Connect with us

Банки

Бранко Грегановиќ се повлече од функцијата Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје известува дека на ден 07.06.2024 година, Г-дин Бранко Грегановиќ, поднесе оставка од функцијата Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Воедно, НЛБ Банка АД Скопје известува дека Надзорниот одбор на банката со одлука донесена на 131-вата седница, одржана на 10 Јуни 2024 година, го именуваше г- дин Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на банката, која одлука ќе влезе во сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именувањето на нов Претседател на Управен одбор на Банката, г-дин Бранко Грегановиќ ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Банки

Големите банки се подготвуваат да го прифатат крипто “бранот”

Објавено

на

Мајкл Сејлор извршен директор и ко-основач на “MicroStrategy”, неодамна сподели сознанија за новите гласини во врска со големите банки кои влегуваат во секторот на криптовалути. Неговата објава се совпадна со веста од BNY Mellon (The Bank of New York Mellon Corporation), што сугерира дека неколку истакнати банки наскоро би можеле да понудат услуги за криптовалути. Какви активности презеде BNY за да стане тема на вакви шпекулации?

BNY Mellon и криптовалутите

BNY Mellon (The Bank of New York Mellon Corporation) доби изземање од строгите правила на Комисијата за хартии од вредност на Америка (SEC) за чување на дигитални средства. Како најголема американска банка за старателско работење, BNY Mellon сега се залага за добивање на одобрение за институционални услуги за чување на криптовалути, откако го доби ослободувањето од SAB 121 кое многу банки сакаат да го реплицираат. Според Крис Ленд, генералниот советник на американската сенаторка Синтија Лумис, со овој потег се отстранети пречките една од најголемите банки да обезбеди старателски услуги за чување криптовалути.

„BNY Mellon сака да влезе во бизнисот за чување криптовалути. Тие се соочија со некои предизвици со SAB 121 (Staff Accounting Bulletin), но се чини дека добија форма на изземање од Комисијата за хартии од вредност на Америка (SEC) за да продолжат напред“, изјави главниот сметководител на Комисијата за хартии од вредност на Америка (SEC), Пол Мунтер, објави дека некои организации се квалификуваат за ослободување од SAB 121, најверојатно поврзано со резервите на субјектот што обезбедува старателско работење.

Криптовалутите и големите банки

На глобално ниво, бројот на банки кои започнуваат со нудење на услуги поврзани со криптовалути е во пораст. Дури и гигантите како “JPMorgan”, иако не влегуваат директно во крипто просторот, играат активни улоги во процесот на ETF. Осврнувајќи се на неодамнешната акција на “BNY Mellon”, Сејлор објави дека повеќе банки би можеле да го следат примерот и да ја прошират својата палета на производи со нудење на старателски услуги за чување криптовалути.

Како што може да се забележи дека банкарските гиганти покажуваат се поголем интерес, но и започнуваат со нудење на старателски услуги за чување на криптовалути, исто така може да се очекува нивна се поголема вклученост и во делот на трговските услуги односно да нудат услуги за тргување со криптовалути. Растечкиот пазар на криптовалути може да претставува значаен извор на приход за банките. Со “BNY Mellon”, основана во 1784 година, официјално објавувајќи ги своите старателски услуги за чување криптовалути, импликациите за банкарската индустрија се подготвени драматично да се расплетат.

Македонските банки во изминатите години беа во тек со сите технолошки иновации и нови трендови следејќи ги светските банкарски гиганти. Па сега се поставува прашањето дали и сега ќе го следат најновиот банкарски тренд и ќе се вклучат во криптоиндустријата?

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ја поддржа Годишната конференција на Македонската берза

Објавено

на

Комерцијална банка на свое големо задоволство и оваа година има чест да биде спонзор на Годишната конференција на Македонска берза/Macedonian Stock Exchange.

Како една од најтранспарентните и најтргувани котирани компании на Македонската берза, Комерцијална банка е горд спонзор на овој редовен корпоративен настан.

Годишната берзанска конференција е место на кое се собираат истакнати експерти од корпоративниот свет и од пазарите на капитал, како и институционални инвеститори за да ги отворат актуелните прашања што ги засегаат пазарите на капитал.

И оваа година темите се од суштински интерес за сите што сакаат да отвораат нови можности, да се развиваат согласно европските трендови и перспективи и да напредуваат во време на динамични промени.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка спонзор на јубилејниот концерт на групата Синтезис

Објавено

на

Комерцијална банка, како поддржувач на врвната музичка уметност, со големо задоволство е Генерален спонзор на овој јубилеен концерт. Со нашата поддршка ќе овозможиме вистински музички спектакл во кој македонската изворна музика ќе доживее спектакуларна изведба од страна на членовите на групата Синтезис.

Концертот на Синтезис ќе биде можност за музичко уживање и уште едно вредно издание за македонската музичка ризница. 

Комерцијална банка е горда на својата поддршка на домашното музичко творештво затоа што „Полесно е заедно“ да создаваме вредно наследство за идните генерации.

Продолжи со читање

Популарно