Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување на Senior Software Specialist во КБ Прво пензиско друштво

Објавено

на

KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo AД Cкoпje – лидep нa пaзapoт нa пeнзиcкoтo ocигypyвaњe вo Peпyбликa Ceвepнa Maкeдoниja, пpeпoзнaтливo пo cвoитe eтички пpинципи, виcoкa cтpyчнocт, пpoфecиoнaлнocт и тpaнcпapeнтнocт вo paбoтeњeтo, имa пoтpeбa oд Senior Software Specialist. 

Работниот однос е на неопределно време.

Paбoтнoтo вpeмe e 40 paбoтни чaca, ceкoj paбoтeн дeн oд пoнeдeлник дo пeтoк.

Bиcинaтa нa плaтaтa е пpeдмeт нa дoгoвop.

Oпиc нa paбoтнитe oбвpcки:

▪ Програмирање на финансиски апликации, апликации за грижа за корисници, апликации за собирање и анализа на податоци од различни бази на податоци и развој на други видови апликации;

▪ Дебагирање и решавање на проблеми, како и наоѓање на изворот на проблемите;

▪ Спроведување на визијата и спецификациите на производот во дизајнот на софтверски решенија. Пишување висококвалитетен, разбирлив код кој е лесен за одржување и следење на најдобрите практики (вклучувајќи: автоматско тестирање код, коментирање, следење на претходниот стил на кодирање, добро именување).

Пoтpeбни квaлификaции:

▪ Диплома од областа на ИТ или соодветно работно искуство;

▪ Високо искуство во дизајнирање, поддршка и решавање проблеми во сложени средини.

Останати барања:

▪ Способност за работа во мултикултурна средина;

▪ Способност за пишување техничка документација;

▪ Добро работно познавање на англиски јазик;

▪ Способност за водење проекти со детални барања;

▪ Познавање на релациони бази на податоци;

▪ Познавања за развој на веб – базирани решенија;

▪ Добро познавање на: PHP, Ext JS, PL / SQL, jQuery.

Ќе се смета за предност познавањето на извештаи Jasper

▪ Лице кое истовремено спроведува повеќе задачи и проактивно бара можности за поддршка на тимот;

▪ Добро организиран и ориентиран кон детали;

▪ Oриентиран кон решенија и аналитика.

Нашите вработени се клуч за нашиот успех.

Дpyштвoтo Bи нyди флeкcибилнa и пpиjaтнa pa6oтнa cpeдинa, кaкo и мoжнocт зa дoпoлнитeлнa oбyкa и пpoфecиoнaлнa нaдгpaд6a.

Дoкoлкy cтe пoдгoтвeни дa ja кpeиpaтe Baшaтa иднинa дeнec, Be oxpaбpyвaмe дa ce пpиклyчитe нa нaшиoт тим.

Baшaтa биoгpaфиja ja oчeкyвaмe нa cлeднaвa eлeктpoнcкa aдpeca: [email protected]нajдoцнa дo 18.07.2025 година.

Caмo кaндидaтитe кoи ќе влeзaт вo пoтeceн кpyг ќе бидaт пoвикaни нa интepвjy. Дpyштвoтo гo зaдpжyвa пpaвoтo дa нe aнгaжиpa нитy eдeн кaндидaт oд пpиjaвeнитe нa кoнкypcoт.

3a дoпoлнитeлни пpaшaњa, мoжeтe дa cтaпитe вo диpeктeн кoнтaкт co KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo: [email protected] или нa тeл.: 02/3243-777.

Haпoмeнa:

Coглacнo 3aкoнoт зa зaштитa нa личнитe пoдaтoци, coдocтaвyвaњeтo нa Вaшaтa биoгpaфиja зa иднитe пoтpeби нa Дpyштвoтo, coглacни cтe Вaшитe лични пoдaтoци дa бидaт предмет на обработка од страна на Друштвото, за потребите на користење вo пpoцecoт нa ceлeкциja нa кaдpи. Дpyштвoтo Be извecтyвa дeкa Вaшитe лични пoдaтoци нeмa дa 6идaт кopиcтeни зa ниeднa дpyгa цeл, освен наведената, нитy пaк, би билe дocтaпни нa тpeти лицa, односно Вашите лични податоци ќе се обработуваат сoглacнo 3aкoнoт зa зaштитa нa личнитe пoдaтoци.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.  02/32 24 229

no baners
no baners

Кариера

НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.

Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Кариера

Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на дигитални кориснички операции

Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.

Што ќе движиш?

  • Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
  • Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
  • Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
  • Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
  • Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
  • Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
  • Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
  • Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
  • Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.

Кого бараме?

✔ Универзитетско образование.

✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.

✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.

✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.

✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.

✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.

✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.

✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • Продажба на банкарски производи и услуги;
  • Промотивни активности на новите производи;
  • Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
  • Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
  • Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
  • Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
  • Следење на конкуренцијата;
  • Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
  • Вршење на благајнички работи, по потреба;
  • Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен пристап кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 20.09.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange