Connect with us

Банки

НЛБ Банка донираше 200 компјутери за основните училишта во земјава

Објавено

на

На почетокот на второто полугодие, НЛБ Банка донираше 200 компјутери на основни училишта ширум Македонија, како дел од иницијативата за поддршка на дигитализацијата на образованието. Со оваа донација, Банката има за цел да го олесни пристапот на учениците до современите технологии, кои се неопходни за нивниот образовен и личен развој.

Компјутерите ќе им помогнат на учениците да се подготват за иднината, нудејќи им алатки кои ќе го збогатат нивниот процес на учење“, истакнуваат од НЛБ Банка.

Една од клучните вредности на овој проект е промоцијата на одржливоста и повторната употреба на опремата. Компјутерите, кои претходно ѝ служеа на Банката, се надградени и дополнети со нови монитори, тастатури и глувчиња. Со тоа, не само што се продолжува животниот век на уредите, туку и се намалува електронскиот отпад, што е значаен придонес кон заштитата на животната средина.

Со оваа иницијатива покажуваме дека со внимателно планирање и инвестиции во образованието можеме да постигнеме многу – и за децата и за животната средина“, додаваат од Банката.

Донацијата претставува дел од пошироките активности на НЛБ Банка за поддршка на образованата инфраструктура и поттикнување на дигиталната инклузија. Со вложување во вакви проекти, Банката демонстрира посветеност кон подобрување на општеството и создавање подобри услови за идните генерации.

Веруваме дека образованието и технологијата се клучни двигатели на позитивни промени. Наша цел е да ја поддржиме дигиталната трансформација и да ги инспирираме учениците да ги искористат можностите кои ги нуди современиот свет“, истакнаа од НЛБ Банка.

НЛБ Банка останува посветена на иницијативи кои промовираат одржливи решенија и позитивно влијание врз заедницата.

Банки

„Рајфајзен“ отвора пристап до криптовалути за 18 милиони клиенти

Објавено

на

Raiffeisen Bank International ќе им овозможи на своите клиенти пристап до инвестиции во криптовалути преку партнерство со брокерската компанија Bitpanda.

Околу 18 милиони клиенти на Рајфајзен во Централна и Источна Европа ќе можат да купуваат дигитални средства во рамките на новата соработка, соопштија двете компании. Воведувањето на услугата во подружниците на Рајфајзен низ регионот ќе се одвива постепено.

Bitpanda, со седиште во Виена, веќе обезбедува сличен пристап до криптовалути за повеќе финансиски институции, меѓу кои и германската N26, како и за австриски регионални банки кои се меѓу најголемите акционери на Рајфајзен.

Планот претставува една од првите поголеми иницијативи најавени од неодамна именуваниот извршен директор на Raiffeisen Bank International, Мајкл Хелерер, од кого се очекува до крајот на месецот да ја претстави новата стратегија на банката.

Од друга страна, Bitpanda настојува дополнително да ја прошири соработката со банките и на малите инвеститори да им понуди пристап и до други класи на средства. Целта е компанијата да го диверзифицира работењето и да ја намали зависноста од нестабилниот пазар на криптовалути, во период кога разгледува и можност за излегување на берза.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со наградна игра за корисниците на Mastercard: главна награда од еден милион денари

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје започна наградна кампања за корисниците на Mastercard картичките, во чии рамки главната награда изнесува еден милион денари.

Во наградната игра можат да учествуваат клиентите кои користат Mastercard картичка од Стопанска банка, при што секоја трансакција претставува можност за учество и освојување парична награда.

Покрај главната награда од 1.000.000 денари, предвидени се и месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 денари.

Од Банката информираат дека корисниците кои плаќаат со Mastercard преку Google Pay или Apple Pay добиваат двојна шанса за учество во наградната игра.

Кампањата се реализира под мотото „Сакаш да освоиш милион денари? Сè што ти треба е Мастерплан“, а целта е да се поттикне користењето на безготовинските и дигиталните плаќања.

Продолжи со читање

Банки

Народна банка со ревидирани податоци за платниот биланс за периодот 2003 – јуни 2026

Објавено

на

Ревидирана е временската серија на податоци за платниот биланс за периодот од 2003 година до јуни 2026 година, при што ревизијата опфаќа одредени компоненти на тековната и капиталната сметка. Новиот пристап овозможува попрецизна класификација на трансакциите и поинаква распределба на дел од приливите што претходно биле евидентирани како секундарен доход.

Суштината на ревизијата е во новиот метод на процена, заснован на анкетни истражувања, експертски оценки и нови, посеопфатни извори на податоци. Како резултат на тоа, нето-менувачкото работење, кое претходно било евидентирано во рамките на секундарниот доход, сега се распределува во повеќе категории – лични трансфери, односно дознаки, надомест на вработени, капитални трансфери, услуги поврзани со патување и извоз на стоки.

Најголема промена е забележана кај личните трансфери, односно дознаките, кои според ревидираните податоци се повисоки за 8,7 процентни поени од БДП.

Повисоки се и приливите од капитални трансфери, за 0,6 процентни поени од БДП, додека приливите по основ на надомест на вработени се зголемени за 0,5 процентни поени од БДП.

Ревизијата носи промени и кај услугите поврзани со патувањето. Според новата методологија, суфицитот кај патувањето е понизок во просек за 1,5 процентни поени од БДП во однос на претходно објавените податоци.

Кај стоковната размена, ревидираните податоци покажуваат повисока вредност на извозот, што резултира со намалување на дефицитот во трговската размена во просек за 3,1 процентни поени од БДП.

Како резултат на прераспределбата на одделните компоненти, ревидираната временска серија покажува и умерено зголемување на дефицитот на тековната сметка, во просек за 0,6 процентни поени од БДП.

Ревизијата се однесува на временската серија од 2003 година до јуни 2026 година и има за цел подобра класификација на трансакциите во платниот биланс преку користење поширок сет извори и унапредена методологија за процена.

Со новиот пристап, дел од приливите што досега биле групирани во една поширока категорија се распределуваат според нивната економска природа, со што се добива подетална слика за изворите и структурата на прекуграничните текови.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange