Connect with us
no baners

Банки

Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Нова промена во органите на управување на Стопанска банка а.д. Битола. Банката преку соопштение на Македонска берза известува промени во органите на управување на Банката.

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-14266/1/II-3 од 22 ноември 2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-758/1 од 10 јануари 2025 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е именувана м-р Даниела Ѓоршевска“, се вели во соопштението на Стопанска банка а.д. Битола објавено на Македонска берза.

Според податоците за новоименуваниот член на Управниот одбор, м-р Даниела Ѓоршевска досега била на позицијата Раководител на сектор за финансиско сметководство и надворешно известување во Стопанска банка а.д. Битола.

Истовремено, од Стопанска банка а.д. Битола известуваат дека д-р Гордана Балтовска повеќе не ја извршува функцијата член на Управен одбор.

Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во моментов го сочинуваат:

  • Александра Радевска – Претседател и член на Управeн одбор;
  • м-р Даниела Ѓоршевска – член на Управeн одбор;

Банки

Шпаркасе Банка станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига.

Од новата натпреварувачка сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува стратешки и значаен чекор кон поддршка и афирмација на женската кошарка во државата.

Женската кошарка во Македонија долги години се соочува со низа предизвици како недостиг на финансиска поддршка и низок интерес од јавноста. и недоволна институционална поддршка. Последниот позначаен успех беше забележан во 2012 година, кога женската репрезентација го освои второто место на Европското првенство за мали земји. Ова спонзорство доаѓа во момент кога потребата од инвестиции во женскиот спорт за негов раст и развој е поизразена од кога било.

Преку ова партнерство, Шпаркасе Банка АД Скопје ја потврдува својата долгорочна заложба за унапредување на еднаквоста и инклузивноста во општеството, а воедно ја презема улогата на двигател на позитивна промена. Спонзорството е дел од платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, чија цел е поддршка на општествено одговорни, инклузивни и инспиративни општествени вредности кои инспирираат, охрабруваат и создаваат трајно позитивно влијание во заедницата.

„Драго ни е што денес стоиме зад еден исклучително значаен чекор за македонскиот спорт. Партнерството со КФСМ е потврда на нашата долгорочна заложба за еднаквост и инклузивност, вредности што се длабоко вградени во корпоративната култура на Шпаркасе Банка. Преку платформата Sparkasse Life, вложуваме во разни области во заедницата и подаваме рака и нудиме долгорочна поддршка. Преку ова спонзорство, сакаме да дадеме ветер в грб на иднината на женскиот спорт и сакаме да пратиме јасна порака: До вас стои партнер што верува, поддржува и создава услови за успех“ – изјави Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Името „Sparkasse Life Прва лига жени“ ќе биде новиот симбол на вербата во спортскиот потенцијал на македонските девојки и млади жени, на секој тим и на секоја спортска сала низ државата.

„Нашата визија отсекогаш била создавање рамноправни услови за развој на сите категории и овој договор е голем чекор во таа насока. Соработката со Шпаркасе Банка претставува историски момент за женскиот спорт во нашата земја, а поддршката што ја добиваме преку платформата Sparkasse Life е стратегиска, суштинска и долгорочна бидејќи сите средства ќе се искористат за развој на женската кошарка. Со новото име „Sparkasse Life Прва лига жени“, женската кошарка добива нов идентитет, нова енергија и заслужено внимание. Заедно, праќаме јасна порака дека веруваме во потенцијалот на жените во спортот и дека сме тука да го поддржиме нивниот пат до врвот“ – изјави Младен Ѓуроски, потпретседател на КФСМ.

Стратешко партнерство за долгорочен раст

Шпаркасе Банка АД Скопје, членка на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција, преку платформата за општествена одговорност Sparkasse Life активно поддржува проекти и иницијативи кои придонесуваат за развој на заедницата, унапредување на младите, спортот, културата, образованието и еднаквите можности. Со овој потег, Банката уште еднаш ја потврдува својата посветеност на создавање трајни вредности во заедницата и стимулирање на позитивни општествени промени преку финансиска поддршка, партнерства и ангажман.

Продолжи со читање

Банки

Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, ја информира јавноста и заинтересираните субјекти за настанати промени во составот на својот Надзорен одбор.

Имено, на ден 15 јули 2025 година, до Банката е доставена формална оставка од страна на г-ѓа Габриела Шмол, која ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Согласно регулативата, оставката ќе стане правосилна со денот на добивање на согласност од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) за новиот кандидат кој ќе биде предложен и именуван како нејзина замена од страна на Собранието на акционери на Банката.

Габриела Шмол, со своето професионално искуство и стратешки придонес, одигра значајна улога во работата на Надзорниот одбор во изминатиот период. Шпаркасе Банка упатува благодарност за нејзината посветеност и конструктивен ангажман во рамките на Надзорниот одбор.

Во моментот, Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје е составен од следните членови:

  • Д-р Георг Бухер – Претседател;
  • Валбурга Зајдл – Заменик претседател;
  • Славиша Којиќ – Член;
  • Габриела Шмол – Член;
  • Глигор Бишев – Член;
  • Горан Петревски – Независен член;
  • Татјана Шишковска – Независен член.
Продолжи со читање

Банки

Јанкоски од Народната банка: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

Објавено

на

„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата банка или од надлежна институција. Никогаш не отворајте е-врски, не преземајте прилози и не споделувајте лични податоци. Банките нема да побараат ПИН, лозинка или друг чувствителен податок преку телефон или е-пошта. Најбезбедно е веднаш да ја прекинете комуникацијата и да контактирате со вашата банка. Пријавувањето вакви случаи е важно и за заштита на другите корисници“, апелира Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка, гостувајќи во емисијата „Приказна“ на Македонската телевизија.

Тој говореше за сѐ почестите облици на дигитални банкарски измами, особено оние поврзани со електронската трговија. Според податоците, во 2024 година значително е зголемен бројот на измами поврзани со онлајн плаќања, особено при купување од странски електронски продавници. Овие измами се почести отколку измамите при плаќање на физичките места, што уште повеќе ја истакнува потребата од внимателност при онлајн купувањето и поголема свесност за ризиците во дигиталниот простор.

Јанкоски нагласи дека Народната банка, следејќи ги светските дигитални трендови, постојано работи на унапредување на регулативата за зголемување на сигурноста при користењето банкарски и платежни услуги. Ова се прави во соработка со банките, преку активности за запознавање на јавноста – брошури, видеоматеријали и други материјали коишто постојано ја нагласуваат најважната порака: ниту една банка нема да побара лични податоци преку порака или е-врска.

„Дигиталната писменост е особено важна за заштита од измами и за создавање безбедна дигитална финансиска средина. Со сè поголемото користење на онлајн банкарството, неопходно е граѓаните да знаат како безбедно да ги користат овие услуги и да ги препознаат потенцијалните ризици. Народната банка активно работи на ова поле – годинава, на пример, организиравме обука за наставниците за теми како лажни пораки (фишинг) и дигитални измами, за да може овие знаења да им се пренесат и на младите, кои се сè поизложени на дигиталните закани“, истакна Јанкоски.

Тој додаде дека преку усвојување нови законски решенија усогласени со европските прописи, веќе се воведени системски механизми, особено во областа на платежните услуги, коишто обезбедуваат посигурна инфраструктура за извршување на платежните трансакции.

Линк до видео изјавата: https://www.youtube.com/watch?v=pM3dSipeviI

Продолжи со читање

Популарно

no baners