Останато
Германската економија е се уште во криза на која не и се гледа крајот!
Централната банка на Германија Бундесбанк во последниот месечен извештај посочи дека германската економија се уште се наоѓа во криза и не се гледа крајот на забавувањето на активностите во економија, која своевремено беше најбрзо растечка економија во Еврозоната, но сепак нема индиции да западне во длабока рецесија.
„Германската економија сè уште е во тешка ситуација“, заклучува Бундесбанк.
Зголемената економска несигурност ги кочи инвестициите, градежниот сектор е зафатен од повисоки финансиски трошоци, а личната потрошувачка не е зголемена и покрај повисоките плати, сметаат експертите.
Имаше знаци и на влошување на условите на пазарот на трудот, иако бројот на вработени во Германија сè уште е голем, предупредуваат тие.
Економската активност треба да стагнира во третиот квартал, а би можела повторно да се намали, но во моментот не се очекува рецесија ако ја дефинираме како значителен пад на активноста во поголем број сектори и на подолг временски период, додаваат од таму.
Бизнис
Здружението на инфлуенсери го отфрла Правилникот на АВМУ и предлага Кодекс согласно европските практики
Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор.
Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет комуникацијата, туку отвораат простор за правна несигурност, различни толкувања и дополнителен хаос во онлајн сферата. Наместо да придонесат кон уредување на областа, тие создаваат ризик од селективна примена и ограничување на креативната слобода, без јасна законска основа и без претходна широка консултација со засегнатите страни.
Здружението нагласува дека инфлуенсерите не бегаат од одговорност, редовно плаќаат данок во Македонија, наспроти сите невистини кои се ширеа во медиумите во изминатиот период и дека ја поддржуваат потребата од транспарентност, јасно означување на комерцијалните содржини и почитување на етичките стандарди. Сепак, тие сметаат дека ваквите прашања мора да се уредуваат преку инклузивен процес и решенија што ќе бидат во согласност со законите и европските практики, а не преку акти што излегуваат надвор од утврдените надлежности.
Согласно изработената европска анализа за тоа како оваа проблематика е решена во земјите членки на Европската Унија, Здружението достави предлог до министерот за дигитална трансформација, со кое се предлага донесување Кодекс кој ќе се темели на принципите на саморегулација и ко-регулација. Во најголем дел од државите членки, прашањето на инфлуенсер маркетингот се регулира преку јасни насоки за означување на спонзорирана содржина, едукација и соработка меѓу индустријата и институциите, а не преку рестриктивни и еднострано наметнати подзаконски акти.
Предложениот Кодекс има за цел да воспостави јасни, применливи и пропорционални правила што ќе обезбедат заштита на јавниот интерес, особено на потрошувачите и малолетниците, а истовремено ќе ја почитуваат слободата на изразување и спецификите на дигиталната економија. Овој пристап, според Здружението, претставува единствен одржлив и европски усогласен модел за уредување на интернет просторот.
Здружението на инфлуенсери и креатори на содржини ги повикува институциите да го повлечат спорниот Правилник и Водич и да отпочнат отворен и транспарентен дијалог со сите релевантни чинители, со цел изнаоѓање решение кое ќе донесе правна сигурност, јасни правила и стабилна рамка за развој на дигиталната комуникација во Македонија.
Анализи
Трошоците за живот поскапени за 3,2 проценти за една година!
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е намалена за 0,7%, додека цените на мало бележат пад од 2,7%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, трошоците на живот во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година бележи зголемување од 3,2 %, а индексот на цените на мало се покачил за 1,2% во споредба со јануари 2025 година.
Месечниот пад на инфлацијата е резултат на значително поевтинување кај транспортот (-9,3%), како и намалување на цените во групите информации и комуникации (-1,6%), рекреација, спорт и култура (-1,5%), облека и обувки (-1,2%) и лична нега и разновидни услуги (-0,5%).
Истовремено, зголемување на трошоците е забележано кај домувањето и енергенсите (+1%), покуќнината (+1%), рестораните и хотелските услуги (+0,7%), како и кај образованието и алкохолните пијалаци (+0,1%).
На годишна основа, најголем раст на цените е регистриран кај покуќнината и апаратите за домаќинство (5,8%), храната (5,5%) и алкохолните пијалаци (5,3%). Кај индустриските прехранбени производи цените се зголемени за 4,8%, а кај земјоделските производи за 3,2%.
Од јануари 2026 година, Државниот завод за статистика започна со примена на новата европска класификација ECOICOP 2, усогласена со стандардите на Евростат и Обединетите нации, без промени во методологијата на пресметка на индексите.
Фото: ВИ
Останато
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Асоцијацијата за е-трговија и Министерството за дигитална трансформација
Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) и Министерството за дигитална трансформација потпишаа Меморандум за соработка, со кој Министерството официјално пристапува како почесен член на Асоцијацијата.
Меморандумот воспоставува рамка за институционална соработка во областите на е-трговијата, дигитализацијата, вештачката интелигенција, дигиталните вештини и иновациите, со цел забрзување на дигиталната трансформација и развојот на дигиталната економија во земјата.
На состанокот беше истакната важноста на е-трговијата како интегрален дел од дигиталната економија и како клучен двигател на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија. АЕТСМ ја нагласи својата улога во поддршка на бизнис-секторот преку развој на нови онлајн продажни канали, едукација, истражувања и иницијативи за унапредување на пазарот.
Во рамки на соработката, страните ќе разменуваат информации, анализи и експертиза, ќе учествуваат на заеднички настани и обуки, ќе развиваат едукативни и развојни програми и ќе разгледуваат можности за заедничка подготовка и реализација на проекти на национално и меѓународно ниво.
„Поттикнување на дигитализацијата на бизнис секторот е еднакво важна како и дигитализацијата на државната управа. Таа нуди нови можности за раст на бизнисите, поголеми приходи, рационализација на расходи и простор за иновации. Оттука, партнерството со Асоцијацијата за е-трговија сметаме дека ќе придонесе кон поголема мобилизација на бизнис секторот во насока на откривање на можностите кои ги нудат новите алатки.” – истакна г-дин Андоновски
Асоцијацијата изрази подготвеност да придонесе во имплементацијата на Стратегијата за дигитализација „Смарт МК 2030“, особено во делот на дигитализација на ММСП, развој на дигитални вештини и поттикнување на безготовинските плаќања.
„Е-трговијата не е само уште еден канал на продажба – таа е инфраструктура на модерната економија. Преку оваа соработка со Министерството за дигитална трансформација, правиме чекор кон системско позиционирање на е-трговијата како двигател на дигиталната економија и конкурентноста на македонските компании.” – истакна Ангеловска-Станков, Претседателка на АЕТСМ.
Дополнително, на средбата се разговараше за важноста од стимулирање на безготовинските плаќања и можните заеднички иницијативи во таа насока, кои во наредниот период ќе бидат дополнително разгледувани и разработувани.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања
-
Банкипред 2 месеци„Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





