Фондови
КБ Прво пензиско друштво наградено со престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“
КБ Прво пензиско друштво го доби престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“ на престижната церемонија на Европските награди за пензиски фондови, која се одржа на 03.12.2024 година во Прага, организирана од IPE (Investment & Pensions Europe).
“Ова признание го одразува нашиот ангажман за мудро и иновативно управување со инвестициите, кое истовремено обезбедува финансиска сигурност за нашите членови и е во согласност со глобалните стандарди за одржливост.” – велат од Друштвото.

„Внимателна имплементација на стратегијата за пасивни инвестиции заедно со силната инкорпорација на ESG, користејќи го пристапот на таргетирање“ – гласи изјавата на судиите, со посебно потенцирање на:
- Висок раст во фазата на акумулација, приспособен за релативно млада структура на членови
- Зголемување на ESG рејтинот за 20% кај инвестициите во странски ETFи, истовремено со поголем принос
- Одржливост и иновации преку инвестиции во ETFи кои се фокусираат на вештачка интелигенција
“Оваа награда не е само доказ за посветеноста и стручноста на нашиот тим – тоа е исто така признание за растечката сила на пензискиот систем на нашата земја на европската сцена.
Изразуваме срдечна благодарност до нашите посветени вработени и лојални членови што го овозможија ова достигнување. Благодарение на нив, оваа награда е не само наш успех, туку и гордост за пензискиот систем во нашата земја.
Заедно, градиме иднина на безбедност, одржливост и иновации. Заедно градиме иднина, денес.” – додаваат од КБ Прво.

Дознајте повеќе за наградата на веб-страницата на IPE.
IPE (Investment & Pensions Europe) е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/32 24 229
Фондови
АДПФ: Вториот пензиски столб е стабилен механизам за долгорочно штедење
Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови одржа брифинг посветен на актуелните состојби и предизвици во пензискиот систем, во услови на зголемен интерес на јавноста.
Од АДПФ порачаа дека вториот пензиски столб претставува стабилен и доверлив механизам за долгорочно пензиско штедење и има важна улога во обезбедувањето финансиска сигурност за идните пензионери.
На брифингот беше нагласено дека висината на идната пензија зависи од повеќе фактори, меѓу кои времетраењето на осигурувањето, работниот стаж, висината на платата на која бил пријавуван осигуреникот, како и приносите што ги остваруваат пензиските друштва.
Од Асоцијацијата посочија дека приносите во моментов се ограничени и од конзервативната законска рамка, поради што е потребно натамошно унапредување на системот.
Според АДПФ, идниот развој треба да опфати регулаторни промени, воведување мултифондови, измени на лимитите за инвестирање и проширување на листата на дозволени финансиски инструменти.
Дополнително, беше истакната и потребата од понатамошен развој на доброволното пензиско осигурување.
Супервизор на капитално финансираното пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.
Продукти
Нулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава за период 2026–2030 година, со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во користењето на националните и европските јавни средства.
Стратегијата е подготвена во рамки на обврските од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), во Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое ги опфаќа јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото од фалсификување.
Документот е изработен од АФКОС-одделението при Министерството за финансии, во соработка со институциите од АФКОС-мрежата, органите задолжени за управување со средствата од Европската Унија и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).
Стратегијата предвидува мерки за поефикасна превенција, навремено откривање, истрага и санкционирање на неправилности и измами, како и подобрување на механизмите за поврат на неправилно искористени средства. Дополнително, се очекува зајакнување на институционалните капацитети и воведување поефективни алатки за спречување финансиски злоупотреби.
Документот го промовира принципот на „нулта толеранција за измама“ при користењето на европските фондови и претставува продолжување на реформските активности започнати со првата Национална стратегија за борба против измами, усвоена во 2019 година.
Банки
Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје
НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.
Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.
Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.
Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули





