Connect with us

Банки

Блог страница на Комерцијална банка – Нов водич за паметни и современи финансии

Објавено

на

Финансиското знаење е клуч за паметни финансиски одлуки и финансиска благосостојба, а сега ти е достапно и преку КБ Блог – новата страница на kb.mk наменета за сите кои сакаат да научат повеќе за паметното користење на банкарските производи и услуги и да уживаат во својата финансиска слобода.

Комерцијална банка со задоволство ја претставува својата нова Блог страница, која содржи корисни информации за сите – без разлика дали ги прават првите чекори во светот на личните и бизнис финансии или сакаат да го збогатат своето знаење, да ги дознаат новитетите и да пронајдат успешни и паметни решенија.

Целта на Комерцијална банка е со зголемување на финансиската писменост да придонесе за подобри и поодговорни лични финансии, посреќни клиенти и за општа финансиска благосостојба. Со КБ блог, Банката сака да ја направи финансиската писменост достапна и разбирлива за сите затоа што секој заслужува да има знаење и алатки за да донесува подобри финансиски одлуки и да создаде сигурна иднина за себе и за своето семејство.

Што ќе најдеш на Блог страницата?

  • Едукативни статии како најдобро да користиш банкарски производи и услуги во секојдневниот живот и во бизнисот.
  • Совети за паметен избор на финансиско решение за безгрижни лични финансии и успешен бизнис модел.
  • Информации за безбедно дигитално банкарство и заштита од финансиски измами.
  • Најнови трендови и случувања во светот на финансиите пренесени од стручниот и искусен КБ тим.
  • Финансиска училница за најмладите подготвени да влезат во светот на личните финансии.

Секоја содржина на Блогот на едноставен, разбирлив и практичен начин ти помага да го подобриш личниот и семејниот буџет, да научиш како да управуваш со финансиите на твојот мал бизнис или на твојата компанија, да ги искористиш можностите на модерното дигитално банкарство или да се инспирираш за уште поголем личен и деловен финансиски успех.

Посети ја Блог страницата на Комерцијална банка и следи ги содржините затоа што финансиското знаење е моќ, а со правилни одлуки може да изградиш подобра финансиска иднина.

Банки

Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Објавено

на

Директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, искажа задоволство од натамошниот напредок на Народната банка во областа на статистиката, со позитивна оцена за квалитетот, обемот и навременоста на објавените податоци, коишто се во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Притоа, беше нагласено дека Народната банка прибира, изготвува и објавува податоци според највисокиот статистички стандард СДДС плус на ММФ, транспарентно и навремено, во согласност со Календарот за објавување податоци. Ова беше истакнато на средбата која ја имаше со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска, одржана на маргините на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. На средбата се разговараше за напредокот и за идните планови на Народната банка во областа на статистиката.

Делегацијата на Народната банка ги посочи напорите за унапредување на комуникацијата со јавноста, преку визуелно појасно прикажување на податоците, медиумска активност и интеракција на социјалните мрежи. Гувернерката истакна дека Народната банка постојано работи на развивањето нови сетови статистички податоци и на нивната достапност за пошироката јавност. Така, од октомври 2024 година, сетот на податоци за финансиските сметки е збогатен со квартални и со годишни консолидирани состојби, а до крајот на 2025 година би требало да бидат објавени и податоци за финансиските текови по сектори.

На средбата се зборуваше и за подобрувањата во екстерните статистики, коишто овозможија скратување на роковите за изработка и за доставување на месечните податоци за билансот на плаќања и кварталните податоци за меѓународната инвестициска позиција до Евростат, во согласност со стандардите и барањата на ЕУ. Во областа на монетарната статистика е започната и доброволна размена на податоци за каматните стапки со Европската централна банка. 

Делегацијата на Народната банка посочи дека со цел да се зајакне поддршката на известувачите и да се намали товарот за известување за статистички податоци, се продолжи со активностите за поголема дигитализација на процесот на известување. Во оваа смисла, се работи и на поедноставено известување на банките за статистички цели за платежните трансакции со странство и на усогласување со стандардите на СЕПА. Исто така, постепено се заокружуваат активностите поврзани со долгорочниот проект за воспоставување систем за детално известување за потребите на статистиката и супервизијата ИСИДОРА.

На средбата беше истакнато дека Народната банка активно соработува со ММФ на нови иницијативи во областа на статистиката и следењето на методолошките препораки заради постигнување подобар квалитет на податоците. Со цел да се направат методолошки подобрувања на податоците за дознаките и за останатите компоненти од платниот биланс, врз основа на препораките од ММФ, е изготвен предлог-модел за процена којшто е доставен до Фондот.

Од ММФ посочија дека со помош на овие постигнувања, Народната банка се издвојува како институција којашто активно се приспособува кон светските стандарди, обезбедувајќи квалитетни и навремени статистички податоци како основа за економскиот развој и стабилност.

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници од Одделот за монетарни и финансиски прашања (МЦМ) и од Правниот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, на кои се разговараше за сегашните активности и потенцијалната понатамошна соработка во доменот на зајакнувањето на монетарната рамка, вклучително и алатките за анализа на монетарната политика и нормативната поставеност. Беше разгледана и можноста за техничка поддршка за усогласување со меѓународните добри практики и со стандардите на Фондот.

Продолжи со читање

Банки

Банкари на еден ден: Кога учењето за парите е вистинска авантура во Стопанска банка АД – Скопје!

Објавено

на

Во рамки на Глобалната недела на парите 2025 и во духот на заложбите за унапредување на финансиската едукација уште од најрана возраст, Стопанска банка АД – Скопје организираше едукативен настан за учениците од трето одделение од О.О.У. „Гоце Делчев“ – Центар.

Младите учесници имаа можност да ја посетат филијалата „Младина“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) и да бидат „банкари на еден ден“. Преку внимателно осмислена едукативна тура и интерактивни активности, децата се запознаа со основните банкарски процеси, научија што значи штедење, како функционира една банка и кои се основните финансиски вештини што им се потребни за иднината.

Настанот беше збогатен со едукативни игри, креативни работилници, многу насмевки и дружење. Посебна радост кај учениците предизвика средбата со познатата Пчелка на Стопанска банка АД – Скопје, симбол и заштитен знак на детското штедење, со која имаа можност да се запознаат и дружат. Преку ова интерактивно искуство, децата уште поблиску ја почувствуваа важноста на штедењето и развија позитивен однос кон финансиската одговорност.

Сите учесници добија пригодни подароци како потсетник на новостекнатото знаење и убавото искуство.

Со оваа активност, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш ја покажа својата посветеност кон финансиската инклузија и развојот на финансиската писменост кај најмладите, вложувајќи во генерации кои ќе бидат одговорни и информирани корисници на финансиски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка повторно е Златен спонзор на трката од 5 км на Скопски маратон

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година со гордост ќе придонесе за поддршка на спортот и здравиот животен стил како Златен спонзор на трката од 5 километри на Скопски маратон 2025.

„Скопскиот маратон е еден од најголемите спортски настани во земјава, кој секоја година обединува илјадници учесници и љубители на трчањето од сите генерации. Трката од 5 км, која ја поддржуваме како банка, претставува достапен и мотивирачки предизвик за сите – млади и постари, рекреативци и професионалци, семејства, пријатели и колеги.

Како општествено одговорна компанија, веруваме во силата на спортот да создаде здрави навики, ентузијазам и заедништво. Затоа со задоволство ја продолжуваме оваа успешна соработка со Скопски маратон.

Ги повикуваме сите вљубеници во трчањето, движењето и позитивната енергија да ни се придружат за заедно да ги обоиме улиците на Скопје во зелено“, велат од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно