Connect with us

Банки

Едукативна работилница во Комерцијална банка по повод Денот на студентите

Објавено

на

17 ноември е денот кога светот им оддава почит на студентите за целиот нивен придонес, заедништво и одговорност со кој ги менуваат состојбите во општеството, во минатото и денес. Комерцијална банка ги споделува почитта кон силата што ја носат младите генерации и одговорноста да им се помогне да бидат носечка сила за просперитет и развој.

По повод Меѓународниот ден на студентите, 17 ноември, Комерцијална банка организираше едукативна работилница за студенти од техничките факултети во соработка со Бордот на европски студенти по технологија.

Младите студенти имаа можност да се запознаат со практичните аспекти на дигиталните банкарски услуги и бенефитите што ги носат за секој корисник, меѓу кои е и можноста за задоволување на финансиските потреби со брзо и ефикасно финансиско решение како што е Online кредитот преку електронската идентификација OneID.

Студенти се запознаа и со позадинскиот ИТ процес на оваа услуга и со програмските решенија што се потребни за функционирање на еден ваков производ.

Со оваа работилница уште еднаш Комерцијална банка покажа дека посветено инвестира во знаење и вештини на младите генерации затоа што верува дека поддршката е силна мотивација за нив.

Банки

ЕЦБ СО КЛУЧЕН ПОТЕГ – Намалување на каматните стапки поради економска неизвесност!

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) направи уште еден пресврт во својата монетарна политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 2,25%. Ова е прво намалување од максимумот од 4% во 2023 година и доаѓа во време на зголемена глобална неизвесност и економски тензии.

Одлуката беше очекувана од финансиските пазари со 94% веројатност за намалување пред седницата. Сега фокусот се пренасочува кон понатамошните чекори на Европската централна банка, како и сигналите што ќе ги испрати за движењето на таканаречената „неутрална стапка“, односно нивото на каматна стапка кое не ја стимулира, ниту ја ограничува економијата.

Аналитичарите посочуваат дека главна причина за ваквиот потег се заострените глобални трговски тензии, кои создадоа несигурност и ги намалија изгледите за раст на Еврозоната. Иако дел од тарифните мерки на САД и одговорите на другите економии се привремено замрзнати, пазарот и натаму е чувствителен на секој сигнал кој може да укаже на забавување на глобалниот раст.

Во својата изјава, ЕЦБ нотира дека „економијата на еврозоната покажува одредена отпорност, но зголемената неизвесност и трговските тензии го зголемуваат ризикот од забавување на растот“. Според Банката, овие фактори може дополнително да ја нарушат довербата на потрошувачите и компаниите, како и да создадат затегнувања во финансиските услови.

Инвеститорите и финансиските пазари сега со големо внимание ги следат изјавите на претседателката Кристин Лагард и Управниот совет на ЕЦБ, особено во однос на потенцијалната флексибилност на политиката и можноста за натамошно олеснување, па дури и позиционирање под неутралната стапка во следните 6 до 12 месеци.

Овој потег на ЕЦБ може да има значајни импликации за пазарите на капитал, девизниот курс на еврото, како и за кредитните услови во Еврозоната. Финансиските институции, инвеститорите и носителите на економски политики внимателно ќе ги анализираат сигналите што ќе ги испрати ЕЦБ во наредниот период.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Халкбанк АД Скопје за работното време за Велигденските празници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите клиенти дека на 18 и 21 април 2025 година (петок и понеделник), по повод Велигденските празници, филијалите на Банката нема да работат.

Притоа, експозитурите Рамстор, Ретаил Поинт Парк и Џевахир ќе продолжат со работа согласно тековниот распоред и ќе бидат отворени според следното работно време:

🔹 Експозитура Рамстор: 10:00 – 17:00 часот;
🔹 Експозитура Ретаил Поинт Парк: 09:00 – 17:00 часот;
🔹 Експозитура Џевахир: 10:00 – 17:00 часот.

Клиентите можат и понатаму да ги користат електронските канали за банкарски услуги – мобилното и електронското банкарство, како и мрежата на банкомати на Халкбанк.

Среќни Велигденски празници од тимот на Халкбанк АД Скопје!

Продолжи со читање

Банки

Известување за работното време на филијалите и експозитурите на ТТК Банка на 18 и 21 април 2025 година

Објавено

на

ТТК Банка ги информира своите клиенти дека во петок, 18 април 2025 година, за време на празникот Велики Петок, петок пред Велигден, ќе работат следните филијали и експозитури:

📍 Филијала Тетово – бул. „Илинденска“ бр. 2б, од 08:00 до 16:00 часот;
📍 Експозитура Куманово 1 – ул. „ЈНА“ бр. 102, од 08:30 до 16:30 часот;
📍 Експозитура Гостивар – ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 18, од 08:30 до 16:30 часот;
📍 Експозитура Дебар – ул. „8 Септември“ бр. 1/3, од 08:00 до 16:00 часот;

По повод празникот Велигден, вториот ден на Велигден, филијалите и експозитурите на ТТК Банка нема да работат во понеделник, 21 април 2025 година.

Клиентите можат непречено да ги користат дигиталните услуги преку мобилната апликација TTK M-bank, интернет банкарството TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка ви ги честита велигденските празници!

Продолжи со читање

Популарно