Банки
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
НЛБ Банка Скопје официјално ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што станува и првата банка во Република С. Македонија која го започна овој значаен процес на интеграција на македонскиот финансиски систем во европскиот платежен систем.
СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА.
Патот кон СЕПА за нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување на апликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука. Со прифаќањето на Република С. Македонија во географската зона на СЕПА на македонските даватели на платежни услуги – банките им се овозможи да аплицираат за учество во СЕПА платежните шеми и оперативно вклучување за извршување на плаќањата во евра со сите земји членки почнувајќи од 6 октомври 2025 година.
„Членството на НЛБ Банка Скопје во СЕПА ја потврдува нашата посветеност кон иновации, интеграција и финансиска достапност за сите наши клиенти. Тоа е стратешки потег кој ја подобрува позицијата на македонските граѓани и компании на европскиот пазар и ги отвора вратите кон европскиот финансиски систем, овозможувајќи им на поединците и бизнисите од Република С. Македонија поефикасно да учествуваат во економијата на Еврозоната. Од друга страна, приклучувањето кон СЕПА придонесува кон напорите за целосна финансиска интеграција на нашата земја во европскиот економски простор“– истакнуваат од НЛБ Банка Скопје.
Пристапот во СЕПА на НЛБ Банка Скопје се очекува да биде на почетокот на октомври
годинава, по техничката интеграција на Банката со системот. Со приклучувањето кон СЕПА, НЛБ Банка Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да вршат и примаат плаќања во евра низ, во моментов 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.
Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции – плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА, подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите.
Банки
Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон
Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.
Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.
Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.
Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.
Банки
АЛТА банка денеска ги исплати пензиите
АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.
Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.
Банки
НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање
НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 4 недели10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





