Connect with us
no baners

Останато

Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031: Фокус на стабилни јавни финансии и економски раст

Објавено

на

Собранието денеска ја разгледа Фискалната стратегија за периодот 2027-2031 година, подготвена од Министерство за финансии и усвоена од Владата, со која се предвидува обезбедување одржливи и стабилни јавни финансии, постепена фискална консолидација и поддршка на економскиот раст.

Според документот, во следните пет години фискалната политика ќе биде насочена кон намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската стабилност и реализација на значајни капитални инвестиции, особено во инфраструктурата и енергетиката. Воедно, се најавува и дисциплинирана фискална политика со намалување на несуштинските расходи и поефикасно користење на јавните средства.

Во стратегијата е предвидено постепено намалување на буџетскиот дефицит – од 3,5 проценти од БДП во 2027 година, на 3 проценти, а потоа и на 2,8 проценти во 2029 година, при што од 2028 година дефицитот ќе биде целосно усогласен со европските стандарди за фискална дисциплина.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во обраќањето пред пратениците истакна дека даночната политика ќе се темели на намалување на сивата економија, дигитализација и воспоставување поефикасен даночен систем.

Тој посочи и дека политиката за управување со јавниот долг ќе биде насочена кон обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит и отплата на постојните долгови, без да се загрози економската стабилност на државата.

Во Фискалната стратегија се наведува дека економскиот раст во периодот 2027-2031 година се очекува постепено да се забрза, со просечен раст од околу 4 проценти. Како главни двигатели се посочуваат инвестициите во инфраструктурата и енергетиката, поддршката за домашните компании, реформите во деловното окружување, дигитализацијата, борбата против корупцијата и привлекувањето странски инвестиции.

Клучен инструмент за поттикнување на економскиот раст, според документот, ќе бидат капиталните расходи, насочени кон патна и железничка инфраструктура, енергетски капацитети, водоводни и канализациони системи, како и дигитална и образовна инфраструктура.

Останато

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

Објавено

на

Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна програма и вклучуваше бројни активности насочени кон меѓусебно запознавање и поврзување на тимовите.

Првото место го освои тимот од Грција, второто место им припадна на претставниците од Латвија, додека третото место го освои тимот од Италија.

За прв пат оваа година, во рамки на финалниот настан беше организиран и посебен натпревар за наставниците/професорите – ментори, кои се натпреваруваа истовремено додека траеше финалето на квизот. Особено сме горди што наставничката Билјана Ниновска го освои второто место на овој натпревар, постигнувајќи одличен резултат и потврдувајќи го високото ниво на знаење и посветеност.

Иницијативата, започната од Европската банкарска федерација во 2017 година, има за цел да ги унапреди финансиските знаења кај младите и да придонесе кон создавање финансиски одговорна генерација. Оваа година на натпреварот учествуваа вкупно 30 земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, ќе продолжи активно да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешна и независна иднина на младите луѓе.

ПР објава

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Во тек е исплатата на „МојДДВ“, граѓаните да ги проверат податоците за сметките

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека е во тек исплатата на средствата од „МојДДВ“ за претходниот квартал, а за дел од граѓаните кај кои сè уште нема исплата ќе бидат направени дополнителни проверки и ќе се генерираат нови налози за исплата доколку ги исполнуваат условите.

Од УЈП посочуваат дека најчести причини за неисплатени средства се погрешно внесена трансакциска сметка, несовпаѓање на ЕМБГ со трансакциската сметка, неактивна сметка или неодобрен профил на системот „е-Даночни услуги“.

Институцијата апелира корисниците да ги проверат и коригираат податоците, по што повратот на средствата ќе може да биде исплатен.

Преку системот „МојДДВ“, граѓаните добиваат поврат на дел од платениот данок на додадена вредност за скенирани фискални сметки.

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија потпиша SAFE-договор со Романија: 16,68 милијарди евра за одбрана и стратешка инфраструктура

Објавено

на

Европска комисија ја финализираше постапката за потпишување на договорот за заем во рамки на инструментот SAFE со Романија, со што земјата ќе добие пристап до 16,68 милијарди евра европско финансирање за одбрана и стратешка инфраструктура.

Станува збор за второ најголемо финансирање во рамки на Европската Унија преку SAFE, веднаш по Полска. Средствата се наменети за големи инвестиции во одбраната, безбедноста, транспортната инфраструктура и развојот на европската одбранбена индустрија.

Според планот доставен до Брисел, околу 4,2 милијарди евра ќе бидат насочени кон патна инфраструктура од национално значење, додека остатокот ќе се користи за набавка на воена опрема, одбранбени технологии и инфраструктурни проекти поврзани со безбедноста.

Романскиот министер за финансии Александру Назаре изјави дека SAFE не е само финансиски инструмент, туку инвестиција во безбедноста и отпорноста на државата.

„SAFE значи безбедност за Романија, но и една од најважните развојни можности за регионот Молдавија во последните децении“, изјави Назаре.

Тој посочи дека преку програмата ќе се финансираат и клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои делниците Пашкани–Сучеава–Сирет и Таргу Неамц–Јаш–Унгени, со обезбедено финансирање до 2031 година.

Романија го потпиша договорот на 12 мај 2026 година, по одобрување од романската влада и претседателот на државата. Првото повлекување средства е планирано за октомври 2026 година, а периодот на достапност на заемот трае до крајот на 2030 година.

По стапувањето на договорот во сила, Европска комисија може да ѝ исплати на Романија предфинансирање од 15 проценти од заемот, односно околу 2,5 милијарди евра.

Секоја транша од заемот ќе има рок на отплата од 45 години, со грејс период од 10 години.

Средствата ќе ги управува романското Министерство за финансии, додека спроведувањето на проектите ќе биде координирано од кабинетот на премиерот. Во реализацијата ќе бидат вклучени Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, разузнавачките служби, Министерството за транспорт и други институции.

SAFE е привремен европски инструмент создаден за поддршка на земјите членки на ЕУ во услови на влошена безбедносна состојба во Европа и потреба од итни инвестиции во одбраната и стратешките капацитети.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange