Connect with us
no baners

Останато

Компаниите до крајот на месецов задолжително треба да исплатат К-15, колку пари треба да им легнат на сметките на вработените!?

Објавено

на

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината, иако законски може да почне да се извршува од мај. Услов за исплата на регресот е работникот да работи најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Регрес им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Останато

Флекс Кредит со награди за клиенти во пресрет на Superior Runs во Штип

Објавено

на

Флекс Кредит повторно се вклучува како спонзор на тркачкиот настан Superior Runs, најавувајќи дополнителни активности и награди за граѓаните во пресрет на трката.

Компанијата информира дека во периодот од 20 до 25 април, покрај спортската атмосфера поврзана со настанот, ќе понуди и промотивна акција во своите филијали во Штип. Според најавата, секој клиент со одобрен кредит во овој период ќе добие вредна награда.

Од Флекс Кредит посочуваат дека целта е да се внесе дополнителна динамика и позитивна енергија, поврзувајќи го спортскиот дух со активности насочени кон клиентите.

Акцијата ќе се реализира во филијалите на компанијата во Штип, каде граѓаните ќе можат да се информираат за условите и да учествуваат во промотивната понуда.

Флекс Кредит и годинава ја продолжува својата поддршка на Superior Runs, како дел од активностите за поддршка на спортски настани и локалната заедница.

Продолжи со читање

Берза

Намалување на цените на горивата: бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денари

Објавено

на

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април.

Според новата пресметка, од 21 април 2026 година од 00:01 часот, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,5 денари за литар. Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар

Истовремено, цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 2,939 денари по килограм и ќе се продава по цена од 46,288 денари за килограм.

Одлуката е донесена врз основа на намалувањето на референтните цени на светските пазари, каде во споредба со претходната пресметка цените на бензините се пониски за 1,8 проценти, на дизелот за 9,6 проценти, на екстра лесното масло за 8,2 проценти, а на мазутот за 6,5 проценти.

Во пресметката се вклучени и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот и дизелските фракции), како и намалените износи на акцизите – за еуродизелот за 4 денари по литар и за бензините за 2 денари по литар.

Продолжи со читање

Останато

УЈП со апел до должниците: Неплатените даноци носат камати и блокади

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека на 16 април истекле законските рокови за плаќање на обврските по годишните даночни биланси за 2025 година и апелира до сите обврзници кои сè уште не извршиле уплата, тоа да го сторат во најкус можен рок.

Од институцијата посочуваат дека доцнењето со плаќањето носи дополнителни трошоци по основ на камати, како и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други законски мерки.

Според податоците на УЈП, од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и персонален данок кај вршителите на дејност, кај 10.252 веќе е евидентирана уплата.

Во меѓувреме, УЈП започна со испраќање персонализирани известувања до компаниите и физичките лица со неизмирени обврски.

Од институцијата апелираат за навремено подмирување на долговите со цел да се избегнат дополнителни давачки, како еднократни такси и банкарски трошоци кои го зголемуваат вкупниот долг и можат да влијаат врз тековното работење.

Како што потсетуваат, обврските можат да се подмират и преку уплата од трето лице, со пребивање со даночни побарувања или преку плаќање на рати, согласно законските услови.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange