Банки
Стамена Галева, Астрина Џафери и Сашко Спиров се најдобрите банкарски службеници од Халкбанк АД Скопје за 2024 година

На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, кое традиционално го организира Македонската Банкарска Асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Стамена Галева, Астрина Џафери и Сашко Спиров се најдобрите банкарски службеници од Халкбанк АД Скопје за 2024 година.
Халкбанк АД Скопје им честита на наградените и им посакува уште многу успеси и награди во иднина. Банката се гордее со нивните достигнувања затоа што е резултат на нивниот труд, личната посветеност кон професијата и пред се кон клиентите и на колективната заложба за развој и постигнување на заедничките цели.
Банки
НЛБ Банка: Информација за исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

НЛБ Банка на 04.04.2025 година (петок) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.
Kлиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед.
Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
- 04 – ти април (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 07- миаприл (понеделник) –М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Банки
Креативна работилница во Халкбанк за зајакнување на тимскиот дух – вработените во банката изработија брошеви за колешките со долгогодишно искуство

Во организација на Синдикатот на Халкбанк, а со цел разубавување на работното секојдневие и зајакнување на тимскиот дух, во едукативниот и креативниот простор на Банката беше организирана работилница за рачна изработка на накит.
На работилницата учествуваа вработени од различни организациони делови на Халкбанк, кои преку меѓусебна дружба имаа можност да стекнат нови вештини и да се запознаат со уметноста на изработка на накит.

Изработените брошеви, создадени со многу љубов и посветеност, беа подарени на колешките кои имаат над 20 години работно искуство во Банката, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд и посветеност.

Оваа иницијатива претставува уште еден доказ за посветеноста на Халкбанк кон создавање позитивна и инспиративна работна средина, каде што вработените имаат можност да се развиваат, да се поврзат и да ја негуваат тимската енергија.

Банки
НЛБ Банка започна со исплата на мартовските пензии

Согласно информацијата од ПИОМ за исплата на пензиите на 01.04.2025 (ВТОРНИК), НЛБ Банка од денес (01.04.2025 година), започна со исплата на пензиите за месец март.
Пензионерите можат да ја подигнат својата пензија во експозитурите и на банкоматите на НЛБ Банка.
НЛБ Банка ги потсетува своите клиенти пензионери дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Преземете чекор и направeте ажурирање на Вашите лични податоци!
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 месец
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки
- Колумнипред 1 месец
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје