Connect with us

Банки

НЛБ БАНКА СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ – прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Објавено

на

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот. Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

PayByLink е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни во online продажбата, но не се во можност да развијат сопствена web продавница и истата да ја интегрираат со банка. Практично, со оваа услуга, банката му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции засновани на картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот е брз и едноставен.

Кога трговецот креира линк за плаќање, обезбедува информации за производот или услугата за која се плаќа, количината и цената, и тој веќе ја има подготвено нарачката за клиентот. Клиентот го отвора линкот, ја проверува содржината на нарачката и, доколку е се во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

PayByLink е сигурен сервис и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

За да ја користат услугата, трговците треба да имаат сметка во НЛБ Банка, да потпишат договор со Банката, врз основа на кој им се овозможува пристап до порталот за користење на оваa услуга и креирање линкови, кои понатаму можат да ги споделуваат со своите купувачи преку соодветните канали за комуникација.

До 25 мај, 2025 година, клиентите можат да ја искористат промоцијата на НЛБ Банка, да активираат PayByLink, пришто ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

Повеќе информации за услугата и начинот на активирање, клиентите можат да добијат на www.nlb.mk, во експозитурите на Банката или преку Контакт центарот на 02/15600.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange