Банки
Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство
Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка – модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа.
Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.
Новата Интернет банка обезбедува:
- Подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите
- Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
- Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
- Персонализирани услуги според сечии потреби
- Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички
Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.
„Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Новата Интернет банка, која е изработена во соработка со водечката домашна компанија за дигитална трансформација Некстсенс, е доверлив и неизбежен партнер за сечии лични и деловни финансии затоа што заштедува време и пари и ги извршува сите финансиски активности со беспрекорна ефикасност, брзина и безбедност.
Повеќе информации за новата Интернет банка се достапни на следниот линк, а новитетите на Интернет банка за бизнис финансии се достапни на следниот линк.
Банки
Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка
Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка.
Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт часовник, носи по една шанса (еден код) за освојување на една од наградите.
Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за освојување на една од наградите.
Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14 септември 2026 година.
Сите детали и правилата за Наградната игра се достапни на следниот линк.
Банки
Стопанска банка со добивка од 1,41 милијарда денари во првото полугодие
Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво.
Од Банката наведуваат дека намалувањето се должи на регулаторните и пазарните услови, пониските каматни стапки и каматни приходи, намалените провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и на еднократните приходи наплатени во 2025 година од претходно отпишани побарувања.
Во првото полугодие Банката издвоила 368,4 милиони денари за исправка на вредноста на финансиските средства и за посебна резерва за вонбилансна изложеност.
Вкупната актива на Банката на 30 јуни 2026 година изнесувала 159,035 милијарди денари, при што е забележан органски раст.
Консолидираните извештаи ги опфаќаат финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје и на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје.
Банки
Халкбанк нуди кредитна картичка со патничко осигурување и асистенција на пат
Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата.
Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена.

Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Халкбанк.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни



