Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници“: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Објавено

на

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно влијание врз девизните резерви. „Во периодот по 2020 година се забележува раст на извозот на услужниот сектор, особено во делот на компјутерските и деловните услуги. Во делот на ИТ-услугите е забележано удвојување на учеството во БДП во однос на извозот во 2019 година, додека во делот на деловните услуги е забележан пораст од 50%“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторскиот текст објавен во петтата годишна едиција „Топ 100 извозници 2024“ на специјализираниот портал Извоз.мк.

Во колумната гувернерката истакнува и дека според индексот за подготвеност за вештачката интелигенција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), нашата земја е на 77 место од вкупно 174 земји, што укажува на простор за унапредување на нивото на дигиталната зрелост на земјата за вештачката интелигенција, од аспект на соодветноста на човечките ресурси, дигиталната инфраструктура и регулативата во оваа област.

„Еден показател каде што нашата држава е релативно добро рангирана во споредба со земјите од регионот, па и со дел од земјите на ЕУ, е процентот на компании коишто користат вештачка технологија и аналитика на големи бази на податоци (близу 13% од компаниите користат големи бази на податоци  (англ. big data), а речиси 10% вештачка интелигенција). Ова укажува на потенцијал за искористување на оваа компаративна предност и задржување на добрите извозни остварувања на услужниот сектор и во иднина“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката во текстот укажува и на можните ризици, како дополнителен предизвик за идните остварувања на македонскиот извозен сектор, како геофрагментацијата, влошените очекувања за германската економијата, како наш најважен трговски партнер, како и климатските промени. Гувернерката нагласува дека периодот којшто ни претстои изобилува со предизвици, и за носителите на економските политики, и за економските субјекти, но и можности доколку компаниите успеат брзо и успешно да се приспособат на динамичните промени.

„Јасна е потребата за јакнење на продуктивноста, којашто значително заостанува зад поразвиените економии (за илустрација, продуктивноста на домашната економија е околу 50% во однос на просечната продуктивност на земјите од ЕУ), за подобрување на конкурентниот профил, следење на технолошкиот напредок и за нови инвестиции“, нагласува Ангеловска-Бежоска.

Авторскиот текст на гувернерката е достапен на следнава врска.

Банки

АЛТА банка започна спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром

Објавено

на

Од АЛТА банка посочуваат дека партнерството со еден од најпознатите македонски кошаркарски клубови е дел од нивната заложба за поддршка на спортот и вредностите што тој ги промовира.

„Со задоволство ја започнуваме нашата спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром – клуб со голема традиција, силен идентитет и значајно место во македонската кошарка“, наведуваат од банката.

Оттаму додаваат дека поддршката на спортот ја гледаат како поддршка на посветеноста, тимскиот дух, дисциплината и стремежот кон подобри резултати.

Целта, како што истакнуваат од АЛТА банка, е партнерството да биде повеќе од класично спонзорство и да создава дополнителна вредност за клубот, навивачите, клиентите на банката и пошироката заедница.

„Со заедничка енергија – кон нови успеси“, порачуваат од АЛТА банка по повод почетокот на соработката со МЗТ Скопје Аеродром.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ ќе купи дополнителни 29,38% од Дежелна банка Словенија и ќе го зголеми уделот на 55%

Објавено

на

Словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (НЛБ) соопшти дека склучила договор за купопродажба на акции со локалниот финансиски холдинг KD Group, со кој ќе стекне дополнителни 29,38% од дематеријализираните акции на Дежелна банка Словенија (DBS).

Со реализацијата на трансакцијата, уделот на НЛБ во DBS ќе се зголеми на околу 55%, со што НЛБ ќе стане мнозински сопственик на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.

Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.

Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.

Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange