Банки
Потсетување до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари
Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик.
Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се членови на Советот. Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2023 година. Трудовите се поднесуваат до Народната банка по електронски пат на е-адресата: [email protected] .
Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 130.000,00 денари. Но, доколку Одборот за оценување процени дека второрангираниот труд е исто така со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 65.000,00 денари. По оцена на Одборот, може да биде доделена и само втора награда или воопшто да не биде доделена Годишната награда, доколку се утврди дека ниеден од трудовите не ги исполнува потребните услови.
Низ годините, Народната банка постојано ја поттикнува научноистражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Покрај Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови, Годишната награда за млади истражувачи е дополнителна алатка на централната банка за мотивирање на младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.
Банки
Германски банкарски гигант предвидува дека цената на златото ќе надмине 6.000 долари за унца до крајот на годинава!?
„Deutsche Bank“ се приклучи на водечките финансиски институции на Волстрит кои ги ревидираат нагоре своите прогнози за цената на златото, во услови на силен и продолжен раст на овој благороден метал.
Германската банка објави дека ја зголемува својата прогноза за цената на златото на 6.000 долари за унца до крајот на годината, што претставува раст од 28% во однос на претходната проценка. Со ова, „Deutsche Bank“ се изедначува со прогнозата на „Société Générale“, додека „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“ исто така неодамна ги зголемија своите ценовни прогнози.
Според аналитичарите на „Deutsche Bank“, клучната поента не е само повисоката целна цена, туку причините зад растот на златото.
„Кои се историските лекции што можат да се научат од претходните зголемувања на цената на златото и дали денешните мотиви на инвеститорите се разликуваат од оние во минатото?“, прашува аналитичарот Мајкл Хсју од Сингапур. Аналитичарите посочуваат дека во две третини од случаите на нагло поскапување на златото, цената продолжила да расте во наредните 6 до 12 месеци.
Анализата покажува дека, за разлика од 1980-тите години, денешните двигатели на растот се структурни, а не привремени. Меѓу нив се издвојуваат: централните банки ја намалуваат изложеноста поради страв од замрзнување на странски средства, зголемена побарувачка за недоларски и реални средства, како и долгорочните проекции за раст на јавниот долг во голем број економии во светот.
Фјучерсите на златото во вторникот се тргуваа стабилно, околу 5.077 долари за унца, по импресивен раст од 83% во последните 52 недели.
Позитивниот став на „Deutsche Bank“ и ревидирање на очекувањата има и за среброто, за кое банката ја зголеми прогнозата за 71 проценти односно на 100 долари за унца. Аналитичарите наведуваат дека од декември е забележан нов инвестициски прилив и дека е можно суверените фондови или централните банки да започнале алокации во сребро, што не мора јавно да биде објавено.
Дополнителен поттик за побарувачката за сребро доаѓа од:
- напорите на Кина целосно да ги опфати со даноци офшор-инвестициите,
- планот на Централната банка на Индија да дозволи среброто да се користи како колатерал за кредити.
Иако фјучерсите на среброто во вторникот паднаа за 3%, цената на овој метал бележи раст од дури 262% на годишно ниво.
Пораката од аналичарите на „Deutsche Bank“ е дека структурно повисокиот геополитички ризик ќе продолжи да ги поддржува повисоките цени на суровините, а со тоа и златото и среброто кои се сметаат за сигурно прибежиште на инвеститорите за заштита на капиталот.
Банки
Кристијан Василевски – пример за лидерство и посветеност во банкарството и спортот
Кристијан Василевски, раководителот на Експозитурата Ѓорче Петров во НЛБ Банка АД Скопје е пример за успешен баланс меѓу професионалниот и спортскиот живот. Со девет години работно искуство во банкарството, неговата посветеност, професионалност и лидерски способности секојдневно се одразуваат во резултатите што ги постигнува со својот тим.
Освен во банкарството, Кристијан е активен и на спортската сцена. Од најмали години се занимава со ракомет, настапувајќи за клубовите Бутел Скопје, Вардар, Тинекс Пролет, Работнички и Преспа. Како дел од РК Бутел Скопје, тој настапи и на европската сцена во EHF Cup во сезоната 2019/20 и EHF European League во сезоните 2020/21 и 2022/23..
Во спортот, Кристијан се истакнува како пивот и централна точка во одбраната, потврдувајќи ја дисциплината, посветеноста и високите стандарди што ги применува и во професионалниот живот. Меѓу неговите најзначајни успеси се: шампионската титула во младинска категорија со РК Вардар, седум настапи за младинската репрезентација на Македонија, како и изборот за најдобар ракометар на четвртото коло во Супер машката лига 2021, кога се најде пред големи имиња од светската ракометна сцена.
Кристијан е лиценциран ракометен тренер со трета категорија, со искуство како тренер на пионерската екипа и помошник тренер во првиот тим на РК Бутел. Неговиот следен професионален предизвик е да се стекне со реномираната европска лиценца Master Coach.
Од НЛБ Банка го истакнуваат како пример за професионалец кој успешно ги спојува дисциплината и тимската работа, како во спортот, така и во професионалниот живот, инспирирајќи ги своите колеги и младите спортски таленти.
Банки
Халкбанк дел од тенискиот турнир „Bankers meet Diplomats – 2026“
Во духот на спортот, соработката и фер-плејот, Халкбанк АД Скопје учествуваше на Зимскиот тениски турнир „Bankers meet Diplomats – 2026“, кој се одржа на 24 јануари во ТК „Тенис Парк Поинтер“.

Настанот беше организиран во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадите во Република Северна Македонија и претставуваше платформа за поврзување на банкарскиот сектор и дипломатската заедница преку спортот како универзален јазик. Турнирот се одвиваше во пријателска, но натпреварувачка атмосфера, овозможувајќи размена на искуства и унапредување на меѓусебната соработка надвор од секојдневните професионални обврски.
Посебен успех за Халкбанк претставува и одличниот пласман на Влатко Блажевски, вработен во Банката, кој го освои третото место во конкуренција од 20 учесници, демонстрирајќи посветеност, спортски дух и фер-натпреварување.

Како општествено одговорна финансиска институција, Халкбанк континуирано поддржува иницијативи кои негуваат здрави животни навики, соработка и меѓусебна почит, препознавајќи ја важноста на спортот како средство за градење доверба и зајакнување на партнерствата меѓу институциите.
Халкбанк и во иднина ќе продолжи активно да учествува и да поддржува настани кои придонесуваат за позитивна корпоративна култура и поврзување на заедницата.
-
Продуктипред 2 месециГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Осигурувањепред 2 месециКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Останатопред 2 месециУЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје




