Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка нуди онлајн потрошувачки кредит: Пари на сметка за само 10 минути

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди онлајн потрошувачки кредит, со кој клиентите можат брзо и едноставно да обезбедат финансиски средства без посета на филијала и без сложена документација.

Од банката информираат дека аплицирањето се врши целосно дигитално преку апликацијата S-Banka или преку Net Banking, а процесот е достапен 24 часа на ден, седум дена во неделата. Според информациите, одобрените средства може да бидат префрлени на сметката на клиентот за само десет минути по поднесувањето на апликацијата.

Онлајн потрошувачкиот кредит е наменет за корисници кои сакаат брзо финансирање за различни потреби, од патувања и лични планови до други тековни трошоци, без дополнителни административни процедури.

Од Шпаркасе Банка нагласуваат дека услугата е дизајнирана да овозможи едноставно, брзо и целосно дигитално искуство за клиентите.

Повеќе информации за понудата се достапни на: https://bit.ly/40EM5Ee

Банки

Раководството на Аддико ги продаде акциите преку понудата на Рајфајзен, Прохш ја избра повисоката цена на НЛБ

Објавено

на

Додека пазарот ја очекува официјалната одлука на австриската Комисија за преземања за понудите за Addiko Bank AG, на интернет-страницата на банката се објавени повеќе трансакции на членови на раководството.

Податоците покажуваат дека членовите на Управниот одбор и претседателот на Надзорниот одбор ги продале своите акции преку јавната понуда за преземање на Raiffeisen Bank International, по цена од 26,50 евра за акција.

Исклучок е заменик-претседателот на Надзорниот одбор, Јоханес Прохш, кој на 17 јули ја прифатил понудата на Нова Љубљанска банка од 37 евра за акција.

Рајфајзен претходно соопшти дека неговата доброволна јавна понуда ја прифатиле 55,58 проценти од акционерите, односно сопственици на вкупно 10.720.581 акција. Во оваа бројка се вклучени и 1.878.167 акции во сопственост на ALTA Group, додека дополнително треба да се пресметаат и акциите депонирани од раководните структури на Addiko.

Претседателот на Управниот одбор, Херберт Јуранек, продал 35.406 акции по цена од 26,50 евра, во вкупна вредност од 939.259 евра. Финансискиот директор Едгар Флагл продал 7.793 акции за 206.534,50 евра, додека Тадеј Красовец продал 11.771 акција во вредност од 311.931,50 евра.

Ганеш Кумар Кришнамоорти продал 31.089 акции за 823.858,50 евра, а претседателот на Надзорниот одбор Курт Прибил продал 4.300 акции за 113.950 евра.

Од друга страна, Прохш продал 195.000 акции преку понудата на НЛБ по цена од 37 евра, со што трансакцијата достигнала вкупна вредност од 7,215 милиони евра.

Објавувањето на овие трансакции е дел од законската обврска на Addiko за информирање на пазарот за тргувањето со акции од страна на лица на раководни позиции.

Трансакциите истовремено покажуваат различно позиционирање на клучните луѓе во банката во пресрет на одлуката за понудите за преземање. Поголемиот дел од раководството ја избра понудата на Рајфајзен, додека Прохш се одлучи за повисоката цена понудена од НЛБ.

Извор: Bankar.me

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк им помага на децата полесно да научат како да располагаат со пари

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира „Халки“ детската картичка, наменета за децата кои постепено учат како одговорно да располагаат со парични средства.

Од банката посочуваат дека картичката може да биде практична за летен камп, за првите мали авантури или за деновите што децата ги поминуваат со бабите и дедовците.

Со користењето на детската картичка, најмладите стекнуваат основни навики за управување со пари, додека родителите имаат поголема контрола и сигурност.

„Халки“ е замислена како поддршка за првите чекори на децата кон поголема самостојност и одговорност при користењето парични средства.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со раст на добивката од 7 отсто во првото полугодие од 2026 година

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила нето-добивка од 1.722 милиони денари, што е раст од 7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Добивката пред оданочување достигнала 1.979 милиони денари, односно е зголемена за 7,4 отсто на годишно ниво. Нето-приходите од камати изнесувале 2.451 милион денари и биле повисоки за 1,6 отсто, додека нето-приходите од провизии и надоместоци пораснале за 10 отсто, на 833 милиони денари.

На крајот на јуни, вкупната актива на Банката достигнала 158,6 милијарди денари, што претставува раст од 16,1 отсто во однос на истиот период од 2025 година.

Кредитите кон небанкарскиот сектор изнесувале 108,8 милијарди денари и забележале годишен раст од 20,3 отсто. Кредитирањето на компаниите се зголемило за 22 отсто, додека кредитите кон домаќинствата пораснале за 11,1 отсто. Кај населението, станбените кредити се зголемиле за 13,1 отсто, а потрошувачките за 10,5 отсто.

Истовремено, депозитите на комитенти достигнале 121,3 милијарди денари, со годишен раст од 13,6 отсто, додека капиталот и резервите на Банката изнесувале 21,5 милијарди денари и биле зголемени за 14 отсто.
Во првото полугодие НЛБ Банка продолжила и со инвестициите во дигитализација, воведувајќи нови услуги и производи, меѓу кои пакетот за млади „NLB Next“ и услугата Visa Direct. Банката обезбедила и 30 милиони евра финансирање од Европската банка за обнова и развој за инвестиции во зелената транзиција на корпоративниот сектор.

На крајот од полугодието почнала и исплатата на дивиденда за акционерите во вкупен бруто-износ од 2,2 милијарди денари, односно 2.571 денар по акција.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange