Connect with us
no baners

Банки

Успешен настап на екипата на ТТК Банка на Банкарските игри

Објавено

на

Во периодот од 16 до 18 мај 2025 година, Охрид повторно беше домаќин на традиционалните Банкарски игри, организирани од Сојузот на финансиски организации на Македонија (СФОМ) – собир кој го обединува банкарскиот сектор преку спорт, забава и тимски натпреварувачки дух.

ТТК Банка АД Скопје беше една од највпечатливите учеснички на овогодинешното издание, со тим од 19 ентузијастични и мотивирани вработени кои се натпреваруваа во различни спортски дисциплини. Посветеноста и енергијата на тимот резултираа со бронзен медал и пехар во женска конкуренција во тенис, заслужено признание за трудот и спортскиот ентузијазам.

Учеството на Банката не беше само во знакот на медалите, туку и на поддршката на здравиот и активен начин на живот, градењето на корпоративната култура и зацврстувањето на внатрешната тимска кохезија.

„Горди сме на нашите вработени кои ја претставија ТТК Банка со посветеност и спортски дух. Овој настан ја потврдува нашата заложба за инвестирање во луѓето, не само професионално, туку и лично“, изјавија од ТТК Банка.

ТТК Банка останува посветена на поддршката на спортот, благосостојбата на вработените и продолжува да биде пример за институција што активно ги промовира позитивните вредности во деловното опкружување.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.

Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.

„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange