Business Woman
Билјана Пешева – успешен банкар и уште поуспешен јога инструктор и wellness coach
Билјана Пешева е вработена во НЛБ Банка АД Скопје веќе 23 години и работи како Самостоен референт во Службата за управување и поддршка на самоуслужни продукти во Секторот за платни системи. Во слободно време Билјана е тренер, јога инструктор и wellness coach и е извонреден пример за посветеност на личниот развој и промоцијата на холистичкиот начин на живот.
„Како јога инструктор, редовно одржувам јога часови, ретрити, велнес и тим билдинг тренинзи во организации, кои придонесуваат за подобрување на физичкото, менталното и емотивното здравје. На моите настани во изминатите години имаат присуствуванo повеќе од десет илјади практиканти. Холистичкиот пристап кој го користам во сите активности ги поддржува луѓето во нивниот пат кон подобро здравје и благосостојба и дава поттик и поддршка за лична трансформација.“ – вели Билјана.
Билјана е повеќе од 30 години посветена на промовирање на здравите животни навики, и тоа преку обуки и проекти за подобрување на менталното и емотивното здравје, семинари со техники на светски познати психолози. Таа е национално квалификуван обучувач за возрасни лица според законот за образование во земјава, проучувач на психолошкиот правец трансакциска анализа со поминато едукација во земјата и странство со повеќе од шестотини работни часа, тренер за подобрување на интелектуалните и интерпесонални вештини кај индивидуалците и организациите, духовен практикант и трагач, хата јога инструктор и тренер за сеопфатна лична благосостојба.
Таа е практикант и проучувач на класична јога, медитација и техники за дишење, според учењата на Бихарската школа од Индија, Сатја Саи Организацијата и Уметност на Живеење, каде водела проекти, задачи, хуманитарни настани поврзани со промовирање на образование за човечките вредности во пракса.
Билјана е и автор и креатор на неколку програми за личен раст и развој, а од неодамна е и автор на книгата “Водич за ослободување од Тага – холистички алатки за враќање на животна хармонија”. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 27 ноември 2024 година во Public Room, и ќе биде одлична можност за сите заинтересирани да научат повеќе за нејзината филозофија и методи кои ги применува во својата работа.
Business Woman
Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.
Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.
„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.
Business Woman
Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.
Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.
„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.
Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.
Business Woman
Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март
Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.
Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.
Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.
Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.
Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст



