Uncategorized
Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори

Под покровителство на НЛБ Банка д.д., вчеравечер, во Љубљана, со изложбата „Ехо: НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ свечено беше отворена новата Галерија МУЗА. Во присуство на важни гости, меѓу кои претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, странските амбасадори во Словенија, регионални уметници и истакнати личности од културниот и бизнис сектор, изложбата претстави уметнички дела од постоечката колекција на НЛБ д.д., која е најголемата приватна колекција во Словенија, вклучувајќи и дела од врвни уметници од регионот на Југоисточна Европа, правејќи ја Љубљанa, центар на регионалната современа визуелна уметност.

Уметничката колекција на НЛБ, во 2017 година беше прогласена за национално богатство на Република Словенија, а денес брои повеќе од 2000 дела и е најголема приватна колекција на уметност во Словенија. Во 2023 година, НЛБ Групацијата одлучи да продолжи со откуп на уметнички дела, како покровител, партнер и поддржувач на современата уметност во Југоисточна Европа. Така, колекцијата на НЛБ доби интернационална важност со нов концепт и структура, фокусирајќи се на современата уметност. Во изминативе две години, Групацијата откупи дела од 19 уметници од средната и младата генерација на земјите во регионов, кои, се дел од оваа изложба. Во колекцијата вклучени се и дела од тројца меѓународно докажани македонски автори: Христина Иваноска, Јане Чаловски и Нада Прља.
Куратори на изложбата се словенците д-р Мета Кордиш, Тевж Логар и македонската кураторка д-р Мира Гаќина.
По повод отворањето на Галеријата, Блаж Бродњак, претседател на Управата на НЛБ д.д, истакна дека НЛБ Групацијата традиционално е важен покровител, не само на словенечката, туку и на регионалната култура и уметност.

„Со отворањето на галеријата, со гордост започнуваме ново поглавје, бидејќи на пошироката публика ќе ѝ ги изложиме уметничките дела од сите пазари на кои сме присутни. Сакаме Галеријата МУЗА да стане центар на регионалната современа визуелна уметност, да ги поврзе народите кои живеат тука, да се запознаат подобро, да се поврзат и преку културата и уметноста да живеат во хармонија. Затоа, денешниот ден е важен, не само за НЛБ Групацијата, туку и за целиот регион, кој ние во НЛБ Групацијата го нарекуваме наш дом“, рече Бродњак.
Директорот на Галеријата МУЗА, Матко Миоќ по овој повод истакна дека прекрасната сецесионистичка банкарска палата на ул. Чопова во центарот на Љубљана сега ќе блесне во својот полн сјај.
„Словенечкиот музеј на банкарството, кој од 2021 година е сместен на првиот кат од оваа зграда, ќе биде придружен со естетски софистицирана и уникатна галерија на вториот и третиот кат. Банкарската палата станува дом на културата и место за поврзување на бизнисот и уметноста, обединувајќи ја Југоисточна Европа“, изјави Миоќ.
„Изложбата „Eхo – НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ е поделена во три
динамични целини, објасни д-р Мира Гаќина, ко-кураторка на поставката и член на Уметничкиот совет на НЛБ:
„Тие го рефлектираат односот помеѓу сегашноста и промената – отпорот и носталгијата од една страна, индиферентноста од друга, и креативната потрага по нешто ново од трета страна. Трите единствени целини, преку дијалогот помеѓу старата и новата колекција, истражуваат промена во односот кон себе, другите и околината, а се нарекуваат Идентитет, Заедница и Пејзаж“, изјави Гаќина.

Д-р Мета Кордиш, ко-куратор на изложбата Ехо и куратор на уметничката колекција на НЛБ, потенцираше дека почетоците на колекцијата датираат од раните 70-ти години на 20-тиот век, кога облакодерот на НЛБ (Управната зграда) на Трг Републике 2 бил опремен со уметнички дела.
„Изборот следеше јасен концепт и дизајн, а при обнова на зградата, колекцијата беше надградена. Историјата на нејзиното создавање била доверена на стручњаци, бидејќи нивната автономија е клучна за квалитетна колекција, презентација и евалуација. Банката отсекогаш била свесна за важноста на транспарентноста како суштински дел од деловната етика“, рече Кордиш.
Тевж Логар, ко- куратор на изложбата Ехо и претседател на Уметничкиот совет на НЛБ,
смета дека уметниците се критички набљудувачи на своето опкружување, па со
собирањето на нивните дела се ко-создава сведоштво за современиот момент.
„Дизајнот на колекцијата е создаден за да се разликува од други корпоративни
проекти во регионот, комбинирајќи купување, изложбена активност, истражување, издаваштво и институционални врски, што ја надминува класичната претстава за колекција како обична акумулација на артефакти. Овој пристап создава платформа што придонесува за образованието, ги поддржува уметниците и ги подобрува условите за продукција, дефинирајќи ја како важна референца за современата уметност во регионот“, изјави Логар.
Галеријата МУЗА се наоѓа на ул. Чопова бр. 3, во самиот центар на Љубљана, каде што се наоѓа и Словенечкиот музеј на банкарството и ќе биде отворена за посетителите секој ден, (освен понеделник) од 10 до 18 часот.
Изложбата Eхо ќе биде отворена се до 8 февруари 2026 година.
Uncategorized
Просечната каматна стапка на депозитите во октомври бележи годишен пораст, а кај кредитите годишен пад

Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни поени, додека кај вкупните кредити има пад од 0,11 процентни поени.
Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,07 проценти, а на вкупните кредити 5,38 проценти.
Кај корпоративниот сектор, забележан е месечен пад на каматната стапка на новоодобрените кредити за 0,13 процентни поени при што надолна промена има кај каматните стапки на денарските кредити, а раст кај кредитите во странска валута.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата на месечни ниво е пониска за 0,10 проценти поени и падот е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута.
Uncategorized
Годишен раст на „зелените кредити“ од 15% заклучно со јуни 2024 година

Продолжува растот на зелените кредити во портфолијата на банките и во вториот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал од 2024 година растот на „зелените кредити“ изнесува 2,6 милијарди денари или 2,8%, додека на годишна основа растот на овие кредити забави и изнесува 14,9%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. „Зелените кредити“ се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестиции во нова еколошка технологија.
Според податоците на Народната банка, на крајот од второто тримесечје од 2024 година, состојбата на „зелените кредити“ во билансите на банките изнесува 20.423 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Заклучно со второто тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 19.407 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 1.016 милиони денари.
Расте и уделот на „зелените“ во вкупните кредити, иако сѐ уште е на релативно ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со второто тримесечје од 2024 година, учеството на „зелените“ во вкупните кредити е зголемено од 2,2% на 4,5%, колку што изнесува во последните три квартали.
Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон „зелената“, одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на „зеленото финансирање“, вклучувајќи ги и монетарните мерки.
Uncategorized
КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка а.д. Битола

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска на седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка а.д. Битола.
Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција.
“Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена”, информираа од КХВ.
Комерцијална банка на 13-ти месецов објави дека нуди 3.200 денари по акција за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, откако од Народната банка и била издадена претходна согласност за стекнување капитален дел од 100 проценти од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.
Претходно, Стопанска банка а.д. Битола сподели дека Управниот одбор на 1 август согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва добил известување од Комерцијална банка АД Скопје дека има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.
На денешната седница на Комисијата за хартии од вредност е издадена и една дозвола за работење на инвестициски агент коj има склучено договор за продажба на удели со КБ Инвест АД Скопје.
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Преземете чекор и направeте ажурирање на Вашите лични податоци!
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 месец
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки
- Колумнипред 1 месец
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје