвно корисничко искуство.

Регистрирај се во мБанка, испробај ја Visa Direct и движи ги парите брзо кога сакаш и каде сакаш.

Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк

ПР објава

no baners

Банки

Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност

Објавено

на

Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.

Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.

Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange