Банки
„Zipp-тември“ во Комерцијална банка: Попусти до 40% за членовите на Zipp Club
Комерцијална банка АД Скопје во септември нуди посебни поволности за членовите на Zipp Club, со попусти до 40 отсто кај избрани партнери.

Во рамки на кампањата „Zipp-тември“, членовите на клубот можат да искористат ексклузивни попусти за различни производи и услуги, со цел да добијат повеќе можности за забава, стил и заштеда во текот на месецот.

Од Комерцијална банка посочуваат дека членството во Zipp Club во септември носи дополнителни поволности и повеќе можности за користење попусти кај партнерите на програмата.

Банката воедно ги повикува и оние кои сè уште не се членови да се приклучат на Zipp Club и да ги искористат придобивките што ги нуди програмата.

Банки
НЛБ Банка Скопје организираше Family Day за вработените и нивните семејства
НЛБ Банка Скопје организираше Family Day, настан посветен на вработените и нивните семејства, со цел да се зајакнат заедништвото, тимскиот дух и корпоративната култура во банката.
Во рамки на настанот, банката ги отвори вратите за семејствата на своите вработени, создавајќи можност за дружење и заеднички моменти надвор од секојдневните работни обврски.
Од НЛБ Банка Скопје истакнуваат дека зад секој вработен стои семејство, лична приказна и поддршка која има значајна улога и во професионалниот живот.
„За нас, грижата за луѓето е многу повеќе од зборови. Таа е дел од културата што ја градиме секој ден, култура во која тимскиот дух, почитта, довербата и грижата едни за други имаат посебно место“, посочуваат од банката.

Со организирањето на Family Day, НЛБ Банка Скопје испраќа порака дека грижата за вработените и нивните семејства е важен дел од вредностите што компанијата ги негува, како и од односот кон пошироката заедница.
Банки
Се менува банкарскиот пазар во Македонија: Шпаркасе ја презема УНИ Банка за 69 милиони евра
Австриската Steiermärkische Sparkasse започна голема банкарска аквизиција во Македонија, со намера да стекне контрола врз УНИ Банка АД Скопје, а потоа да ја спои со постојната Шпаркасе Банка.
Банката од Грац потпишала договор за стекнување најмалку 72,9 отсто од акциите на УНИ Банка. Сепак, планот не е ограничен само на контролниот пакет, бидејќи понудата за преземање треба да ги опфати сите акции, со што австриската група може да стигне и до целосна сопственост на банката.
Понудената цена изнесува 126,38 евра по акција, со што целата УНИ Банка е проценета на околу 69 милиони евра.
Трансакцијата сè уште не е завршена и нејзината реализација зависи од добивањето на потребните одобренија од надлежните регулаторни институции.
Контролниот пакет што Steiermärkische Sparkasse планира да го преземе во моментов е во сопственост на двајцата големи акционери на УНИ Банка, бугарските бизнисмени Цеко Минев и Ивајло Мутафчиев.
Секој од нив поседува по 36,45 отсто од акциите, односно заедно контролираат 72,9 отсто од капиталот на банката. Токму за овој удел е склучен договорот за преземање, по што треба да следува понуда и до останатите акционери.
По завршувањето на аквизицијата е планирано спојување на УНИ Банка со Шпаркасе Банка АД Скопје, преку која австриската групација веќе работи на македонскиот пазар.
Со спојувањето би се создала значително поголема банка со вкупна актива од околу три милијарди евра. Според проценките на австриската групација, новата банка би имала околу 17 отсто од македонскиот банкарски пазар според вкупната актива.
Кај кредитирањето на населението и компаниите, пазарниот удел на споената банка се очекува да достигне околу 18,5 отсто.
УНИ Банка на крајот на 2025 година располагала со вкупна актива од околу 508 милиони евра и имала приближно 370 вработени. Минатата година банката ја завршила со добивка од околу осум милиони евра.
Акциите на УНИ Банка котираат на Македонската берза, која по објавувањето на намерите за преземање ја стави банката на својата Листа за набљудување, со цел да го привлече вниманието на инвеститорите кон ценовно чувствителните информации поврзани со трансакцијата.
Steiermärkische Sparkasse е присутна на македонскиот банкарски пазар од 2008 година. Групацијата претходно ја презеде и Охридска банка, која подоцна беше интегрирана во Шпаркасе Банка.
Новото преземање претставува дополнително окрупнување на банкарскиот сектор во земјава и значително ќе ја зајакне позицијата на Шпаркасе на македонскиот пазар.
За целосно завршување на трансакцијата потребни се повеќе регулаторни согласности. Доколку преземањето и последователното спојување бидат успешно реализирани, австриската групација ќе управува со банка со околу три милијарди евра актива и приближно 17 отсто удел на македонскиот банкарски пазар.
Банки
Ајша Вилијамс назначена за нов менаџер на Светска банка за Србија
Групацијата на Светска банка ја именуваше Ајша Вилијамс за нов менаџер за Србија, на позиција која отсега го обединува раководењето со активностите на институциите на Светска банка во земјата.
Новата функција ги опфаќа активностите на Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), како и институциите насочени кон приватниот сектор – Меѓународната финансиска корпорација (IFC) и Мултилатералната агенција за гарантирање инвестиции (MIGA).
Вилијамс ќе биде одговорна за програмите и активностите на Групацијата на Светска банка во Србија и за соработката со јавниот и приватниот сектор, како и со другите релевантни партнери.
Според Светска банка, една од главните цели ќе биде зајакнување на поддршката за Србија во создавањето квалитетни работни места и во напорите земјата да се приближи кон статус на економија со високи приходи.
Пред новото назначување, Вилијамс извршувала повеќе раководни функции во рамките на Групацијата на Светска банка. Нејзината последна функција била глобален директор за финансирање на инфраструктурата во IBRD, а претходно била директор за комбинирано концесиско финансирање во IFC и менаџер на IFC за Турција.
Таа има магистерска диплома по развојна економија од Универзитетот Оксфорд, МБА од Kellogg School of Management при Northwestern University и диплома од Универзитетот Принстон.
На функцијата доаѓа по Никола Понтара, кој беше назначен за менаџер на Светска банка за Србија во 2021 година. Понтара од 1 јули годинава ја презеде функцијата директор на Светска банка за земјите од Сахел – Буркина Фасо, Мали, Нигер и Чад.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари





