Осигурување
МинтИнс со нова понуда за своите корисници: Дополнотелно приватно здравствено осигурување по цена од 953 мкд/ месечно

МинтИнс нуди доброволно приватно здравствено осигурување за само 953 мкд месечно, кое обезбедува покривање на медицински трошоци и здравствени услуги во приватни установи.
* Полисите на МинтИнс вклучуваат различни опции во однос на покритие, во зависност од избраниот пакет.
* Покриваат услуги како педијатриски прегледи, малигни заболувања, операции, комплексна дијагностика и други.
* Семејниот пакет нуди можност за дополнително вклучување на состојби за бременост и породување.
Партнерски здравствени установи– МинтИнс има мрежа на партнерски приватни здравствени установи, вклучувајќи ги:
- ПЗУ Аџибадем Систина
- ПЗУ РЕ-МЕДИКА
- ПЗУ НЕУРОМЕДИКА
- ПЗУ Плодност, Битола
- ПЗУ Специјализирана болница Жан Митрев.
- и многу други.
Начини на плаќање:
- Директна исплата на трошоците од страна на осигурителот кон избраната ПЗУ.
- Исплата по пат на рефундација кон осигуреникот за останати ПЗУ.
Пакети:
- Индивидуален пакет
- Семеен пакет.
- Постојат минимален и максимален пакет.
Достапност:
- Достапен е онлајн калкулатор на Mint App.
За подетални информации, на следниот линк: http://www.mintins.mk/zdravstveno-osiguruvanje/
Бизнис
Средба со европски експерти од осигурителниот сектор

Ни беше голема чест да бидеме дел од овогодишната средба на европските експерти од осигурителниот сектор. Оваа средба беше организирана во Македонија, Охрид, каде што можевме да слушнеме стручни мислења од врвни експерти.
Темите за кои се дискутираше на средбата беа од укажувањето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и тоа: анализа на ризик, објавување на стапки за брокеража, нееднаква положба на осигурително-брокерските и другите посредници во осигурувањето, примена на ИДД, за финансиски омбдусман, учество на брокери во јавните набавки, размена на искуства од повеќе земји и најновите трендови во осигурувањето.
Целта беше да се добие поширока слика за проблемите со кои се соочува пред сѐ осигурително-брокерското работење во Македонија, но и пошироки теми, кои се однесуваат на усогласувањето на работењето со европските стандарди и директиви.
Претставници од земјите-членки на ЕУ
- Nic De Maesschalck – претседател на БИПАР и член на Insurance and Reinsurance Stakeholder Group – EIOPA
- Karel Van Hulle – креатор на директивата Solvency II
- Raminta-Zimkute-Pinele– претставник на Литванската асоцијација на брокерски друштва.
Учесници што ги споделија своите искуства на работењето во осигурителниот сектор во Македонија беа:
- Александар Атески – Флекс Брокер
- Никола Шарковски – Минт – инс
- Д-р Оливера Клинчарова – Делта ИНС Брокер АД Скопје, која воедно е и претседателка на Асоцијацијата на брокерски друштва.
ПР објава
Бизнис
Климе Попоски поднесе оставка од Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – ВИГ

Експертот за управување со ризик и осигурување, проф. д-р Климе Попоски, поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.
Оставката е доставена на 24 април 2025 година, а е констатирана истиот ден на седница на Надзорниот одбор на компанијата. Според официјалното соопштение објавено преку Македонска берза, Попоски ќе остане активен во своите извршни обврски сè до 31 мај 2025, додека оставката ќе стапи на сила од 1 јуни 2025 година.
„Ве известуваме дека на 24.04.2025 година г-дин Климе Попоски поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Оставката на г-дин Климе Попоски е констатирана на седницата на Надзорниот одбор одржана на 24.04.2025 година. Оставката на г-дин Климе Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Г-дин Климе Попоски ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.
Професорот Попоски беше именуван во Управниот одбор во ноември 2024 година. И покрај краткиот мандат, неговото присуство внесе значајна експертиза во областа на осигурителната регулатива, управување со ризик и супервизија.
Кој е Климе Попоски?
Климе Попоски е долгогодишен универзитетски професор на Катедрата за осигурување при Факултетот за економија – Прилеп, дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тој е еден од водечките експерти за осигурување во земјата, со богато искуство во јавниот и академскиот сектор.
Попоски е и основач и прв претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), институција која ја водеше цели 10 години, поставувајќи темели на современа регулатива и надзор во осигурителниот сектор во Северна Македонија.
Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп
Како дел од Vienna Insurance Group (VIG), Македонија Осигурување АД Скопје е една од водечките осигурителни компании на македонскиот пазар, со силна позиција во сегментот на неживотно осигурување. Промената во Управниот одбор доаѓа во време кога индустријата се соочува со нови регулативни предизвици и сè поголема потреба од дигитализација и прилагодување на европските стандарди.
Банки
Триглав Oсигурување Живот и Халкбанк со нови атрактивни можности за осигурување на живот за корисници на станбен кредит

Станбениот кредит е одлична можност за решавање на значајната животна потреба за сопствен дом, кој пропратен со осигурување на живот за корисникот на кредитот е вистинското решение за финансиската сигурност и стабилност на целото семејство.
Атрактивната комбинација на банкарски и осигурителни производи овозможува кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност за неговото семејство во услови кога тоа се задолжува со висок износ и на долг временски период полн со неизвесности.
Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк креираше нови продукти за осигурување за сите корисници на станбен кредит, кои обезбедуваат месечно плаќање на премијата вклучена во амортизациониот план на кредитот.
Со овој новитет корисниците на станбен кредит во Халкбанк добија можност да склучат полиса која им обезбедува сигурна отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, при што полисата е вклучена и во амортизациониот план на кредитот.
“Овозможуваме уникатни производи креирани според потребите на клиентите кои се корисници на станбен кредит во Халкбанк. Тие имаат можност да изберат помеѓу три вида продукти за осигурување, кои им овозможуваат премијата да ја плаќаат месечно заедно со ануитетот за кредитот се до отплата на станбениот кредит, а им обезбедуваат и осигурување во случај на смрт од болест или незгода. Со ова на корисниците на станбен кредит им понудивме навистина квалитетна и максимално корисна понуда за осигурување при долгорочно кредитирање”, велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Полисата за осигурување на живот на корисник на кредит е полиса со осигурена сума која го следи амортизациониот план на кредитот, а има за цел да обезбеди отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на ненадеен немил настан (смрт) на кредитобарателот. Оваа полиса има можност и за вклучување две осигурени лица на една полиса, со што обезбедува отплата на кредитот во случај на неочекувана смрт на кој било од двајцата осигуреници.
За уште поголеми бенефити за клиентите, Халкбанк за корисниците на станбен кредит нуди и осигурителни полиси вклучени во амортизациониот план на кредитот, кои имаат и штедна компонента. Полисата за Ризико осигурување со 30% поврат на премија и Полисата за Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт се со фиксна осигурена сума во случај на неочекувана смрт за цело времетраење на осигурувањето, која е во висина на износот на станбениот кредит. Овие полиси примарно гарантираат отплата на кредитот во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, а можниот вишок на средства се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските. Штедната компонента, пак, гарантира поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето.
Со оваа заедничка понуда на Триглав Осигурување Живот и Халкбанк корисниците на станбен кредит добиваат ефикасно и персонализирано финансиско решение за остварување на една од најголемите животни желби без финансиски грижи и потешкотии.
За дополнителни информации за понудата, како и за да ви помогнеме да изберете најдобро решение за вашата финансиска сигурност, посетете ја најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје.
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 недели
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 недели
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 1 недела
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 дена
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 7 дена
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје