Connect with us
no baners

Останато

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Објавено

на

no baners

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец„Б“).

„Даночниот период за кои се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година.

Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот ја вршел дејноста“, се додава во соопштеието од УЈП.

Обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“ задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат, преку системот е-даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 17-ти март 2025 година (со оглед на тоа што 15-ти се паѓа во неработен ден) за доходот остварен во претходната, како и до Централниот регистар на РСМ.

Останато

Сашо Јовановски најдобар банкарски службеник од Капитал Банка за 2025 година

Објавено

на

По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.

Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето доби и претставникот од Капитал Банка АД Скопје – Сашо Јовановски.

Неговиот ангажман и посветеност во секојдневното работење е препознаен како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.

Со особена гордост го прогласуваме нашиот најдобар банкарски службеник Сашо Јовановски, кој со својата професионалност, посветеност и грижа за клиентите даде извонреден придонес во промовирањето на културата на штедење и финансиска одговорност. Неговото залагање е пример за тоа како индивидуалната посветеност гради доверба и успех на цел тим. Да продолжиме да штедиме, со знаење, со доверба и со визија за подобра иднина.” – велат од Капитал Банка АД Скопје.

Ова признание претставува потврда за вредностите и квалитетот што Капитал Банка АД Скопје ги негува – одговорно работење, ориентација кон клиентите и вложување во развој на своите кадри.

Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.

Честитки до наградениот вработен од Капитал Банка АД Скопје, кој со својата работа придонесува за поголема доверба и стабилност во банкарскиот сектор.

Продолжи со читање

Останато

Изабела Митреска и Александар Божиќ најдобри банкарски службеници од Силк Роуд Банка за 2025 година

Објавено

на

По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.

Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од Силк Роуд Банка АД Скопје – Изабела Митреска и Александар Божиќ.

Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.

Ова признание претставува потврда за вредностите и квалитетот што Силк Роуд Банка АД Скопје ги негува – одговорно работење, ориентација кон клиентите и вложување во развој на своите кадри.

Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.

Честитки до наградените вработени од Силк Роуд Банка АД Скопје, кои со својата работа придонесуваат за поголема доверба и стабилност во банкарскиот сектор.

Продолжи со читање

Останато

Панче Петрески и Џемиљ Шефки најдобри банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2025 година

Објавено

на

По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.

Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од ПроКредит Банка АД Скопје – Панче Петрески и Џемиљ Шефки.

Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.

Ова признание претставува потврда за вредностите и квалитетот што ПроКредит Банка АД Скопје ги негува – одговорно работење, ориентација кон клиентите и вложување во развој на своите кадри.

Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.

Честитки до наградените вработени од ПроКредит Банка АД Скопје, кои со својата работа придонесуваат за поголема доверба и стабилност во банкарскиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange