Connect with us

Банки

Одбележана 100 годишнината на Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Традиционално Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити го одбележа Светскиот ден на штедењето 31. октомври.

Настанот започна со презентација на европскиот проект MiCreS, од страна на г-ѓа Фатма Диркес, потпретседателка на Frankfurt School of Finance & Management и претседателка на European Banking & Financial Services Training Association (EBTN) и Катиа Гоертз, директор на проектот.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, го отвори свечениот дел со обраќање во кое го истакна значењето на штедењето и заложбите на банкарскиот сектор и асоцијацијата за финансиска едукација.

На присутните им се обратија и г-ѓата Фатма Диркес, министерката за финансии м-р Гордана Димитриеска-Кочоска, вицегувернерката на Народната банка м-р Емилија Нацевска и в.д. директорот на Фондот за осигурување на депозити г-дин Бехар Емини.

Во рамките на прославата беа доделени признанија на најистакнатите банкарски службеници од оваа година – вкупно 31 најдобар вработен од членките на Македонската банкарска асоцијација, вклучувајќи банки, штедилници, Клириншка куќа КИБС и Македонското кредитно биро. Исто така, беше врачено и посебно признание на м-р Тони Стојановски во знак на почит за неговата посветеност и значаен придонес како заменик-претседател на МБА од 2018 до 2024 година.

Светскиот ден на штедењето, кој бил востановен на првиот меѓународен конгрес на штедилници во Милано на 31 октомври 1924 година се одбележува во нашата земја од 1999 година, со акцент на важноста на штедењето и финансиската писменост.

Банки

ЦЕБ одобри грант од 250.000 евра за високото образование во Македонија

Објавено

на

Развојната банка на Советот на Европа (ЦЕБ) потпиша договор со Владата на Северна Македонија за доделување грант во износ од 250.000 евра за поддршка на високото образование во земјава.

Средствата ќе бидат обезбедени преку Шпанската сметка за социјална кохезија на ЦЕБ.

Како што објави SeeNews, договорот е потпишан на 16 септември, а грантот е наменет за активности поврзани со унапредување на високото образование.

Повеќе детали за конкретната намена на средствата не се наведени во јавно достапниот дел од информацијата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата за потрошувачки кредит наменет за реализација на различни лични планови и потреби.

Според објавата на Банката, клиентите можат да аплицираат за износ до 2.500.000 денари, а одобрувањето на кредитот може да се добие за само неколку минути.

Од НЛБ Банка посочуваат дека производот е наменет за корисници кои бараат брзо финансиско решение за реализација на поголеми планови и инвестиции.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на интернет-страницата на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка ги претстави поволностите за пензионери во Прилеп

Објавено

на

Претставници на АЛТА банка вчера го посетија Клубот на пензионери во Прилеп, каде што разговараа со пензионерите и ги презентираа производите и поволностите наменети за оваа категорија клиенти.

Посебен акцент беше ставен на новиот, поповолен кредит за пензионери, како и на банкарските решенија кои, според Банката, се креирани со цел да обезбедат поедноставно, појасно и посигурно корисничко искуство.

Од АЛТА банка посочуваат дека директната комуникација со пензионерите е важен дел од нивниот пристап, со цел подобро да ги слушнат нивните потреби и да им ги доближат услугите и можностите што им се достапни.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange