Connect with us

Банки

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Објавено

на

Народната банка дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Емилија Нацевска и  директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во Вашингтон, САД. Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција од страна на Народната банка е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, и носењето квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики.

Во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, Народната банка редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Така, од октомври минатата година, Народната банка започна да ги објавува неконсолидираните кварталните финансиски сметки, состојби, а од крајот на месецов ќе почнат да се објавуваат и податоци на консолидирана основа. Во тек се подготвителни активности за податоците за финансиските текови, кои ќе почнат да се објавуваат од 2025 година.

Во делот на екстерните статистики, во тек се два проекта за електронско известување за натамошно олеснување на процесот на доставување податоци до Народната банка. Kaj монетарната статистика, се продолжува со активностите од проектот за интегриран систем на прибирање на податоци од банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели.

Годинава за првпат беше објавен и Прегледот на „зелените“ показатели, чија цел е да се подобри достапноста на овие податоци, што е од клучно значење за анализите поврзани со климата и креирањето политики, како и да придонесе за подобро следење на одржливоста на финансискиот систем и економијата и да помогне подобро да се следат трендовите на „зелените“ пазари на капитал. Народната банка постојано применува и практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци, беше посочено на состанокот.

Банки

Стопанска банка со порака за Меѓународниот ден на младите: Веруваме во нивниот потенцијал

Објавено

на

По повод Меѓународниот ден на младите, Стопанска банка АД – Скопје упати честитка до младите, истакнувајќи дека токму нивната енергија, идеи и храброст се движечка сила за иднината.

„Младите се енергијата, идеите и храброста што го движат светот напред. Затоа, веруваме во нивниот потенцијал и сакаме да бидеме дел од секој нивен чекор“, порачаа од банката.

Од Стопанска банка посочуваат дека преку TOPSI, концепт наменет за младите, создаваат банкарски решенија приспособени на нивните потреби и животен ритам.

Како што наведуваат, целта е младите да добијат поддршка во остварувањето на своите идеи, планови и соништа.

Продолжи со читање

Банки

Србија и Светска банка преговараат за милијарда евра за гасната инфраструктура, важна и врската со Северна Македонија

Објавено

на

Србија во средината на август ќе почне преговори со Светска банка за условите за финансирање програма вредна една милијарда евра, наменета за проширување и модернизација на гасната инфраструктура во земјата, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Преговорите ќе опфатат прашања поврзани со социјалните и еколошките стандарди, јавните набавки, како и јасно утврдување на надлежностите и одговорностите за секој сегмент од проектот.

Планирано е повеќегодишната програма да се реализира во неколку фази. Во првата фаза е предвидена изградба на дел од планираниот гасовод што ќе ги поврзува Ниш и Велика Плана, како и подготовка на техничка документација за проектите што ќе следуваат.

Втората и третата фаза предвидуваат проширување на постојните и изградба на нови капацитети за складирање гас, изградба на придружни гасоводи, како и гасовод од Мокрин, во близина на границата со Романија, до Белград.

Во рамките на проектот треба да се анализира и подготвеноста на српската гасна инфраструктура за транспорт на водород.

Според Ѓедовиќ Хандановиќ, новите гасоводи ќе ѝ овозможат на Србија подобро да го искористи потенцијалот на постојните интерконекции, но и на планираните гасни врски со Северна Македонија и Романија.

Србија очекува изградбата на интерконекторите со Северна Македонија и Романија да биде завршена во следните две години, како дел од напорите за диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергија.

Во меѓувреме, земјата спроведува и реформи во гасниот сектор. По усвојувањето на новиот Закон за гас е формирана компанијата „Гас инфраструктура“, која ќе управува со целокупната гасна инфраструктура, додека „Транспортгас Србија“ е сертифициран како независен системски оператор за пренос на природен гас.

Државниот „Србијагас“ и натаму ќе биде одговорен за снабдување на домаќинствата и компаниите. Компанијата располага со дистрибутивна мрежа долга 6.633 километри и снабдува повеќе од 90.000 домаќинства.

Србија најголем дел од природниот гас го добива од руски „Газпром“ преку продолжението на „Турски тек“ низ Бугарија, а увезува и азербејџански гас преку интерконекторот со Бугарија.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк услугите отсега достапни и преку Пошта низ целата земја

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека голем дел од банкарските услуги на банката отсега се достапни и преку поштенската мрежа низ земјата, со што граѓаните добиваат дополнителна можност полесно да завршат дел од своите банкарски обврски.

Во рамки на соработката со Пошта на Северна Македонија, за физичките лица се овозможени готовински и безготовински платен промет во земјата, како и прием на документација за отворање денарска платежна сметка, ажурирање лични податоци, електронско и мобилно банкарство и дебитна платежна картичка.

Преку поштенската мрежа може да се поднесе и пријава за прием на пензија или социјално право, да се издаде пензиски чек, да се добијат информации за орочени депозити и кредитни производи, како и да се достави потребната документација за нив.

Достапна е и услугата за исплата на готовина до местото на живеење за пензии и социјални права.

За правните лица, пак, достапни се готовински и безготовински платен промет во земјата, како и информации за актуелната понуда на орочени депозити.

„Како во Халкбанк – Халкбанк услуги достапни и во Пошта“, порачуваат од банката, нагласувајќи дека целта е банкарските услуги да бидат поблиску и подостапни до корисниците низ целата држава.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange