Connect with us
no baners

Продукти

Продолжува промотивната понуда за НЛБ Супер депозитите со атрактивни каматни стапки

Објавено

на

НЛБ Банка продолжува со промотивната понуда за депозити за физички лица, која ќе биде достапна до 31 октомври 2024 година. Оваа понуда овозможува клиентите да ги максимизираат своите средства со сигурни и атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра. НЛБ Супер депозитите се наменети за сите кои сакаат да инвестираат во својата иднина и да ги остварат своите планови.

Промотивните услови се однесуваат на ново-склучени договори за НЛБ Супер депозитот и нудат фиксни каматни стапки од 4% за депозити во денари и 3% за депозити во евра, со рок на орочување од 25 месеци.

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Kлиентите можат да посетат било која експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за штедење.

Повеќе информации за промотивната понуда може да се добијат во експозитурите на НЛБ Банка, преку контакт центарот на телефонскиот број 02/15600 или на следниот линк: https://shorturl.at/eCzsK

Продукти

КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина

Објавено

на

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.

Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.

Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.

Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.

Продолжи со читање

Продукти

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!

Објавено

на

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.

Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова, банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските услуги.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојална програма

Продолжи со читање

Банки

Капитал банка нуди станбени кредити со фиксна камата од 3,75 проценти

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје нуди станбени кредити со услови насочени кон полесно решавање на станбеното прашање за граѓаните.

Според информациите, кредитот вклучува фиксна каматна стапка од 3,75 проценти во првите десет години, што овозможува стабилност и предвидливост на месечните обврски. Рокот на отплата може да достигне до 25 години, додека минималното учество за купување ново живеалиште изнесува 10 проценти.

Од банката посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои бараат сигурност и јасни услови при финансирање на својот дом, во услови на променливи пазарни движења.

Дополнителни информации за кредитните услови се достапни во експозитурите на банката и преку нивните контакт канали.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange