Банки
Комерцијална банка во 2024 има зелена заштеда од произведени 124,4 MWh електрична енергија и спречена емисија на 65,95 тони CO2
Комерцијална банка останува посветена на одржливото делување со континуирано зголемување на производството на електрична енергија преку сопствениот фотоволтаичен систем.
Зелената заштеда на Банката во 2024 година изразена во бројки значи произведени 124,43 MWh електрична енергија за сопствени потреби и спречена емисија на 65,95 тони CO2 во атмосферата. Со ова Комерцијална банка ја штити животната средина, ги поддржува напорите за намалување на јаглеродниот отпечаток и создава подобра и одржлива иднина.
За шест години, откога започна со сопственото еко-производство на електрична енергија, Банката произведе 407,7 MWh електрична енергија и спречи емисија на 216,1 тони CO2. Оваа „зелена“ заштеда на Комерцијална банка е еквивалентна на засадени 6.022 дрвја.
Банката има инсталирано фотоволтаични системи на покривите на Управната зграда во Скопје со моќност од 22,5 kW, во Филијалата Прилеп од 45 kW и во Филијалата во Куманово со моќност од 30 kW.
„Нашата зелена заштеда не е само бројка – тоа е чекор напред во заштитата на природата и пример за одговорно корпоративно работење. Комерцијална банка останува посветена на еколошките иницијативи, вложувајќи во чиста енергија и поддржувајќи одржливи решенија. Заедно можеме полесно да направиме разлика“, велат од Комерцијална банка.
Банки
Халкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
Халкбанк АД Скопје ги повикува граѓаните да ја префрлат својата плата во банката и да ги искористат поволностите наменети за примателите на плата.
Од банката посочуваат дека понудата обезбедува поголема финансиска флексибилност, подобри услови и поедноставно извршување на секојдневните банкарски обврски.

Повеќе информации за условите и достапните поволности клиентите можат да добијат во најблиската филијала на Халкбанк.
Банки
ALTA Bank2GO овозможува брзо и сигурно мобилно банкарство
АЛТА банка ја промовира мобилната апликација ALTA Bank2GO, наменета за полесно и побрзо извршување на секојдневните банкарски обврски.
Преку апликацијата, корисниците можат едноставно и сигурно да ги користат банкарските услуги директно од својот мобилен телефон, со што се заштедува време и се намалува потребата од посета на филијала.

Од банката информираат дека деталите за регистрација и активација на услугата се достапни преку нивните официјални комуникациски канали.
Банки
Комерцијална банка ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри на Скопскиот маратон
Комерцијална банка АД Скопје ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри, која ќе се одржи во рамки на Скопскиот маратон на 4 октомври.
Како златен спонзор на трката „Комерцијална банка 5 км“, од банката порачаа дека секогаш е вистинско време за нов личен предизвик и ги охрабрија учесниците навреме да ги започнат подготовките.
„Те каниме да се пријавиш бидејќи секогаш е полесно заедно до целта. Се гледаме на стартот“, објавија од Комерцијална банка.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток



