Банки
УНИБанка оствари добивка од 5,4 милиони евра за девет месеци во 2024 година
УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2024 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. Банката продолжи со процесот на имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции. Дигитализацијата, покрај тоа што придонесе за низа поволности за клиентите – брзина, сигурност, достапност, секако има влијание и на подобрување на ефикасноста на банката.
Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција на банката, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.
Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2024 година изнесуваат 1.723 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 336,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи. Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66,1% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за 9,9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.
Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2024 година изнесуваат 1.387,1 милиони денари и бележат зголемување од 10% во однос на истиот период од 2023 година. Зголемувањето на расходите се должи на зголемувањето на расходите за камати, како и на зголемувањето на административните расходи.
Исплатени дивиденди
Во текот на 2024 година, банката има исплатено дивиденди во износ од 200,9 милиони денари или 368 денари бруто износ по акција од остварената добивка во 2023 година.
Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период
Во 2024 година окружувањето во коешто делуваше банката, се одликуваше со постепена стабилизација на ценовниот раст и поволен девизен пазар, но и понатаму постојат ризици и неизвесност, главно поврзани со надворешното окружување. Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст.
И покрај тоа, заклучно со третиот квартал од 2024 година, нето активата на банката е речиси во согласност со планираната.
Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 30.09.2024 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на планираните извори на финансирање од секторот население за 1%.
Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на платежните сметки, оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на зацртаните цели во Бизнис планот на Банката за 2024 година. Усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, вештачката интелигенција, зелените проекти, ЕСГ сегментот, раст на учеството на мобилните плаќања се работи кои се дел од долгорочната стратегија на Банката и на нив ќе бидеме посветени и во иднина, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.
Банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје
Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на
ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
П О В И К
за учество на Собрание на акционери
59-то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје кое ќе се одржи на 04.12.2024 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Шпаркасе Банка АД Скопје на ул. Васил Иљоски бр. 14 Скопје, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;
2. Разгледување на Записник од 58.седница на Собранието на акционери;
3. Предлог Одлука за избор на друштво за ревизија на Шпаркасе Банка АД Скопје за 2024 година
4. Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.
Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.
Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.
Банки
Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година
На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, кое традиционално го организира Македонската Банкарска Асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година.
„Горди сме што оваа чест годинава ја понесоа нашите колеги Снежана Атанасова и Миле Арсовски. Честитки за нивните достигнувања и благодарност за нивниот труд и нивната посветеност кон професијата и кон клиентите. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди и успеси!“, велат од ПроКредит Банка.
Банки
Подарок штедни книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка за бебињата родени на Денот на штедењето
Денот на штедењето, Комерцијална банка го прослави и со традиционалната посета на родилишта и доделување подарок штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за бебињата родени на 31 октомври.
Со оваа мисија Комерцијална банка, на своја огромна радост, дава придонес за подобра и посреќна иднина на децата и го поттикнува штедењето уште од најмала возраст. А, им помага и на родителите да го наметнат значењето на штедењето како важна животна вредност за нивните деца.
Штедните книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка не се само обичен подарок – тие се симбол на вербата дека секое дете заслужува сигурна иднина и поддршка во реализација на своите соништа. Отворањето штедна книшка за новороденчињата е еден мал чекор во градењето култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност.
Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Вработувањепред 4 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје