Продукти
Депозит што работи за тебе – парите се достапни во секое време, а добивката фиксна

Баланс помеѓу сигурност и флексибилност
Во свет каде финансиската флексибилност е подеднакво важна како и приносот на вложените средства, пронаоѓањето на балансот е од суштинско значење. Дали некогаш сте посакале да ги ставите вашите пари на сигурно, но да останат достапни ако животот ви донесе нешто неочекувано? Халкбанк има решение кое токму тоа го овозможува –Промо депозит со каматни стапки од 3,40% за денари и 2,70% за евра на рок од 13 месеци.
Штедење без компромис
Промо депозитот е дизајниран за клиентите кои сакаат да штедат стратегиски – со јасна цел, но и со свест дека животот не секогаш оди според планот. Со фиксна каматна стапка за однапред определен период, вие знаете колку точно ќе заработите. А ако ситуацијата се смени? Вашите средства ви се достапни во секое време.
Како функционира?
Овој депозит е идеален за сите кои сакаат да го извлечат максимумот од своите заштеди, без да ги „заклучат“ парите подолг период. Потребно е да вложите најмалку 30.000 денари или 500 евра, а каматата е фиксна – однапред позната и сигурна. Може да изберете дали сакате да ја добивате месечно или на крајот од договорениот период.
Во текот на орочувањето, средствата остануваат на депозитот за да го остварат договорениот принос. Ако во меѓувреме се предомислите и сакате да ги повлечете порано, добивате камата според важечката стапка по видување. Кога ќе заврши периодот, депозитот автоматски се продолжува според условите што важат во тој момент – без потреба нешто дополнително да правите.
Зошто токму сега?
Оваа промотивна понуда е достапна до 31 мај 2025 година. Во време на економска неизвесност, изборот на финансиски производ што нуди стабилност, но и јасни правила, е чекор кон сигурна иднина. Промо депозитот на Халкбанк ви овозможува да ги остварите вашите финансиски цели без да се откажете од чувството на контрола.
Без разлика дали штедите за нов дом, семејно патување или едноставно сакате да ја зголемите вашата финансиска резерва, Промо депозитот е штедна алатка што работи за вас – тивко, стабилно и предвидливо.
Банки
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!
НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.
Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.
Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.
НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.
За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk
Продукти
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.
Како функционира Apple Pay?
Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.
Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?
Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.
Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.
Продукти
Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“

Летото е полно со можности, а ПроКредит Банка е тука да ги отвори сите врати за твоите остварувања! Со промотивниот потрошувачки пакет, донесувањето одлуки е многу поедноставно и планирањето полесно.
Со оваа идеја, ПроКредит Банка нуди практичен пакет со потрошувачки кредит прилагоден на потребите на клиентите, овозможувајќи им сигурност и стабилност за целиот период.
Промотивниот потрошувачки пакет вклучува потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, кредитна картичка и дозволено пречекорување.
Дополнително, промотивната понуда вклучува поволности кои им заштедуваат на клиентите време и административни трошоци. Аплицирањето е едноставно, без гаранти, без осигурителна полиса и без нотарски заверки.
Понудата е достапна и за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити од други банки.
„Во ПроКредит Банка секогаш се стремиме да им обезбедиме на клиентите комплетна поддршка. Со воведувањето на промотивниот потрошувачки пакет, целта е да им овозможиме на клиентите сигурност и предвиливост во нивното финансиско планирање и дополнително да им го поедноставиме целиот процес“, истакнува Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица.
Без разлика дали планирате уредување на домот, инвестирање во образование или пак патување – со ПроКредит Банка, сите врати се отворени.
Аплицирањето може да го направите директно преку веб страницата на банката или со посета на најблиската експозитура.
-
Продуктипред 2 месеци
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 месеци
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 1 месец
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 1 месец
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка