Connect with us
no baners

Продукти

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

Објавено

на

Штедењето е секогаш добра идеја, а во месецот на штедење Стопанска банка а.д Битола ви носи уште поповолни услови за вашите депозити. 

Нашиот нов депозит на 60 месеци е совршен начин да го зголемите вашиот капитал и да уживате во сигурна финансиска иднина.

 Со новиот депозит од Стопанска банка а.д Битола, можете да искористите:

Каматна стапка од 4,5 за денарски депозит – одлична можност за оние кои сакаат да штедат во домашната валута и да добијат повисоки поврати.

Каматна стапка од 3,8 за девизен депозит – идеално за оние кои претпочитаат девизно штедење со стабилни и сигурни услови.

Зошто да штедите со нас?

Нудиме долгорочна сигурност – Вашите средства ќе растат стабилно и сигурно во текот на целиот период од 60 месеци.

Флексибилност–  Независно дали штедите во денари или девизи, ние Ви омозможуваме избор што најмногу ви одговара.

Нека месецот на штедење  биде вашиот поттик да направите паметен финансиски чекор кој ќе донесе долгорочна корист.

Повеќе информаци на следните линкови Долгорочен депозит на 60 месеци со фиксна каматна стапка – Македонски (stbbt.mk) и Долгорочен девизен депозит на 60 месеци со фиксна каматна стапка – Македонски (stbbt.mk)  на нашиот веб сајт или посетете ја нашата најблиска филијала.

Овој текст е изработен од Стопанска банка а.д. Битола. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Банки

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

Објавено

на

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.

Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.

Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите. 

Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.

Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.

Продолжи со читање

Осигурување

Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange