Банки
НЛБ Банка воведува дигитално потпишување на кредитна документација за физички лица
Следејќи ја својата визија за дигитална трансформација во банкарското работење, НЛБ Банка како лидер во иновации во банкарскиот сектор, воведува ново решение за дигитално потпишување на документите за кредитните продукти за физички лица во експозитурите. Имлементацијата на новиот начин на потпишување на банкарската документација значително го скратува времето на целиот кредитен процес и го унапредува клиентското искуство. Истовремено, ја намалува потрошувачката на хартија за повеќе од 25%, поддржувајќи ја посветеноста на Банката за одговорно банкарство и одржливо работење.
Станува збор за брз, безбеден и исклучително едноставен процес со кој физичкото потпишување и архивирање на хартиената кредитна документација „заминува во историјата“. Веќе во сите експозитури на НЛБ Банка во земјата, клиентите ќе потпишуваат договори за потрошувачки кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на платежна сметка преку безбедни електронски уреди за потпишување (e-Pads), а целата документација ќе биде проследена до клиентот преку електронска пошта.
„Динамичниот начин на живот и напредокот на технологијата значително ги менуваат потребите на луѓето и корисничките навики. Клиентите очекуваат брзи, ефикасни и сигурни банкарски услуги, а наша задача е тоа и да им го овозможиме. Воведувањето на дигиталниот потпис на кредитната документација за физички лица во експозитурите на Банката е уште еден чекор повеќе на нашиот пат кон дигитална трансформација на банкарското работење, а интеграцијата на ова решение е само една од многуте иницијативи кои имаат за цел да го направат искуството на нашите клиенти модерно, ефикасно и еколошки одговорно.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
Дигиталното потпишување на кредитна документација има бројни приодбивки. Значително ја подобрува ефикасноста и ефективноста на банкарските службеници кои работат на првата линија со клиентите, го скратува времето на чекање во експозитурите и потпишување на обемната хартиена документација. Воедно, драстично се намалува потребата од печатење на документите, што е исклучително важно за намалување на потрошувачката на хартија и електрична енергија, заштита на природните ресурси и минимизирање на отпечатокот врз животната средина.
Банки
Ендру Бејли: Довербата во вредноста на парите е основата на централното банкарство
Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на довербата, стабилноста и вредноста на парите, особено во време на зголемена неизвесност и економски шокови, оценува Ендру Бејли, гувернер на Банката на Англија, во интервју по повод 80 години централно банкарство во Република Северна Македонија.
Бејли упати честитки до Народната банка по повод јубилејот, нагласувајќи дека ваквите годишнини се потсетник дека централното банкарство се темели врз јавната доверба, која се гради со текот на времето, а најчесто се тестира во најтешките моменти.
Според него, суштинската улога на една централна банка е да ја зачува вредноста на парите. Граѓаните, како што посочува, треба да имаат уверување дека парите ќе ја задржат својата вредност и дека ќе можат безбедно и ефикасно да ги користат во секојдневните трансакции.
„Ова сидро, вредноста на парите, на најсоодветен начин објаснува зошто е толку важна независноста на централното банкарство и зошто таа мора да се заштити“, вели Бејли.
Тој објаснува дека одлуките на централните банки директно влијаат врз финансиските одлуки на домаќинствата и компаниите. Каматните стапки што ги одредуваат централните банки постепено се пренесуваат врз производите што комерцијалните банки им ги нудат на граѓаните и бизнисите. Тоа се одразува врз хипотеките, приходите од заштедите, трошоците за финансирање на компаниите, како и врз нивните одлуки за инвестирање, вработување и одредување на цените.
Бејли нагласува дека финансиската стабилност е подеднакво важна за економијата, бидејќи без стабилен финансиски систем не може да се очекува одржлив раст. Недостигот на стабилност, како што посочува, може да ја намали достапноста на финансирање за домаќинствата и компаниите и да ја разниша довербата во депозитните институции.
Во интервјуто, гувернерот на Банката на Англија се осврнува и на последната инфлациска епизода во Обединетото Кралство, која, според него, во најголема мера била последица на големи надворешни шокови поврзани со енергијата и синџирите на снабдување.
Тој посочува дека непосредните ефекти од ваквите шокови најмногу се чувствуваат кај основните трошоци на домаќинствата, како храната и горивата, но ризиците стануваат поголеми кога повисоките трошоци почнуваат да се пренесуваат и врз другите цени и платите.
Главниот фокус на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија, како што истакнува Бејли, бил спречување на секундарните ефекти и зачувување на инфлациските очекувања. Тоа, според него, бара одлуки засновани врз широк обем на податоци, јасна комуникација и анализа на различни сценарија и ризици.
Бејли оценува дека централните банки научиле многу од последните кризи, но дека подготвеноста за понестабилен свет зависи од постојано подобрување на анализите, преиспитување на сценаријата и одржување на довербата и легитимноста на институциите.
„Нашата способност да ја извршуваме нашата работа зависи од цврстото потпирање врз доверба во вредноста на парите и во институциите задолжени за нејзиното зачувување“, порачува гувернерот на Банката на Англија.
Банки
Алта банка со совет до граѓаните: Водете евиденција на месечните трошоци
Алта банка ги советува граѓаните редовно да водат евиденција на своите месечни трошоци, како едноставен, но важен чекор кон подобро управување со личните финансии.
Од банката порачуваат дека кога луѓето знаат каде и на што ги трошат парите, полесно можат да штедат, да планираат и да носат подобри финансиски одлуки.
„Малата контрола денес носи поголема сигурност утре“, посочуваат од Алта банка, нагласувајќи ја важноста на навременото следење на трошоците и одговорниот однос кон парите.
Банки
Стопанска банка викендов овозможува подигнување готовина од АТМ без провизија
Стопанска банка АД – Скопје најави промотивна можност за своите корисници на кредитни картички, со која викендов ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на банката без провизија.
Понудата важи за корисниците на VISA и MasterCard кредитни картички издадени од Стопанска банка. Од банката информираат дека промоцијата е достапна само во текот на овој викенд и важи исклучиво за подигнување готовина од АТМ на Стопанска банка.
Промотивната акција се реализира под мотото „Промо кеш викенд“.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда


