Connect with us
no baners

Останато

ММФ: Ескалацијата на Блискиот Исток би можела значително да влијае на глобалната економија

Објавено

на

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика значителни економски последици за регионалната и глобалната економија, додека цените на суровините ќе останат под максимумот од минатата година, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Потенцијалот за понатамошна ескалација на конфликтот ги зголемува ризиците и неизвесноста и може да има значителни економски последици за регионот и пошироко. ММФ продолжува со внимание и загриженост да ја следи ситуацијата во јужен Либан“, изјави портпаролката на ММФ Џули Козак.

Таа посочи дека е премногу рано да се предвидат конкретни влијанија врз глобалната економија, но додаде дека економиите во регионот веќе претрпеле големи последици, особено во Газа, каде што цивилното население „се соочува со тешки социо-економски услови, хуманитарна криза и недоволна испорака на помош“.

Останато

По Велигден се најавува нов пакет економски мерки, фокус на ранливите категории

Објавено

на

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по Велигден Владата ќе презентира нов пакет економски мерки насочени кон одредени категории граѓани и конкретни производи, со цел да се ублажи економскиот притисок врз населението.

Според информациите, мерките ќе бидат таргетирани, односно ќе се однесуваат на групи граѓани на кои им е најпотребна поддршка. Наместо општи субвенции или ограничувања, се најавува попрецизен пристап кој треба да обезбеди поголем ефект со помали буџетски трошоци.

Дел од мерките ќе опфатат и одредени производи, што упатува на можни интервенции во цените или пазарните услови, особено кај основните животни намирници. Оваа најава доаѓа во време кога растот на цените и инфлацијата остануваат значаен предизвик за граѓаните.

Премиерот не откри конкретни детали, но посочи дека пакетот ќе биде објавен веднаш по Велигденските празници, оставајќи простор за дополнителни анализи и финализирање на мерките.

Новите најави се надоврзуваат на зголемените очекувања во јавноста за поддршка на животниот стандард, особено кај ранливите категории, при што вниманието ќе биде насочено кон тоа дали предложените решенија ќе донесат конкретни резултати.

Продолжи со читање

Останато

Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?

Објавено

на

Велигденските празници традиционално носат изменето работно време кај институциите, компаниите и услугите во земјава. Во 2026 година неработни денови се 10 април (Велики Петок), 12 април (Велигден) и 13 април (вториот ден на Велигден).

10 април е Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека за граѓаните од другите верски заедници е работен ден. На 12 и 13 април (Велигден и вториот ден на Велигден), како државни празници, повеќето институции, јавната администрација и дел од приватниот сектор нема да работат.

Вообичаено, во деновите околу празниците државните служби, шалтерите и управните институции работат со скратено работно време или се целосно затворени за време на неработните денови.

Трговските објекти, маркетите и трговските центри најчесто функционираат со изменет режим на работа, при што дел од нив работат со скратено работно време, а на самиот празник голем број објекти остануваат затворени.

Банките, поштите и другите услужни дејнсти, исто така, не работат во неработните денови, или имаат изменето и скратено работно време во деновите пред празниците. Во меѓувреме, јавниот превоз најчесто функционира по празничен, односно неделен возен ред, со намален број на линии.

Бидејќи работното време може да варира од институција до институција, препорачливо е граѓаните однапред да се информираат за режимот на работа на службите и услугите што планираат да ги користат.

Продолжи со читање

Останато

Можен е недостиг на гориво во Европа веќе од 20 април

Објавено

на

Европските бензински пумпи би можеле да останат без гориво веќе од 20 април, предупреди директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), Кирил Дмитриев.

Дмитриев, кој воедно е и специјален претседателски пратеник за економска соработка со странство, изјави дека последните пратки на енергенси кон Европската унија ќе пристигнат преку Ормускиот теснец на 11 април. Тој повика на претпазливост, порачувајќи дека сите треба „да ги врзат појасите“ поради можните турбуленции на пазарот.

Во меѓувреме, германската економија се соочува со рецесија, делумно поради високите трошоци за енергија по прекинот на испораките на руски гас. Според податоците на федералниот завод за статистика Дестатис, бруто-домашниот производ се намалил за 0,2 проценти во 2024 година, што претставува втор последователен годишен пад.

Сличен пад во две последователни години последен пат бил забележан во периодот 2002–2003 година.

Изјавите доаѓаат во време на зголемена неизвесност на енергетските пазари, поттикната од геополитичките тензии и прекините во снабдувањето.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange