Connect with us
no baners

Анализи

Пад на бројот на работници во индустријата: намалување од 2,8 % во март

Објавено

на

Бројот на работници во индустријата бележи намалување во март 2026 година во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци. Најизразен пад е регистриран во секторот рударство и вадење камен, додека благо зголемување има во енергетскиот сектор.

Конкретно, во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бројот на работници во секторот рударство и вадење камен е намален за 6,9 %, во преработувачката индустрија за 2,8 %, додека во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 0,6 %.

Анализирано според главните индустриски групи, пад е забележан во повеќе сегменти. Бројот на работници се намалил во групата енергија за 2,1 %, кај капиталните производи за 3,6 %, кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 3,4 %, како и кај интермедијарните производи, освен енергија, за 2,9 %. Единствен раст има кај трајните производи за широка потрошувачка, каде бројот на вработени е зголемен за 1,0 %.

Негативниот тренд се забележува и на квартално ниво. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период во 2025 година, бројот на работници во индустријата е намален за 3,3 %.

Податоците укажуваат на континуиран притисок врз индустрискиот сектор, со најголеми загуби на работни места во рударството и преработувачката индустрија, додека енергетиката останува единствен сегмент со благ раст.

Анализи

Славески: Македонската економија покажува отпорност, инфлацијата се стабилизира

Објавено

на

Гувернерот Трајко Славески пред Комисијата за финансирање и буџет при Собранието на Република Северна Македонија ја презентираше актуелната економска состојба, оценувајќи дека економијата останува стабилна и покрај зголемената глобална неизвесност.

Според него, во 2025 година економскиот раст изнесувал 3,5 проценти, при што главен двигател била домашната побарувачка, особено инвестициите. Позитивни трендови се забележуваат и на пазарот на труд, со раст на вработеноста и намалување на невработеноста.

Во првиот квартал од 2026 година, инфлацијата се стабилизирала на 3,7 проценти, пред сè поради намалување на базичната инфлација. Сепак, Славески предупреди дека идните движења на цените остануваат неизвесни, имајќи ги предвид геополитичките ризици и случувањата на глобалните пазари.

„Новите случувања на Блискиот Исток претставуваат значителен надворешен шок, кој влијае врз цените на енергентите и синџирите на снабдување“, изјави Славески.

Банкарскиот систем, како што беше посочено, останува стабилен, со раст на депозитите од 11,3 проценти и кредитната активност од 13,1 проценти, поддржан од солидната капитализираност и квалитетот на кредитното портфолио.

Од Народна банка на Република Северна Македонија посочуваат дека ќе продолжат со внимателна и конзистентна монетарна политика, насочена кон одржување на ценовната стабилност и стабилен девизен курс.

„Подготвени сме навремено да реагираме со сите расположливи инструменти, за зачувување на макроекономската стабилност“, порача гувернерот.

Продолжи со читање

Анализи

Умерен раст на Македонската берза во април, банките ја предводат трговијата

Објавено

на

Македонска берза во април 2026 година забележа умерен пораст од 2,02 проценти, при што вкупниот промет достигна 353,1 милиони денари, односно околу 5,74 милиони евра.

Според месечните податоци, најголем интерес кај инвеститорите имало за акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, кои доминирале по остварен промет. Зад нив следуваат Стопанска банка АД Скопје и Македонски Телеком АД Скопје.

Во текот на месецот биле реализирани 1.547 трансакции, при што се истргувале вкупно 118.383 акции и обврзници.

Кога станува збор за движењето на цените, најголем добитник е Макстил АД Скопје со раст од 14,66 проценти. Позитивни перформанси покажале и Гранит АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.

Од друга страна, најголем пад на вредноста имаат акциите на ТТК Банка АД Скопје, како и Македонијатурист АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Според обемот на тргување, најактивни биле акциите на Македонски Телеком АД Скопје, по што следуваат Стопанска банка АД Скопје и Макстил АД Скопје.

И покрај умерениот раст, податоците покажуваат дека банкарскиот сектор и натаму останува клучен двигател на трговската активност на домашниот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Анализи

Милиони во ЕУ на раб на сиромаштија: Бугарија најпогодена

Објавено

на

Во Европска унија минатата година 92,7 милиони луѓе, односно 20,9 отсто од населението, биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат. Во споредба со 2024 година, оваа бројка е намалена за околу 600.000 лица.

Според статистичарите, овие граѓани живееле во домаќинства погодени од најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба или многу низок интензитет на работа.

Највисок удел на луѓе на прагот на сиромаштија или социјална исклученост е регистриран во Бугарија, каде што изнесува 29 отсто. Следуваат Грција со 27,5 отсто и Романија со 27,4 отсто.

Од друга страна, најниски стапки се забележани во Чешка (11,5 отсто), Полска (15 отсто) и Словенија (15,5 отсто).

Податоците покажуваат дека жените, младите на возраст од 18 до 24 години, лицата со пониско ниво на образование и невработените имаат поголема веројатност да се соочат со сиромаштија во однос на другите групи во ЕУ. Ризикот кај жените изнесува 21,9 отсто, додека кај мажите 19,8 отсто.

Образованието исто така игра значајна улога. На ниво на ЕУ, повеќе од една третина (34,2 отсто) од лицата постари од 18 години со ниско образование биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, додека кај високообразованите овој удел изнесува 10,3 отсто.

Дополнително, повеќе од една петтина, односно 22,1 отсто од луѓето кои живеат во домаќинства со издржувани деца се соочуваат со ризик од сиромаштија, наспроти 19,8 отсто кај домаќинствата без деца.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange