Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка повторно е Златен спонзор на трката од 5 км на Скопски маратон

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година со гордост ќе придонесе за поддршка на спортот и здравиот животен стил како Златен спонзор на трката од 5 километри на Скопски маратон 2025.

„Скопскиот маратон е еден од најголемите спортски настани во земјава, кој секоја година обединува илјадници учесници и љубители на трчањето од сите генерации. Трката од 5 км, која ја поддржуваме како банка, претставува достапен и мотивирачки предизвик за сите – млади и постари, рекреативци и професионалци, семејства, пријатели и колеги.

Како општествено одговорна компанија, веруваме во силата на спортот да создаде здрави навики, ентузијазам и заедништво. Затоа со задоволство ја продолжуваме оваа успешна соработка со Скопски маратон.

Ги повикуваме сите вљубеници во трчањето, движењето и позитивната енергија да ни се придружат за заедно да ги обоиме улиците на Скопје во зелено“, велат од Комерцијална банка.

Банки

„Финансиска училница“ на Комерцијална банка со 90 ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје

Објавено

на

Деведесет ученици од трето одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје беа дел од едукативната програма „Финансиска училница“ на Комерцијална банка, преку која на интерактивен и забавен начин се запознаа со основите на финансиската писменост.

Преку интерактивни активности и практични примери прилагодени на нивната возраст, децата учеа како функционираат парите, зошто е важно штедењето и како одговорното управување со финансии може да помогне во носењето подобри одлуки во секојдневниот живот.

Големиот интерес и активното учество на децата потврдија дека финансиската едукација може успешно да се приближи и до најмладите, поттикнувајќи ги уште од рана возраст да развиваат здрави финансиски навики.

За многумина од нив, ова беше прв чекор кон разбирање на светот на финансиите и беше направен со голема самодоверба.

„Финансиската училница“ е дел од заложбите на Комерцијална банка за поддршка на финансиската едукација и градење генерации кои ќе располагаат со поголемо финансиско знаење, самостојност и одговорност. Од банката истакнуваат дека вложувањето во знаење е најдобрата инвестиција за посигурна финансиска иднина.

Продолжи со читање

Банки

Посебен сообраќаен режим поради велосипедската манифестација „Вози право, вози здраво“

Објавено

на

Стопанска банка информира дека утре ќе се одржи традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“, поради што во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во координација со надлежните институции.

Од Банката ги повикуваат сите учесници и граѓани да се однесуваат одговорно и да обрнат посебно внимание на најмладите велосипедисти кои ќе бидат дел од настанот.

Воедно, организаторите препорачуваат користење заштитна опрема и внимателно чување на личните предмети, со цел сите учесници безбедно да уживаат во спортската и рекреативна дружба.

Мапата на трасата и дополнителни информации за настанот се достапни преку каналите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк нуди онлајн депозити со фиксни каматни стапки до 3,5 проценти

Објавено

на

Халкбанк ја промовира својата услуга „Онлајн депозит“, која им овозможува на клиентите дигитално, брзо и едноставно да ги орочат своите средства без посета на филијала.

Во понудата се достапни повеќе рокови на орочување со фиксни каматни стапки во денари и евра. За депозит со рок од 13 месеци банката нуди каматна стапка од 3,2 проценти во денари и 2,4 проценти во евра. За орочување на 25 месеци каматата изнесува 3,4 проценти во денари и 2,6 проценти во евра.

Највисока каматна стапка е предвидена за депозитите со рок од 36 месеци, при што клиентите можат да остварат принос од 3,5 проценти за штедење во денари и 2,7 проценти за штедење во евра.

Од Халкбанк посочуваат дека услугата е наменета за корисници кои сакаат своите заштеди да ги управуваат онлајн, со едноставна процедура и однапред познати услови за орочување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange