Банки
Мала промена во начинот, голема разлика во денот
Замисли дека сметките за курсевите на децата или пак ратата за кредит ги плаќаш со кафе во едната рака и со компјутерот пред тебе. Без стрес, без трчање по шалтери, без досадното прашање: „Дали стигна уплатата?“ Веднаш имаш преглед на сите приливи и одливи од твоите платежни сметки.
Замисли дека трансфер на пари ти трае пократко од ставање филтер на story на Инстаграм. Кога имаш 24/7 пристап до твоите банкарски производи и услуги сѐ е брзо и едноставно. Затоа што не губиш време додека му префрлаш пари на пријател или на твоето дете.
Е, сега замисли и дека додека чекаш лет на аеродром може да поднесеш документи за распределба на приливите од странство во твојата фирма и средствата за кратко време да ти бидат на располагање. И сето тоа не изгледа неверојатно – изгледа нормално.
Замисли дека твојата онлајн банка те чека тебе, а не ти неа. Во свет каде сè се движи – и ти и твоите обврски и твоите идеи – потребно ти е банкарство што ќе може да се движи со тебе. Без паузи, без комплицирани менија, без потреба да прашуваш „како се прави ова?“. Банкарство кое го чувствуваш како да е направено за тебе.
Новата Интернет банка на Комерцијална банка е со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности така што дозволува лесно управување со твоите сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени од кое било место преку твојот компјутер или друг мобилен уред.
Со електронското банкарство на Комерцијална банка добиваш:
- Подобро корисничко искуство со лесен пристап до твоите производите
- Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
- Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
- Персонализирани услуги според твоите потреби
- Максимална безбедност и контрола на платежни сметки и картички
Токму затоа електронското банкарство денес не е само згоден додаток – тоа е алатка без која тешко се замислува еден обичен ден. Секојдневните обврски можеби не се спектакуларни, но тие ти го прават денот – едноставен или комплициран. А, денот навистина може да биде опуштен кога банкарските трансакции се едноставни и лесни, како праќање Вибер порака, и не трошат време, не ги менуваат другите планови и не ти задаваат грижа дека може да задоцниш со некоја уплата.
И во бизнисот, секоја минута е важна. Некогаш ќе треба да се донесе одлука веднаш и се прашуваш дали има доволно средства на сметка, дали е стигната уплатата, дали е извршена исплатата? Електронското банкарство тогаш не е само практично, туку е суштинска алатка за беспрекорно и ефикасно функционирање на бизнис финансиите.
На крајот на денот, целата поента е во чувството дека можеш да се потпреш на нешто. Дека имаш контрола. Дека сè е средено, дури и кога денот не е.
Замисли дека твојата банка се прилагодува на тебе, а не обратно. Не мораш ни да замислуваш. Доволно е да се најавиш на Интернет банка
Банки
Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност
Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.
Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.
Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.
Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.
Банки
Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.
Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.
Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.
Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.
Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.
Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија

