Банки
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
На 28 септември 2024 година ТТК Банка беше домаќин на настанот „Ден со нашите пензионери- наследство и поврзаност“ посветен на оддавањето почит и благодарност за непроценливиот придонес на пензионираните вработени.
Во пријатна и топла атмосфера настанот опфати низа активности кои поттикнаа меѓусебно дружење и споделување на спомени. Сите присутни имаа можност да се потсетат на убавите моменти, стекнатите искуства и успесите во текот на сите години заедничко работење.
Претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски, во своето обраќање ја нагласи важноста на овој настан и посветеноста на банката кон сите оние кои оставија траен белег во нејзиниот развој.
„Нашите пензионери не се само поранешни вработени – тие се столбот на нашата приказна, луѓето кои го поставија темелот и ја градеа оваа институција низ годините. Благодарни сме за нивната мудрост, труд и посветеност што ги вложија во развојот на ТТК Банка. Оваа средба го зајакнува нашето чувство на заедништво и е потврда дека нивниот придонес ќе остане трајно запишан во историјата на банката, а нивните достигнувања никогаш нема да бидат заборавени“ изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски.
Пензионираните вработени имаа можност да дознаат за тековните проекти, достигнувања и идните цели на банката. Во знак на благодарност и признание за нивната посветеност и долга и успешна кариера Банката им додели благодарници и пригодни подароци.
ТТК Банка изразува срдечна благодарност до сите свои пензионирани вработени. Преку овој настан потврдуваме дека богатото наследство, знаењето и мудроста, што тие ни ги оставаат секогаш ќе бидат важен дел од приказната на Банката, поттик и основа да се радуваме на светла и перспективна иднина.
Банки
Халкбанк со пакет за жени претприемачки: Кредит до 500.000 евра и повеќе поволности
Халкбанк АД Скопје нуди пакет наменет за жени претприемачки, со финансиска поддршка и повеќе поволности за развој и унапредување на бизнисот.
Во рамки на понудата е достапен кредит до 500.000 евра, со рок на отплата до 120 месеци. Пакетот вклучува и водење сметка без месечен трошок, како и електронско банкарство без надоместок.
Корисничките добиваат и деловна Mastercard картичка без надоместок за издавање, како и повисоки каматни стапки за различни типови орочени депозити.
Дополнително, пакетот вклучува подарок годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е креирана со цел да им овозможи на жените претприемачки полесен пристап до финансиски средства и услуги потребни за развој на нивниот бизнис.
Банки
Стопанска банка со TOPSI картичка за млади: 0 денари месечни трошоци и повеќе дигитални поволности
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира TOPSI картичката наменета за млади, со повеќе дигитални поволности и без месечни трошоци.
Со TOPSI картичката, корисниците имаат пристап до банкарски услуги 24 часа дневно, брзи трансфери преку TOPSI Pay, како и можност за користење на Apple Pay и Google Pay.
Дополнително, за корисниците на картичката е достапен и 20 проценти попуст на курсеви од Семос Едукација.

Од банката порачуваат дека TOPSI е создадена за младите кои сакаат брз, едноставен и дигитален пристап до секојдневното банкарство.
Банки
АЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
АЛТА банка нуди потрошувачки кредит во износ до 1.000.000 денари, со можност за одобрување во рок од 24 часа, информираат од банката.
Според објавените информации, кредитот е наменет за различни лични потреби и планови на граѓаните, а постапката за аплицирање е брза и едноставна.
„Кога одлуката не треба да чека“, порачуваат од АЛТА банка во објавата со која го промовираат потрошувачкиот кредит.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалните канали на банката.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари





