Connect with us

Банки

Седница на Советот на Народната банка ‒ Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата

Објавено

на

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 27 февруари 2025 година, ги разгледа последните макроекономски показатели, како и информациите за управувањето со девизните резерви во последниот квартал на 2024 година.

Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, меѓународните организации очекуваат стабилизација на глобалниот економски раст во периодот 2024 – 2026 година, со врамнотежени краткорочни ризици, но надолни среднорочни ризици поврзани главно со трговската неизвесност и  геополитичките тензии. Макроекономската состојба кај нас е во согласност со октомвриските проекции, со годишен раст на БДП од 3% во третиот квартал од 2024 година и показатели за продолжен раст во четвртиот квартал. Просечната годишна стапка на инфлација во 2024 година изнесува 3,5% и целосно е во согласност со последните проекции на Народната банка. Сепак, неизвесноста во однос на идната динамика на инфлацијата и натаму постои, а е поврзана со цените на примарните производи поради геополитичките и климатските фактори, како и поради одредени фактори од домашен карактер коишто можат да влијаат на агрегатната побарувачка. Во декември 2024 година, вкупните депозити и кредити пораснаа над очекувањата, со годишен раст од 11,4% и 11,2%, соодветно. Анкетните податоци укажуваат на олеснување на кредитните услови и зголемена побарувачка на кредити.

Според Извештајот за управувањето со девизните резерви, на крајот на декември 2024, девизните резерви на земјава достигнаа историски максимум од 5.029 милиони евра, со повеќе од 60% вложени во хартии од вредност, главно државни обврзници од еврозоната.

Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку  пласмани во  финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а балансираниот приод во инвестирањето придонесе за остварување поволни финансиски резултати.

На седницата, Советот ги разгледа и ги усвои Финансиските извештаи на Народната банка и Годишната сметка за 2024 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија. Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи ја прикажуваат објективно финансиската состојба на Народната банка, како и резултатите од работењето и паричните текови, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување. Во согласност со заложбите за обезбедување транспарентност во работењето, Финансиските извештаи на Народната банка се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“, како и на интернет-страницата на Народната банка.

На Седницата на Советот беа разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка.

Банки

ЕБОР и ЕУ со 233 милиони евра за зелени инвестиции на компаниите од Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со поддршка од Европската Унија, ја проширува програмата „SME Go Green“ на Западен Балкан, со што дополнителни можности за зелено финансирање ќе добијат и малите и средни претпријатија во Северна Македонија.

Програмата, која се спроведува со поддршка на ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Во втората фаза се очекува да бидат обезбедени до 233 милиони евра кредитни линии од ЕБОР преку партнерски финансиски институции. Дополнително, предвидени се до 23,3 милиони евра инвестициски стимулации за компаниите што ги исполнуваат условите, како и 5,6 милиони евра за техничка помош.

Средствата треба да им помогнат на малите и средни компании да инвестираат во технологии и решенија со кои ќе го намалат влијанието врз животната средина, ќе ја подобрат енергетската и ресурсната ефикасност и ќе ја зголемат отпорноста на климатските промени и конкурентноста.

Програмата функционира преку локални партнерски финансиски институции, кои средствата од ЕБОР ги пласираат до компаниите. Инвестициските стимулации поддржани од ЕУ треба да ги намалат трошоците за зелените инвестиции, додека техничката помош е наменета за подготовка и проверка на проектите, подигнување на свеста и градење капацитети.

Посебен акцент е ставен на земјоделството и агробизнисот, обновливите извори на енергија и компаниите предводени од жени. Целта е истовремено да им се помогне на компаниите да се усогласат со стандардите на ЕУ и полесно да пристапат до нови пазари.

Програмата „SME Go Green“ беше започната во 2023 година. До средината на 2025 година ЕБОР веќе имаше пласирано 110 милиони евра преку 15 партнерски финансиски институции за поддршка на зелени инвестиции на малите и средните претпријатија низ регионот.

Продолжи со читање

Банки

„BACK TO YOU“ со NLB Next: Есенски попусти и поволности за враќање во форма

Објавено

на

NLB Banka Скопје ја продолжува кампањата „BACK TO YOU“, преку која корисниците на NLB Next можат да искористат есенски попусти и поволности поврзани со фитнес, активен живот и грижа за себе.

Кампањата е насочена кон враќање на здравите навики и мотивацијата за физичка активност, а банката преку своите канали ги претстави поволностите кај повеќе партнери.

Меѓу нив се FitActive, Natura Therapy, Magnus Fitness, Hardcore и FitHub, со понуди поврзани со тренинг, физичка активност, енергија и грижа за себе.

„Уште малку мотивација да продолжиш таму каде што застана. Врати се во форма, наполни се со енергија и направи нешто добро за себе“, порачуваат од NLB Banka.

Новите есенски попусти и поволности се достапни во рамки на NLB Next, како дел од кампањата „BACK TO YOU“.

Продолжи со читање

Банки

Комерцбанк бара договор меѓу УниКредит и германската влада за можната аквизиција

Објавено

на

Извршната директорка на Комерцбанк, Бетина Орлоп, ја нагласи важноста германската влада да биде вклучена во разговорите за евентуалното преземање на банката од страна на италијанската УниКредит.

„Важно е да има разговори меѓу двата големи акционери“, изјави Орлоп на конференција на Barclays, осврнувајќи се на средбата меѓу германскиот министер за финансии и првиот човек на УниКредит.

Според неа, евентуалната трансакција може непречено да се реализира само доколку постои договор и со вториот по големина акционер во Комерцбанк.

Орлоп и извршниот директор на УниКредит, Андреа Орчел, веќе водат формални разговори, додека можноста за преземање на германската банка станува сè поактуелна. Сепак, првите разговори покажале дека договор нема лесно да се постигне, бидејќи двете страни и натаму ги бранат сопствените стратегии.

Германската влада поседува околу 13 проценти од Комерцбанк, удел кој го задржа по спасувањето на банката за време на финансиската криза, и досега ѝ даваше поддршка на Орлоп.

Во понеделникот се одржаа и првите директни разговори меѓу Орчел и германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл за можната трансакција.

„Очекуваме Комерцбанк да остане берзанска компанија со седиште во Франкфурт и да продолжи со своето силно работење со средните компании, и во Германија и на меѓународно ниво“, изјави Клингбајл по средбата.

УниКредит веќе обезбеди удел од речиси 50 проценти во Комерцбанк. Доколку ги добие потребните регулаторни одобренија за целосно преземање на понудените акции, италијанската банка би можела да располага со мнозинство од гласовите на акционерските собранија.

Орчел претходно најави дека по евентуалното преземање би можел да го промени Надзорниот одбор на Комерцбанк, а потоа и највисокото раководство. Тој планира и намалување на меѓународната мрежа на германската банка, предлог на кој Орлоп се спротивставува.

Орлоп, пак, посочи дека Комерцбанк мора јасно да знае во која насока ќе се движи и каква стратегија ќе следи во иднина.

Извор: De.yahoo.com

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange